Вон темата, ама и кај нас избор многу пали за се'. Сакаш супа со оцет или лимон? Нема сакаш или не сакаш супа, тој ќе ми каже не. Сакаш сега да спиеш и да ти раскажам приказна или да читаме? Сакаш сега блузата со бетмен или со спајдермен да ја носиш во градинка? За доручек сакаш јуфки или макарони? Сакаш да цедиме сок од портокал или цвекло и јаболко. И се така избор му давам. Ама му давам со мене на кујна е качен, сакал да готви, ножот не е за деца зошто мама се исече (се сецнав еднаш случајно и ме виде) и крв тече. Тој полни машини, става прашок, менуваме постелнина заедно, диплиме заедно, ама мама пегла, зошто после блузата е џиш, му покажувам кои последици ги имаат некои работи, и гледам не да е сведено на минимум, ама е неизбежно. Секако дека побрзо ќе завршам работа сама, ама некако се научив, и се уходавме.
Многу ретко викам НЕ, ама ептен. На почеток ми беше тешко да навикнам и се секнував пред да кажам не, ама сега ми е извежбано и воопшто не ми паѓа тешко. И мм го предупредувам често, зошто заборава, а некогаш кога ќе каже не, а не објасни и мене ми смета, зошто ако слушнам не а не гледам што не смее се иритирам јас, а не пак бебе. Станот е осигуран и може секаде без проблем да движи. Место пр. не оди таму или не прави тоа, јас велам таму ќе паднеш, ќе се удриш, тоа ќе боли - мало е и мора кратко објаснување за да разбере. Кога ќе биде поголемо објаснувањето ќе биде поопширно нормално. Кога јаде знае доста да фрла храна. Или не реагирам или велам, храната останува на масата или оди во устата. Многу дозволувам и покажувам, раскажувам, давам да расфрла комплетно сé, да допира, да проба ако сака итн. Дали поради тоа или поради карактер или комбинација од двете, бебе е доста претпазливо. За некои работи што ми се испуштило да кажам не, и после многу време ги прави. Не реагирам, па се откажува, ама тоа трае. Така да НЕ фукционира супер, ако детето треба да прави нешто, а не обратно. Граници мора секако да се поставуваат, и тоа е здраво за развојот на детето зошто тоа учи да се развива во рамките на тие граници т.е. они му даваат правец кон што да се стреми.
Ау кај нас само не се вика Со баба и се чуваат, буквално пред мене кога ја слушам на секои 2 минути НЕ НЕ можам да замислам сама кога е што се случува. Чак и бидејќи јас не се дерам со НЕ туку дејствувам ако може да се повреди го земам , ако може да падне ја тргам од таму секако и со објаснување, ми се збори дека се и дозволувам... А кога ќе почне да вришти па не требало така само да сум викнела не требало...