Ми се случува кога разговарам со некои луѓе околу некоја добро позната работа, да ми се прават `наудрени`, `мутави`, на `три ипол` околу самата `работа` за која разговараме... Не можам да разберам, тоа е нивна политика за да се избават од нешто, т.е. со сила се прават мутави, или навистина се мутави????????? Спојлер Не знам дали темава одговара за овде, и дали насловов е соодветно напишан, слободно извршите промени по потреба.
Уф, не поднесувам кога некој се прави мутав. Да, насловот потполно одговара. На работа често има колеги кои се прават мутави. Најкултуртно и фино ги замолиш за некоја услуга, или пак воопшти нешто што е од неговата област на работење, и он си свирка....јас не знам, само ќе рече. Мене не ме плаќаат и за твојте обврски По природа сум многу избувлива личност, ама среќа бргу ми поминува. Се нервирам и кога дома некој остави некоја работа како што не треба и притоа си се прави мутав, како се да е океј. како бе???
Така им одговара на таквите и тие секогаш подобро си поминуваат. Едноставно ги игнорирам и чекам да дојде моментот кога нив ќе ги пецне совеста, разумот па тогаш јас се правам ,,мутава,, зашто тогаш мене ми така одговара. Понекогаш е и добро да во одредена ситуација се правиш мутав под контрола т. е народски кажано ,,да си го извлечеш газот,, А во денешно време ги имааа и имааа и тоа многу
Прво, ако е некој непознат треба да се детектира дали се прави или навистина си е таков човекот . Кај оние што се знае дека го користат ова за избегнување одредени обврски или одговорности јас не му ја мислам многу да му го сервирам моментот на вистината пр. ако треба да оди некаде и бара бледи изговори - зошто едноставно не признаеш дека не ти се оди?! Не сакам играње на карта мутавост и барање мутави ,,кисело е грозјето,, изговори бидејќи таквиот човек мисли дека те поставил во положба на помутав од себе и му веруваш. Повеќето луѓе избегнувајќи конфликт попуштаат и ја играат играта која им е наметната, прашањето не е што да правиш со овие луѓе туку колку си спремен да ги браниш своите права?
Ако е за некоја работа која многу многу и не ме засега тогаш ок, оставам да се прави мутав...ако тој сам не може или не сака да се соочи или да признае нешто тогаш баталувам... Но ако се работи за нешто во што сум и јас инволвирана и на некој начин би била оштетена со тоа нивно глумење мутавост-ова обично на работно место најмногу се случува, тогаш богами реагирам, притискам, наоѓам начини, ако треба и сведоци ама глумење лудило на моја штета-не признавам...
Со мутавите е најдобро и ти да се правиш мутав, да види како е јас така правам, се правам и јас мутава, сфатив дека тоа е единственото чаре. Бараш помош, услуга, се обраќаш за совет, а добиваш кренати раменици....е па кога ќе се обратат истите тие, наводно мутави кај мене, и јас сум мутава, не се замарам и ги игнорирам. Порано се вадев од такт, чурев и чурев , сега враќам мило за драго или едноставно знам дека се "мутави" и за мене не постојат, не ги гледам. Може мутавите не ме нервираат толку колку што ме вадат од такт сезнајковците и оние кои те прават будала со сила Спојлер те е*ат во здрав памет (се извинувам за вулгарноста, ама најсоодветен термин ми е да се изразам) ....е од овие кожа ми се ежи. Првите- никој за ништо не ги прашал ќе дојдат и ќе ти солат памет , се` знаат и се стручни во сите области а имаат 0 искуство, само теорија прочитана некаде, пракса никаква, а ти држи предавање 20 мин. пр. како се менува пелена, а има видено како менуваат на комшиски деца или евентуално на Дискавери .....ало, полека, те праша некој дали ме интересира што имаш да ми кажеш Вторите-знаеш дека ќе те зезне во последен момент и сигурен си 100% дека е идиот/ка, ама се надеваш и му даваш шанса и пак ти излегуваш зае*ан и си ја лупаш главата....си викаш знам каков/ва е, и пак и пак искачаш будала зошто си добар и викаш -ај може нема така да направи, а знаеш, просто знаеш дека пак ќе излезеш будала. Е со овие најтешко се справувам, од главата моја си патам поради овие.
