Штом не си добредојден, зошто одиш кај тие луѓе? Значи ти веројатно и претходно си одел штом си се почувствувал така и си решил да ги снимаш. Едноставно е - не оди на ручек или на преспивање кај нив веќе. Штом си студент, на факултет работа можеш да завршиш за еден ден, па нема потреба ни да преспиеш. Ама мене ми е чудно што ти немаш сместување во градот во кој студираш, оти не е ова август, па преку лето да си откажал смештај или студентски. Велиш роднини, претпоставувам дека бабата или дедото се брат/сестра на твоите баба и дедо и сосема ми е разбирливо што не сакаат да те угостуваат. Им реметиш ред и навики кои си ги имаат. За јадење ако ти мислат, појадок, ручек, вечер - ша ни јас не би сакала таков гостин. Ем трошок плус, ем треба некој да го спреми јадењето. После тебе ке треба да чистат, уште една обврска плус. Има луѓе кои не сакаат да си го реметат лезетот и јас сосема го разбирам тоа.
Се ова е во ред и убаво кажано.Точно, кога доаѓаат гости со спиење се ремети редот, па стари луѓе уште повеќе се напрегаат. Ама озборувањата зад грб и навредите по луѓе не се во ред, треба да се рши проблемот меѓу нив на цивилизиран начин.
Сакаш да кажеш дека ти никогаш не си озборувал некого? Никогаш не ти дошло да ролаш со очите ради нечие однесување? Од кај да знаеме ние колку често тој оди на поседок кај луѓето? Мене искрено ми се има случено да оговарам и гостинка, која дошла на кафе, па заседнала 2 - 3 саати а јас во план сум имала нешто сосема друго. Не дека јас имам нешто против гости генерално, ама ете се погодил моментот кога мене не ми е ич дојдено до гости. Ова оговарање зад грб е очекувано. Луѓето да направат услуга и да примат некого на јадење, пиење и спиење, демек културно велат "дојди ни пак" ама уствари си мислат "па и не мора". Чудо големо ако оговарале и кажале "овој сега пак ќе се шета, јаде и пие".
Се потсетив на една случка која ми ја раскажа тетка ми (прва братучетка на татко ми). Отишла баба ми (мајка на татко ми) кај сестра и на гости у Београда града. И после дена ја стекнала баба ми како јариба кујна ми, а баба ми више пензионерка. Ја прашала: Па, што правиш? Иди одмори се, па ти се на гости.. На тоа баба ми се насмеала и рекла: Ако сум на гости, не сум во хотел. Вашето примање треба со нешто треба и даа го заслужам. Не ваља јас да уживам, а вие да конобарите околу мене.. п.с. Не за џабе, рекле: Сваког госта, три дана су доста..
Ми дошло, секако жив човек сум, ама со текот на времето, кога ми е тешко се ,, олеснувам,, кај блиски, а не низ пошироката средина. Јас пак во старт не би примила гостин на спиење, ако не ми е по воља, а искрено одамна не сум имала такво нешто. Не сум нешто посебно љубител на гости за подолг престој, ете заради таа приватност, навики и сето тоа е разбириливо. Еве колку пати ме изиритрале колеги и тоа многу, ама не одам по канцеларии да озборувам, зошто само проблемот ќе се продлабочи, а сеирџиите ќе чешаат јазик. Кај некој близок ќе си ја кажам маката, па и нема да биде озборување, само олеснување. На крајот нема зошто да глумат куртоазија и да му влеат,, повели и друг пат,, а да не го мислат тоа. Инаку не оправдувам одење на поседок туку така без покана, ниту во друг град, ниту во друга земја, особено кога е во форма на натрапување, а знам дека има такви кои радо се шлепаат кај роднини и пријатели растурени по светот, со месеци и години.
Доколку им се најавил претходно дека ќе дојде, тогаш нивното однесување не е во ред, можеле едноставно да му кажат дека нема да бидат таму, дека имаат некои обврски и не можат да го примат. А не да му викаат ако сине, слободно ти дојди, и после види го овој невоспитан, ваков таков. Можеби дечкото нема друго место каде да преноќи, па малку и чудно ми е при баба и дедо во тој град он да спие во хотел/мотел и да дава пари за џабе. Е сега, ако он туку така им дошол и им рекол јас кај вас ќе останам три дена, нормално дека луѓево им дошло малку непријатно изненадување, зошто претпоставувам си имале свои планови, навики и наеднаш им доаѓа некој и им ги пореметува. Плус делот со снимањето ми е малку психопатски. Ама како и да е, приказнава има две страни. Дечкото не е во право зошто најверојатно не се најавил кај подалечни роднини (не кај негови баба и дедо) плус сигурно веќе знаел дека не е баш добредојден таму, а и ова со снимањето. А од друга страна, ни бабата ни дедото не се во право зошто ова е израз на лицемерие, пред него зошто ќе си одиш, а зад него што бара овој тука. А и роднина им е на крај краева, не е некој собран од улица, сигурно и он не отишол кај роднини од петто колено.
