Здраво дечки во врска сум година дена. Последните неколку месеци немам внатрешен мир и постојано имам терет. Разговарав со партнерот, со родителите, пријателите, ангажирав психолог - психотерапевт, меѓутоа решение немам на повидок. Имено партнерот сака да ме запроси, а јас не сакам бидејќи поминувам терет од неговите родители кои применуваат провокации и пасивна агресија кон мене. Неговата мајка е лута и не може да се помири со фактот дека престојната снаа е образована и поуспешна од нејзината ќерка, која се омажила во средно бидејќи забременила несакајќи. Имено ќерка и не го продолжила образованието, сеуште не работи и живее на раб на егзистенција. Разбирам дека и е криво многу, бидејќи и е дете, меѓутоа што сум виновна јас тука. Што можам да направам. Не сака ниту да разговара со мене. Цел ден седи пред календар, со телефонот во рака и со вклучен телевизор, брои колку дена и години поминале откако и е мажена ќерката. Имено ќерка и е секој ден со децата на гости, бидејќи е мажена во комшии, а не преку граница, во некоја прекуокеански земја, па се чудам какво е ова до толку жалење. Наводно тие многу работат, додека фамилијата каде што е ќерка и мажена се неработни и мрзливи луѓе Кога отидов првиот пат на запознавање иако беше известена дека ќе дојдам, госпоѓата немаше кафе дома, па реши кафе да ми направи од тоа што го однесов како поклон. За ручек кажа дека не зготвила и дека има да ми даде грав од пред три дена. . Една година подоцна сеуште ништо не е сменето. Ме понижуваат и деградираат на подмолен начин. На пример скоро бев прогласена за најдобра на работа, добив плакета, добив ваучер за патување. И кога со партнерот ги известивме, не ми упатија ниту честитки. Запишав мастер годинава на студиска програма која е доста барана и дефицитарна, при што иако бев пресреќна, тие на тоа само молчат и не сакаат ниту едно ајде нека ти е со среќа да ми кажат, не од што мора да ми честитаат, туку онака чисто од куртоазија. Секој пат кога ќе отидам кај нив на гости, барем еднаш месечно, обавезно земам поклон пример кафе, нешто благо или сокче. Од тоа ќе ме послужат, друго ништо од нив не заслужувам . Кога ќе се вратам дома, ќе ме прашат моиве дали сме ручале, дали направила ручек, јас можам да кажам за жал не ме услужија ниту со едно добар ден . Ме обвинуваат дека силно ги трескам вратите од кола и низ дома, што не е точно. И исто така многу важно наутро кога спиеме заедно ќе зазвонат на партнерот на телефон уште во 6 часот наутро да иде долу и да пие кафе со нив , ами јас сум дојдена со партнерот ова утро да го поминам и да се напијам кафе, зошто толку сте без осет, море луѓе. Разговарав со партнерот, ми напомена дека вака правела мајка му особено и со претходните девојки, проблемот не се реши, само ми ветува дека сето ова ќе биде минато еден ден. Ништо не се промени досега. Во меѓувреме веќе имам апатија, ќе повратам секој пат кога треба да отидам кај него. Веќе немам желба ниту да го гушнам, ниту пак интимна да сум. Страста потполно се гаси. Последниве искри на повидок се и тие да се изгасат. Help me, не знам дали сеуште да ги толерирам или стварно да ставам крај на проказната
Да ставиш крај на приказната... Ако дечкото не успеал до сега да стави граница меѓу мама и тебе, не ти треба таков.. И претходните девојки гледал дека поминувале низ истото и не му било гајле, што мислиш дека допрва ќе се промени?! Кога некој човек ти стане гаден и одбивен, нема што друго да правиш освен да не си ја мачиш душичката... Ова последново од искуство ти кажувам...
Поддржувам ,со тек на времето ќе биде полошо ,мајка му којзнае што ќе ти прави.Имав искуство со лудачка од бившиот мајка му и знам како сето тоа изгледа.Ќе најдеш друг,а него остави го ,едно е да немаш услови абе ајде сум била кај луѓе со помалку буџет и ме удостоиле да не се срамат ,а не грав од три дена и кафе да немаат боже сачувај.Не е само за пиење кафе со мајка му,полошо ќе е во иднина верувај ќе ти се одмили и сопругот,ќе се мачиш.Јас да го имав тој памет што ми е сега, не би трпела толку припрости луѓе во животот,значи треба да се стави граница на толеранција.Заслужуваш подобро од тоа,не се мачи .,слично и кај мене ,ќерката ја ставаа над синот и јас страдав многу.
