Денес често децата ги менуваат кумовите ако прават венчавка. Сакаат кум да им биде некој другар, а не постара личност што нивните родители ја избрале.
Кумот си е на родителите нив ги венчал и нивни деца крстел. (Золва ми и мм) Поштовање нула уште од тогашно време. Мм е кум на другар, каде бил со мајка му. Јас таму сум кума, затоа што сум жена на кумот. А кумашините свекрва ми си ја викаат кума, ние нивните не ги викаме кумашини. Од брак сум јас кума со мм. Свеки не дојде со нас а сакаше. (Другар на мм) Јас тогаш стопирав. Трпе си е семеен човек срамота е ти да се наметнуваш, и за предходното кумство кажав, срамота ти што си одела со синот. Со кумовите и кумашините се дружиме како со другари (свадба, крштевка, родендени, излегување) приватност си има секој, немам потреба да знам кај одат што прават дали се на пат дали се на одмор итн итн Нивните кумови, прифатиле бидејќи се кумови и на брат му на свекорот. Од самото раѓање на децата свекрва ми во тоа време не испоштувала за име на мм, сама си дала име, бидејки ќерката ја крстиле по свекрва и .
Ич не ве сфаќам што се чудите на тема кумови кога денес така дојде и никој со никого не се сака. Јас пред години си ги побарав кумовите, чисто за да си негуваме односи, башка нивните деца горе-долу моја генерација. Дали се исплашија не знам, значи ги снема. Ни барав од нив нешто, ни па сите години наназад им било нешто згрешено. Од убаво поубаво биле третирани, ама ете. Секакви карактери има и најчесто им се менува со текот на годините. Тогаш стварно сум се навредила, ама па и сум сфатила дека такви и не ми ни требаат.
Требало да ги сфати зборовите на мајката на детето. Луѓето се менуваат. Таа треба си продолжи понатаму.
Ako smeni si go kumot, pojdi uste ednas krsti se vo crkva so drug kum Ako ti prifati crkvata. Kakvi se moite sfakjanja tebe ich da ne ti e gajlé, glej si gi svoite.Ti ne si taa sto treba da etiketiras koj od koj vek e. Pochituvaj razlichni mislenja bez etiketiranje na lugjeto I bez vregjanje.
Не е до членката. Не те навреди. Туку едноставно времињата се сменети. И мораме да се прилагодиме на тоа. Во спротивно имаме вакви непријатни настани. Не сакале да дојдат гости. И на крајот на денот не секој сака да споделува информации со другите за патувања, за одење во странство (што, како, кога). И сосема е оправдано да се спакува човек и да си отиде без да кажува на роднини, кумови.
Моите родители се со образование, бадиела, не помогнало многу. Другарки со образование, бадиела, прости-отепани да ми простиш на изразов. Носот во туѓи животи, портарење единствениот муабет кој можат да го направат. Нема врска тоа.
Каква врска има крштевањето во црква? Убаво ти посочи членката, времињата се сменети. Не значи дека кумот што крстил, треба да биде и кум на венчавката. Сосема исправно постапиле со тебе. Требаше да сфатиш тоа што мајката не ти кажала директно кога иде, дека не сака да знаеш ниту пак да го испраќаш.
Исправно?Им се најавила и отишла се помачила и да купи поклон и да одвои време.Дајте бре едно е да се други времиња а друго е да си покварен или себичен.Не мора како кума ,како човек да ја испочитувале е сосем во ред .
јас верувам во едно нешто шо го имам слушано од многу места од стари луѓе Кумот треба да си го поштуваш бидејки он ти е втор родител Само да знаете клетва од кумот фака Некои не ги ни канат старите кумови си наошаат нов другар пријател Според мене многу погрешно и после се чудат шо ги снашло Знам ке звучам старовремено ама верувајте клетва од кум фака многу шо го понизија кумот немаат пород Неврзано со темава ама не рипајте вие младите многу многу и поштувајте си го кумот
Немој со тие старински глупости. Немање пород е здравствен проблем, дефект на репродуктивниот систем. Нема врска со клетви. Луѓе си имаат причини да менуват кумови. И нивно право си е да ги менуваат.
Во ред, а каков е тој втор родител што се понижува од своето дете, па и фрла клетви. (Како народ многу сме суеверни)
Ај сеа за членката да подискутираме Кој знак го дале дека не сакаат да им отиде? Па она се јавила рекла дека сака да дојде и рекле ок дојди и она отишла па тек тогаш се осекало ко 13 прасе
Оти се осетиле притиснати. Пред тоа инсистирала 100 пати. Изговорите на мајката (велела дека го менуваат датумот, немале време) се знакот. Тоа е „не доаѓај“ одоколу. Отишла и односот бил никаков. Значи, не сакале да дојде.
Во секој случај можеле да и речат да не доаѓа устата со гомна не им била полна Можеле да се извадат болни ова она Неубаво у секој случај
Абе какви кумови шо ти е на тебе . Јас мојата кума не ја ни познавам незнам ни како се вика, кога сум била бебе ме крстила и толку, никогаш повеќе не ме побарала.. на бившиот маж кумовите исто така никогаш не го побарале и кога ги викавме за венчавка кажаа дека нема да дојдат па си најдовме нови . Шо се глупирате со кумови мумови, освен родителите ( понекогаш ни тие) никој друг нема да ве сака вистински. Жално , ама такво време дојде, на брат и на сестра неможеш да веруваш и да се ослониш а не па со кумови да се замарам.