Има пензионери кои подработуваат хонорарно. Има и такви кои шетаат по театри, претстави, концерти, опери и се добростоечки, и такви кои си патуваат квалитетно посбетот (си имаат пари и си можат). На крајот и да е само тоа што го наброја, нивен живот и нивни навики, нивно право да си го практикуваат тоа. Во никој слушај не требало да глумат,, загриженост,, што си оди и да го канат пак или воопшто. Или се лицемерни или се од оние старци кои нит се тераат, нит се водат.
Чекај малку, ти ги измеша работите. Прво, мисле вна тоа дека бабата и дедото оговарале меѓу себе, ама ајде нека биде по твое - олеснување. Кој воопшто спомна оговарање по канцеларии? Јас можам да разберам одење на ноќ-две, ама кај блиски роднини, баба и дедо, тетка. Секако, доколку имаат место, оти не можеш да се тупнеш некому во полна куќа со луѓе. Иако мене во конкретниов случај ми е чудно што типот нема стан во сред зима. Пиша за проблемот и го снема. И да, ептен е психопатски да снимаш некого. Ако мислиш дека не си добредојден, преспиј една ноќ од што мораш и ајт преку врата. Кој уствари носи два телефони со себе кога оди на гости? Еден стар и еден нов?
Па, самиот спомена дека кога заминал од кај нив низ град се изначул се и се што за себе, па заклушив дека муабетов не се одвивал само меѓу нив. Ама ете, нека појасни, сепак. Нормално, ако е на студии, мора да си обезбеди престој за себе соодветен на неговите потреби, без да нарушува нечија приватност.
Сакав да го почнам постов со зборовите- како прво: ..но јас навистина не знам што да ставам како прво. Фрапирана сум од ситуацијава, доколку станува збор за дедо и баба(по мајка или татко) ..Но велам НО.. ако станува збор за подалечни роднини, т.е баба дедо, по тетки, стрини, братучеди... втор трет ред, тогаш ми е кристално јасно за што станува збор, па луѓето се такви, ако не си нивниот прав внук, мислам хелоу, чекај малку нивните внуци се најдобри, највредни, и само за нив имаат и време и простор и гостопримливост. А за тебе, од сестра си дете, со кого нивното мило внуче цело време се натпреварува, одвај имаат почит, а камоли љубов и грижа. Ти не си добредојден ако тоа ти беше прашањето. И уште повеќе ако не си се најавил- ало здраво, јас планирам да дојдам, дали е во ред, се извинувам што ќе ви пречам на некој ден? Тоа го направи? Им пречиш едноставно што те гледаат. Особено ако си дошол за дипломска, а нивниот внук пишал квадрат. (постои ли ова чудо уште) Ако ти беше прашањето дали да одиш повторно, не оди. После се што кажа, доколку и половина има вистина, немој ни да си помислил. Нареден пат ако веќе мораш да останеш на ден-два најди колеги, пријатели, пријатели на твоите кои сигурно подобро ќе те примат, угостат и згрижат, затоа што се презафатени за малограѓанштина. И не снимај другпат, не влегувај во филмови. Доволно животот е комплициран. А, доколку се баба и дедо (по мајка татко) или нешто горко си им згрешил на луѓето, или последниот престој си направил ужасна грешка.( Дури и така да е... малку е ) Друго објаснување немам за да не сакаш свое внуче и така да зборуваш. Кај баба и дедо, можеш да одиш ненајавен ако живееш во иста зграда, исто маало, исто село, ист град. Да заѕвониш, еј здраво што имате за јадење, дома имаме боранија? Бабо имаш малку време за..? Дедичко јас дојдов да те замолам да ми ги поправиш оние....? Значи така се оди кај баба и дедо. Е доколку живеат во друг град се јавуваш и кажуваш дека ќе имаат гости! Ќе ги посетиш на некој ден, имаш некоја работа и ќе одиш кај нив. Тие се пресреќни, баба ти меси пита, дедичко, смислува како ќе го поминете времето, се присетува на некоја приказна од војната, ја потсредува гаражата и тоа што го чувал за тебе. Одиш и ги правиш најсреќни на свет! Заминуваш, и солзи ти идат на очи. А тие велат -пак да ни дојдеш сине! Барем во мојот свет е така. Не комплицирај, не го носи следен пат стариот телефон да не мораш да снимаш пак некоја непријатна ситуација. И не, нека не стапнува твоја нога таму повеќе. Ако таа дилема сакаше да ја решиш. Извинете за предоооооолгиот пост Ај чао!