Само не ми кажувај дека планирате во иста куќа да живеете кога ќе се земете. Оти ако тоа му е план на дечко ти, да го остајш одма. Или дечко ти да се оттргне потполно од неговите со минимум контакт (да сурово ама ако твој родител не прифаќа твој партнер од инат, нема што да го есапиш), или остави го.
Душооо, како што кажа образована, паметна, успешна женаа!! Немој да дозволиш никој во животот да те гази, да те деградира и да ти ја намали вредноста само затоа што си поуспешна од нив. Со такви луѓе никогаш работите нема да се сменат. Пошто ти кажал и со неговите претходни било такааа, ако се сакаш и почитуваш себеси бегај што поскороооо и од маминиот син и од таа куќаа!!!
Проблемот не е што неговите не те сакаат ниту тебе нити неговите бивши, проблемот е тоа што тој не им се спротивставил на нивното однесување. Спаси се додека е време, година дена не им се спротивставил нема никогаш.
Тоа е навреда за неа,да не ја викнат на кафе .И уште тој оди кај мамичка . Стварно незнам со кој памет би го земала таков,паметна , млада,убава .Спаси се додека е време и не си заглавена со деца.
Го делам мислењето. Ако он не ставил граница со мајка му. Џабе е. А ти биди среќна што уште сега можеш овие работи да ги увидеш, затоа што во повеќето бракови ова се е задскриено. Најди си некој што ќе те цени. Не бирај свекрва, бирај МАЖ.
Проблемот не е тоа што неговите не те сакаат и почитуваат туку проблемот лежи во твојот партнер што го гледа тоа и ништо не превзема , тоа значи дека он се согласува со нивното однесување. Искрено јас да сум на твое место не би останала ни минута повеќе со таков партнер,или доколку моите родители би де однесувале такс со партнерот веднаш би ги конфротирала. Очигледно твојот партнер е океј со тоа да добиваш таков третман од неговите, размисли си убаво дали сакаш таква личност покрај себе.
На времето имав еден бивши кому мама и дада обавезно му ѕвонеа кога ќе беше со мене. Колку пати заспан ќе го разбудат - и оправдувањето беше такви си се тие. На пример сме се договориле да излеземе негде, сестра му одлучила порано да си оди дома и ќе почнат со досаѓање да ја носи баш он до дома, и сестра му и мајка му ќе ѕвонат наизменично. И овој одеше и се враќаше пак. Неколку пати и оставаше пари за такси на сестра му, ама пак продолжуваше сагата оти како така да не ја украде некој со такси. Среќа, не требаше ова многу да го толерирам, оти една вечер дојде да ми раскине оти неговите се лутеле што не поминувал време со нив, му велеле дека и другарите ќе го избегнуваат ако продолжи така, после работа ручал со мене, место дома да оди на ручек, абе триста глупости. Кога се случуваше ова искрено имав розевкасти очила и иако гледав и бев свесна за реалноста, избирав да си ги стаам очилава и да романтизирам. Од денешен аспект сум многу благодарна што дечкото ми ги скрати маките, иако тогаш бев разочарана извесен период, нејсе имав 21 година Сигурна сум дека ако по некоја случајност продолжевме тие жени ќе си беа такви, а овој ќе си останеше глуп. Не се мењаваат така лесно. Односно ти неможеш никого да смениш ако тој сам не сака. Тие муабети нема да е така ко ќе се земеме - мало сутра. Е сега, фамилијата од сопругот не ме прифати исто, јас и сопругот многу отскокнуваме во образовно и културно ниво од нив, но разликата овде е што јас не требаше да убедувам и менувам никого. Сопругот ниту веќаваше нешто пред мене, ниту тамо исправаше криви дрини, од почетокот ја увидовме ситуацијата, не ни помисливме да живееме тамо. Си се тргнавме настрана, 10+ години заедно а јас со неговите се гледам службено, на свадба или така нешто фамилијарна средба. Здраво, обраќање по име и пријатно. На телефон не се слушам. Ова што го кажуваш е сериозен проблем, ми се чини многу посериозен од ова јас што го наведувам, но сакам да послужи како пример дека ако идниот сопруг сега не покаже на дело некои промени, во контекст на тоа да те заштити, во брак - не знам. Не би се потпрела на празни ветувања. Размисли два пати. Никој не заслужува да влезе во брак со згасната искра.
