Спојлер Мислам дека е јасно за што станува збор. Кои работи би ги промениле ако би имале можност повторно, од почеток да се зачлените на Фемина. Ако е дупла или глупава.. ма, се знае! ...би си го променила корисничкото име и би си го сокрила идентитетот малку повеќе.
Би си останала со истото име, тоа сигурно. Не би менувала ништо. Баш си мислев, што ако, ова или она напишев... Но не, баш напротив. Сите мисли овде ми значат одредено време, на будалаштија, среќа, гнев, љубов, промена. Фала и на Фемина што херојски не’ издржува.
Корисничкото име сигурно ќе си го сменам... Можеби и малку повеќе би припазила на тоа што пишувам односно би се потрудила да скријам некои информации за мене... Ама тоа е што е...
Би ги избришала само точкиве од корисничково име, не знам кај ми бил паметот во моментот на пишувањето, друго ништо
а нели јас ти реков дали км ти се иницијали а другово е кхм .i. а ким ким шо си ти кога пак би се регистрирал би бил можеби со ник Van Gogh и тоа друго не би менувал ништо можеби би бил активен повеќе само
Корисничкото име си ми е убаво, е сега можеби некои мислења за кои сега си мислам кај ми бил паметот, ама во глобала ништо не би сменила
Немаше да пишувам некои мислења за кои сега се чудам како сум можела да ги напишам.Поточно за едно мислење. Би давала помалку информации за себе. Корисничкото име дефинитивно би ми било истото.Многу си го сакам.
Би си го сменила корисничкото име... ионака го ставив без врска, на форумов станав активна после година дена откако се регистрирав
Хахаха, ааа не, јас ништо не потврдив никогаш, кој како ќе го сфати имево зависи од тоа колку перверзен ум има оној што го чита
Би била истата, таква каква што сум, не поинаку оти и неможам да бидам, точно знам што пишувам, како и зошто, е освен сериозноста би сменила ах што направив со таа сериозност не сум толку многу :geek:
Веројатно би се зачленила во првиот момент кога би влегла на форумов. Немаше да чекам толку долго време
Дефинитивно би ставила друго корисничко име. Не сакам да ми стои дата на раѓање и пола од името Друго ништо
Би се зачленила под истото име, тоа сум си ја росоњерка, јес да ме знаат доста под тој надимак ама па и нема што да кријам, тоа сум јас, каква сум приватно таква сум и тука. И да дефинитивно не би ја отворила темата модни критики, зашто многу расправии, караници, непотребни дискусии, лажги и банови летаат од таа тема. Не е таа за нас наш менталитет и за нашата мала Македонија, се откриваат брзо идентитетите и се лепат етикети непотребни од неа Или ако постоеше не би постирала во неа
..не би сменила ништо! Си го сакам корисничкото име. Во врска со мислењата..така сум се чувствувала во моментот кога сум ги пишувала и нема смисла сега да сакам да ги менувам.. Едноставно, ме потсеќаат на одредени моменти од порано..