Помалце би пишувала за себе... А името, уф, немаше ништо во умов мој тогаш Ич не го сакам, ама една сум, ако
Корисничкото име дефинитивно би го сменила бидејќи кога се зачеленував го кршев рекордот од зачленување за 10 секунди и незнаев што друго да напишам. hock:
Кога си ги читам првите мислења ми се многу смешни ,па не би ги пишувала кога повторно би се зачленила на форумот.
Би го сменила корисничкото име (како и повеќето) и не би напишала одредени мислења. Не знам каде ми бил паметот...
Корисничкото име ми е океј, си го сакам . Веројатно никому не би кажала за форумот, најмалку па да си го откријам корисничкото име . Од старт ми беа фатални грешки. Не би споделувала лични фотографии.
Ништо не би променила. Си го сакам и именцето, си ја сакам боичката... Можеби малку помалку би се нервирала за некои работи тука. Како што ми посочува стално една колешка, не треба и за виртуелниов свет толку да се нервирам.
Би го сменила корисничкото име, ич не си го сакам и незнам кај ми бил паметот тогаш... Не сум можела да изберам поглупаво.
Би ставила друго корисничко име. Некои мислења никогаш не би ги напишала. Не би зела толку на срце некои работи тука речени...
Кога се зачленив буквално на ништо не внимавав се некако на шала си сватив.А сега ептен се поврзав со форумов па би променила некои работи.Сигурно не би пишувала некои безвезни коментари колку само да имам повеке мислења за да добијам бело,сино цветче Па и си вртам и гледам сум поставувала слики во темата за нокти и тоа една слика прати кометар,друга слика одоздола повторно од мене И користичкото име многу ми сметаше но сега баш ми е убаво ХААЈ
Кога повторно би се зачленила на форумов би си го сменила корисничкото име. Тогаш искрено како некоја будала се чудев и незнаев што да ставам. А сега името кое го имам го мразам, ме нервира, ама тоа е тоа.
Ништо не би сменала. Името си го сакам, ме одбележува. Не верувам дека сум го открила идентитетот - бидејќи нели не ни сакам (освен што си се знам со Хипица години, се запознав со Хоупфул и виртуелно со Љубам )
Не би менувала ништо,бидејки кога би сменила нешто нема да сум повеќе јас Ми се допаѓа корисничкото име...само би сакала да ги сменам првите мислења на форумот(на кој памет сум била кога сум пишувала мислења,болдирала и толку големи букви ) Инаку не би менувала ништо...се што сум пишувала сум мислела и сеуште стојам зад тоа.
Не би верувала толку во тоа што го читам, би знаела дека и зад оние постови кои што “погодуваат најмногу“ и навидум делуваат искрено, се крие многу украсување, лицкање и лажна слика. Кога повторно би се зачленила не би се отварала толку пред некои ликови, не би пишувала толку за сексот и повеќе би размислила со кого споделувам лични информации.
Влегов многу свесно тука ова де се зачленив . Само на тројца од тука им го имам откриено идентитетот . И не зажалив бар не засега , и мислам дека ги погодив . Не откривам многу лични работи свесна сум дека никој не ми гарантира дека се ќе остане неоткриено . Така што се откажав со задоволство од постирање мои фотографии , споделување на лични информаиции , и откривање на интимата се во граници на нормалното . Дека сум член никој не знае а нема ни да знае ќе се трудам да остане моја тајна . Мене ме привлекува и ми го прави посебен макар бил и само форум баш тоа мистичното што тука сум Венди , што сум ги открила најболните точки , стравови , подеми и падови . Тоа денес е лускус , и голема привилегија . А јас не гледам ни една добра причина поради која би се одрекла . Можеби ќе ги проширам контактите но нема да биде ништо многубројно . Идентиотет се трудам да го чувам како змијата нозете. Многу малку се знае за мене колку што успеав да забележам . А да бидам искрена тоа ми се допаѓа . Можеби само би сакала да ги нема ии на крај и да биде В не в
Прва ствар е што многу наивно, пристапив на форумов, и воопшто не ни планирав да пишувам, затоа ваков грд ник имам (единственото добро е што е сум само јас „најубава“ меџутим уопште не ми се свиѓа). Што значи од старт би смислила некој друг ник тоа прво, друго би била малку повоздржана што се тиче приватен живот, иако и сега немам којзнае што и којзнае колку напишано, меѓутоа и на тоа, и на еден куп други мислења би им направила корекција. Личен идентитет немам откриено на многу луѓе, малкумина се, досега со нив се е во најдобар ред (поздрав друштво ), и заедно си се криеме. И да бидам искрена на некој начин многу сум скептична што се тиче, откривање идентитет, секојдневно пласирање лични фотографии, сепак личен избор е, и сите различно гледаме на тоа. Склопив блиски пријателства, со кои пиењето кафе претставува задоволство и драго ми е за тоа, тој мал круг на познанства можеби и го проширила за уште неколку членови, но се додека е едоцифрен број е ОК, за двоцифрен би се подразмислила. Значи откривањето на идентитет повторно би го правела по принцип „два пати мери-еднаш сечи“, повторно би ве „упознала“ со Петко но со доза на воздржаност, сега цел форум знае кој е Петко, каков е, каква ни е врската, колку се сакаме и сл. Но кога подобро ќе размислам уствари таква сум ти јас, и ова овде сум јас,истата онаа што сум и во реалниот живот, во секоја манџа запршка, на секоја реченица точка. Па согласно тоа единствената подрастична промена би ја направила на никот, и на мислења од одредени теми, особено на првите мислења. Спојлер П.С. Фали уште една точка во насловот .
Би била помалку отворена ,се каам за некои мислења што ги имам напишано под наплив на бес или разочарание. Помалку приватност ,повеќе ставови ... Корисничкото име не го менувам за ништо ,најубаво ми е