Оди си, нема ништо да се смене за жал. Може и полошо да биде. Дури и да не живеете таму таа ќе доаѓа кај вас секој ден во 6. Тој штом и со поранешните девојки раскинал, верувај се спасиле сите. Никој не сака манијак и демнач во куќата, во овој случај мајка му. И според јадењето и пиењето се гледа дека не те посакуваат таму. Да беше од оние европски држави каде за ручек јадат леб и две маслинки океј, ама барем македонците знаеме дека за гости на маса се става сѐ.
И тоа е важно како он ќе се постави ,но верувајте таков човек не можеш да смениш.Имам мајка која си тера по свое,на неа како и одговара и ме има брукано .Старомоден човек не можеш да го вклопиш во денешно време.
Нема потреба да се стресираш толку, ако само тоа те мачи. Седнете си со дечко ти, направете си убав муабет за се што тебе и него ве мачи, како партнерот да те подржи и помогне, јасни планови за живот во брачна заедница и дали можете а се согласите за се. Секако збориме за живот одвоен од нив, ако некоја налудничава идеја имате дека дека ќе се преселиш кај нив и ќе биде друго, џабе збориме. Инаку во твој дом, какви сакаат они нека бидат, ти ги поставуваш правилата и до кај можат да одат, дали ќе им нудиш грав од пред 2-3 дена како да се кучиња скитници или ќе им подготвиш богата гозба од што од завист ќе им ископа желудник, се веќе финеси за кој ти ќе си ги одлучиш. Има секакви луѓе, со различни сфаќања, образование итн, и дека со сите ќе се согласуваш и ќе бидеш прифатена, знаеш и сама дека нема. Со неговите можеби нема да имаш преблиски односи понатака, ама јасно ќе знаат дека не може така да се однесуваат со тебе и ако сакаат да имаат поблиски односи со вас ќе мора да си го променат однесувањето.
Крај на приказната. Завидливи луѓе не ги бива ни за комшии не па за свесно избрани роднини. Па и ако треба да живеете заедно уште одма да прекинеш. Таа нема да се смени никогаш шо и да направите и ова навистина од искуство ти го кажувам И друго ова за сите важи штом партнерот брза за запросување има нешто што го кријат па додека се розевите наочари сеуште на нас гледаат дане ,,врзат". Ти имаш на некој начин среќа што твојава не се крие. Прочитај во снааи и свекрви колку се правеле лизни мазни додека да не се породи снашка после се нешто не чини.
Премногу проблеми, искрено. Прво да почнеме, шо не те сака без причина...и при тоа не се менува. Второ, она го замара син и, уште во 6 сабајле, а знае дека е со тебе... Трето, неодговорна во случајот со кафето, ретко кој нема по дома...кафе, или намерно го направила тоа. Можеби, во 3тово и се крие одговорот на веројатно крајот.
Многу мразам кога жена/девојка секогаш е во позиција да трпи, да толерира нешто или некој, да е деградирана во ваква ситуација. Сум била во слична ситуација, каде што слушав секакви коментари па и на маса дека идната снаа (во тој случај јас) не можела да се помири да живее во село (кое е 2 мин од град) и да работи во фабрика како и сите други жени и после да чува деца и да ќути дома туку бркала кариера и била самостална и сл. За разлика од “производот” на “свекрвата” кој што спиеше до 3 попладне и само знаеше “Мама шо има за јадење” и навечер да лута по кафичи и кафани. Отварајте очи додека е време и бегајте од такви “мажи”. Попрво би била сама отколку безгласна буква и непочитувана и од негова страна и од нивна. Да можеби некогаш ќе живеете сами и нема да мораш да имаш секојдневно контакт со нив, но тоа непочитување од негова страна постои и сега а ќе постои секогаш, а они преку него ќе те јадат. Бидејќи во принцип мажите се водат на тоа, еве сеа штом трпи кога сме во врска ќе трпи и бетер после нема гајле.