Само да нагласам, мислењево не е апологија на однесувањето на роднините. Старите луѓе знаат да бидат терсене и каприциозни. Додади кон тегобноста на староста и изолирано живеење во самотија 3 децении, ништо чудно и што се станати антисоцијални. Сем тоа, едно е гостин што ќе дојде на ручек, муабет и филџан кафе а после си оди дома, друго е гостин кој останува на неколку дена со спиење. Гостин на поседок не само што е солиден финансиски трошок, туку е и големо нарушување на комфорот, и за млади и за стари домаќини. Ако ти се вистински баба и дедо (родители на твоите родители), жал ми е @Sweet Justice , можам само да замислам колку ти било тешко кога си ги слушнал тие зборови и колку те повредиле. Но, во исто време би ти предложила и самиот да го изанализираш твоето однесување како гостин, зошто ако има вистина во тоа што го кажале старите, можеби треба да се потрудиш малку повеќе кога ќе одиш некаде подолго на гости. Нели, за во иднина, место непожелен, да бидеш нечиј мил гостин. И за крај, ајде да бидеме најискрени, колкумина од нас (или нашите родители) не измрчеле барем еднаш во животот како едвај чекаме гостите да си одат дома. Разликата е што гостите биле доволно културни (или недоволно отракани) па не не снимиле како им јадеме бурек зад грб
Како можи да ги браните и да го окривувате него што ги снимал? Па и роднини да ми се, за баба и дедо да не правам муабет, не треба така да се понашаат никако.Пензионери се, што работа имаат освен да испазарат, ручек да напраат и серии и вести да гледаат?Многу ќе им го ремети мирот, дури една ноќ ќе преспие, туф туф големата работа.Кога одам на поседок кај роднини од петни жили се трудат да не ми даваат никакви обврски, а притоа со задоволство ги извршуваат обврските кон мене како гостин.Тоа што јас ќе им помогнам и ќе раскревам после мене е ствар на култура, а не причина за да ме сакаат или да ме мразат. И јас да бев на негово место ќе снимав, ептен сум љуботпитна за такви работи. Не оди повеќе кај нив, како да не постојат.Чуден карактер, што нема по светот.
Можеби е чудно што ќе речам ама има еден таков вид на луѓе на кои 100пати да им дадеш на знаење дека не се добрeдојдени пак ќе ти дојдат на гости. Понекогаш не сфаќам што не е јасно ако јас не ти идам на гости или на спиење нама потреба ти да ми доаѓаш. Sorry but that's the reality.
Не сум веќе на студии јас. Дипломирано имам, само останав на 3 дена со цел да прашам нешто окол. магистерските студии, а плус по 2 дена требаше да се најдам со другари со кои можеби и повеќе нема да се видамсите дипломирани, од различни краеви секој фаќа свој пат па решивме аму се вели за последно (не во буквална смисла, токму-работа) ама да се собериме сите заедно, па после ова секако дека ја откажав јас средбата (а, толку сакав да одам). Инаку, и немав намера за ова со телефонот (се разбира), батеријата на телефонот беше слаба, па го укл. диктафонот за ко ќе дојдам да се наполни. За 18 мин. што не слушнав верувајте. А, тек да имал можност тел. понатака да сними којзнае што се не би слушнал (можда и подобро што тука застанал). А, и плус на мајка ми и имале зборувано порано дека сум шетал, ова-она, ме видел одреден роднина (само по кафиќите е). А, во дадена прилика и му имам в очи кажано: Зошто, што е толку девијантно човек да седне во кафич во меѓупауза на двете предавања или во кладилница што им рекла една девојка од соседството нивно (секако таа без лоша намера им кажала дека внук ви го знам, доаѓано има кај мене на работа). Плус, и кога си таму ако ти звони телефон и ако одиш во другата соба да збораш имаш реперкусии: Што збораш од таму, значи се жалиш нешто од нас. Ако се јави колега/колешка кој ти се јави (иако само едно девојче од соседите познаваат, моја колешка), што сакаше: па кога ќе одговорев '' не е битно кој беше,можеби арогантно, ама веќе преку глава и јас имам своја приватност).
Викаш имаш дипломирано, па стварно се замараш со вакви банални и детски работи? Мене по пишувањето ко тинејџер ми изгледаш. Што им се замараш толку на старите не ми е јасно? Па и цела тема посветена. Сите стари се такви...значи мајки/татковци одат на нерви, а не па баби/дедовци....Едноставно батали што зборуваат. Веќе си возрасен и треба сам малку да сфатиш.
Друже, сите си ги знаеме роднините какви си се. Зашо си морал уопште да идеш таму? Имав сличен случај, тогаш бев балавица од 16 години. И и се лутев на тетка ми. Сега сфаќам колку проклето била у право за некои работи. Или кажи им у лице.. Јебеш га..
Тоа е, ај и избришете ја темава ако сакате. На нерви ми мава кога гледам известувања за ова. Се трудам да заборавам на ова, се надевам ќе успеам.
Sepak pusti im go toa i tie da se slushnat i kazi im sto mislis i deka si povreden za da ne ziveat vo zabluda deka ne znaes. No ne se karaj. Nekogas ke im bide maka.A ti si umen covek. P.S.Jas sekogas mislev starite lugje se umni zasto imaat dosta pominato vo zivotot i znaat kako treba.No ocigledno ovie se gnasa koga za sopstven vnik koj gi udostoil da gi poseti taka zborat.Ti ne se sekiraj. Posle koga ke padnat na postela ke te baraat da im otvoris vrata.