Само што ја прочитав темава одма пред очи ми излезе една личност што вечито е мутава и на три ипол Значи не само што ме неривараат вакви луѓе,туку ми иде да им удрам една заушка еј ало освести се!Некогаш си викам абе оваа/овој мутав е или мене ме прави будала?Едно ќе да е. Најлесен начин за справување со вакви створења,ист третман.Ти така епа и јас така,ти кревај раменици и јас ќе кревам раменици и готово. Порано многу повеќе се нервирав,глупава.А,сега исто бре,ти така и јас така ајт со здравје,што сака нека мисли.
се убаво, мутавост со мутавост се избива , тоа така некако би му дошло,но што кога тој ,,мутавиот,, ти е многу близок и со него го споделуваш животот?кога често знае да глуми лудило и да те гледа во очи и крева раменици????како во таква ситуација? не ми е пријател да го откачам, не ми е колега да го избегнувам , не ми е шеф да го трпам ,а ми е животен сопатник....
Зависи кога како, ако не ме засега многу се правам и јас мутава (како Лолита ). Ако станува збор за нешто сериозно терам све у пи*ку матер и веќе таа особа е завршена со таа работа. Ни ама.. амаа.. ни ништо друго не ги спасува. Ако знам дека некој е/се прави мутав воопшто не барам ниту очекувам ништо од таа личност. Дури и да дадам шанса знам дека нема да биде завршено па секогаш имам бек ап плен.
Не се прават тие мутави. Тие се мутави. Навистина треба да си мутав и п**ка за да се правиш наивна фаца пред некого што упорно те прашува или ти кажува дека самиот видел нешто. Ако малку си човек или одговори или имај муда да признаеш или одбиеш. Што и да е, само не ме дупи при здрав мозок. Посебно ми идат на живци пак оние што се прават јаки, интелектуалци, на високо ниво и наоколу „пукаат“ од љубезност, кога ке те гледаат ко теле што прв пат видело зелена трева. Мене и не ми е проблем да им кажам да не ми изиграваат мутави. Е тогаш моментално им се вклучуваат сите сетила и веднаш не се мутави, туку одма се освестуваат и реагираат, па дури и се навредуваат господата. Туф туф. Ма што ми е гајле, демек ако останеме „во пријателски“ односи со таквите, утре ке имаме взаемна поддршка, работа или што и да е...
Мене ме нервираат таквите луѓе на почетокот а после смешни ми стануваат и не им замерувам. Ама во секој случај морам да спомнам за џенцките кои се прават тоолку наивни како да машко не погледнале а се пукаат кај најдат. Е тоа ме вади од такт. Ја знам многу убаво, има една таква многу убаво знам што правела и што прави, имала долга врска што нормално значи дека имала и секс со дечкото , сигурно не оделе 2 години заради лепе очи моје. И тхе бест тхинг ис.. почнеш некој муабет за секс во женско друштво а таа како од пушка , ма каков секс што ви е тоа е опасно. Јас уште не сум имала и не планирам да имам во скоро време. :geek: Или спомне нешто во стилот , па како можете да имате one night stand ?? и ваква во тоа суратот Ма оди треби боранија гуско една
Мене ме нервира кога некој близок ќе те зае*е/искористи за нешто, а потоа си се прави мутав, фин со тебе, како ништо да не било. А, јас добричка, си молчам, па испаѓам помутава и проста.
На полето нервоза едино најблиска особа може да ме дирне. Од вкупно две такви особи (за сега татко ми и Уна) едната ме излудува кога не ги завршува некои обврски за кои претходно сме збореле милион пати. Слаба сум на нив. Све друго од групата на оние што се прават "мутави" е шала за мене. Не ме тангираат. Смешни се и ги решавам по брза постапка.
Bas taka i jas edna bliska licnost nekolku pati dosega ja imam fateno kako me laze deka neznae nesto a znae i mnogu poveke , pa koga zboruvame mi ja otvara temata i glumi LUDILO kao prv pat slusa pa ceka jas da i objasnuvam nekoi situacii demek taa neznae -MUTAVA!!!!!!!!!!Uf na vrvot od jazikot sekoj pat mi e da i recam HELLO pa neli doticnata ti kaza pred mene, znam deka znaes sto mi glumis ludilo? Ama i jas ko tebe nikogas i nemam dosega receno samo sto vrijam i sledniot pat mislam da i slaknam v lice pred site pa da vidam so faca ke napravi?
Е и мене ме нервираат, ама имам во близина една таква личност и никако да го решам проблемот. Ти велиш не ме лажи немаш корист ни ако ме излажиш ни ќе почнам да мавам ако ја кажиш вистината, ама ете упорно ми вели надвор сонце има, а јас гледам магла