Pred 2, 3 dena posetiv rodnini (baba i dedo) kaj koi ocigledna bese mojata nepozelnost vo nivniot dom. Koga izlegov v grad shto se ne cuv za mene (navredi, nevistini, shto sum baral) i sl.Dali vo vakov slucaj ne bi ni pomislile povtorno da odite kaj niv?
Не и секоја разумен човек не би отишол. Не знам која е потреата за отварање на темава. Остави ги стари се нека си дрндаат, демек народеот не ги знае, па ке му ја думкаш на некој рекла-казала муабет.
Немав можност на кирилица да пишам вчера Тие се луѓе кои 28 години живеат сами и вчера за на факултет бев некои обврски да завршам и кога отидов в град (значи, кога беа насамо) го оставив телефонот на диктафон и слушам: сега овде убаво му дојде, само ќе јади, ќе лежи и ќе шета овие дена, не можи човек на раат да е од него, поубаво ич да не дојдеше... И одлучив веќе нога моја да не стапне таму. Дури, се чудам како за внук такви зборови да се кажувале... ми се гади од нив
Имам познаници што се навикнати да живеат сами и тоа е сосема во ред, но никој не прави толкава галама или проблем ако им дојдат гости на еден ден. Нема да биде крајот на светот Сум имала и баба и дедо што 20 години сами живееле, па најубав момент им било кога сите внуци ќе сме дошле, да се собереме и на ручек и на викенд. Едноставно, тоа е нешто природно, што знам, барем за мене Жал ми е што имаш вакви баба и дедо, но од друга страна, што те натерало да ги снимиш? Што ти текнало на тоа? И притоа, колку е семејството близок со истите? Си одел претходно да ги видиш или само во вакви случаеви, кога си имал потреба каде да преспиеш?
@Sweet Justice, си помислил ли дека проблемот можеби не е во тоа што тие „се навикнати да живеат сами“, него конкретно твоето присуство таму било непожелно? Можеби со другите гости се срциња - I'm just sayin'. Второ, од твоето прво мислење изгледа дека си отишол на неколку саати и дека дури ни толку не успеале да те истрпат и да се воздржат, ама од ова: испаѓа дека ти си отишол таму на неколку денови. Е сеа, неколку саати и неколку дена не е исто. Кога се иде на гости - особено на повеќе денови - треба тој кај кој идеш на гости да те покани, макар и да сте најблиски роднини. Или барем да се најавиш и да ги прашаш. А уште ако и си им се тупнал ненајавен, мх, мх, мх. И патем, гледам дека сакаш да ги претставиш баба ти и дедо ти као нешто да не е у ред со нив, ама дај, жити мене, објасни зашто ти си го правел ова: зашто да ги снимаш баба и дедо на диктафон, не, не е нормално.
Каква батерија и меморија има тој телефон што го оставаш со саати да снима и успева во тоа без да се изгаси или да се потроши меморијата?
Да, постариот тел. го оставив дома, а дојден бев на само 3,4 дена. А, претходно имам седено кај нив и истово се случуваше само не со толкава жестокост. Гадни зборови слушнав верувајте. И да, повеќе моја нога таму не стапнува. Инаку, има такви апликации, може да се снима со затемнет екран (а, по очигледната недобредојденост го направив тоа).
Треба да се запрашаш што било тоа што предизвикало таков револт кај нив?! Убаво си пишал - ќе спие, јаде и шета. Си размислил ли како тие баба и дедо успеваат да ги завршат секојдневните обврски општо?! Физичката способност во староста е значително намалена и веројатно боледуваат и од некои старечки болести што дополнително им го отежнува животот. Тебе веројатно те гледале како непотребен товар и затоа реагирале така. Да си раскревал после јадење, да си измил некои садови, да си се понудил нешто да им донесеш од пазар и да им помогнеш било што по дома веројатно со други очи би те гледале и би бил пожелен гостин. Сега веќе знаеш што мислат за тебе , така да знаеш што треба/не треба да правиш. Мене гостин да ми дојде да се дрзне да ми снима разговори трајна забрана би добил за посета.
Снимено беше само 25 мин. од кога излегов. А, уште еднаш веќе моја нога таму не стапнува. А, како би го коментирале тоа кога најавив дека утре сабајле си одам "што ти текна да си одиш?", "што си нерасположен, дали се јави дома и сл", "Нели ќе останеше за со другарите да се видиш"??? Aјде ве молам и ова некој да го искоментира?
Се вика правење лице или јас што си го викам удирање четки и фарби Ти речи им дека не сакаш да си им на товар, дека не сакаш трошок да им правош и да им го реметиш мирот.
А извини тие ти се правилни баба и дедо? На некој од твоите родители мајка и татко? Ако се правилни срамота за нив. А ти не требало да ги снимаш. Разговарај со нив зближи се. А ако се на твојте родители стрини тетки па што си барал да одиш тие си имаат свои внуци
Какви обврски може да имаат пензионери покрај пазарување, правење ручек, и гледање турски серии? Со ова не пробувам да ја омаловажам вредноста на нивниот живот, но кога си стар, горе - долу сакал или не, тоа е реалноста. Приморан си да се приспособиш на основните егзистенцијални потреби. Она што во најдобар случај можеле да го направат е индиректно да му кажат дека не се гостопримливи по природа, или да го излажале дека не се во можност да го примат во моментот, што е многу понормална реакција за разлика од озборување зад грб и по комшии. Но, како и да е, ако јас се прашувам, исто така мислам дека снимање со мобилен е creepy ствар, бидејќи им ја нарушил интимата и приватноста, ама ете го копкало зошто предосетил дека баба и дедо се апатични лицемерковци.
Тоа од љубезност ништо друго. Веројатно се што прават е заради добрите односи кои некогаш ги имале со твоите блиски и почит спрема нив. Според коментарите не верувам дека му се прави баба и дедо (родители на негов родител) туку некои роднини баба и дедо. Имаа моите еден таков роднина кој секогаш доаѓаше ненајавен и тоа години наназад. Обврска им беше дома да седат заради него, иако можеби имале во план нешто. Мајка ми се жалеше дека лошо мирисал, па му давале долна облека и чорапи да се промени. Ништо не носел со себе од облека. Никогаш следниот пат кога доаѓал едно кафе не донел ниту пак тоа што го добил не го вратил, не они оти се до толку, ама веројатно им пречи.
Од мала ме имаат научено дека кога сум на гости барем садовите да ги измијам ако ништо друго, за да не се осеќам бескорисно... Мислам дека и претходно си бил таму, но си бил помал, па ајде ти опростиле. Самото тоа што се баба и дедо, значи дека се во поодминати години. Баба ти готви за дедо ти, дедо ти купува за баба ти и така до недоглед. Тоа е затоа што тие меѓусебно си помагаат еден на друг. И ОП доаѓаш ти, уместо да станеш да отидеш у продавница и да испазариш. Љубезноста треба да е обострана. Си ги снимал? Мене ни на крај памет не ми падналоо да го направам тоа, а камоли да го сторам. Ако си знаел веќе какви се, зошто си отишол?!
Обично баби и дедовци се радуваат кога ќе им дојдат внуци, пошто едноставно им се ВНУЦИ. Плус им е досадно сами по цел ден па сакаат да разбијат монотонија, ама ете овие се чудни луѓе. Зар мора пред сопствените баба и дедо треба да се докажуваш дека си вреден, за да те сакаат? Па внук им е или што? Ај да е некој комшија или друго детиште пак и пак, ама ова асли внук Абе свашта...