Искрено, сега, со овој памет не би ни се зачленила на форумот.. Не ги прочитав правилата и да, знам тоа е моја вина но кој ги чита? Како што имам кажано, корисничкото име би го сменила и би пишувала само она што сакам да прашам а не да останувам долго време и да оставам можност некоја да ме дознае...
Не би кажала на никој дека сум зачленета на форумов. И би пазела некој да не ми го види никот, кој воедно би бил ист. Тоа, ништо друго.
Не би кажала на никој дека сум зачленета на форумов, не би ги напишала некои мислења и не би открила толку за мене... корисничкото име сепак би ми било истото
Би била потполно истата јас, again Корисничкото име(а воедно и мое име е) ми е прилично ретко, и се мислам некој да не знае која сум Па поради тоа би ставила нешто покреативно, наместо името
Прво мислење, дупла тема, клуч, канта. Молим лепо Тоа не би го направила. А друго, што знам.. Никот не би го сменила, ама приватноста би си ја сочувала повеќе, за да не ме дознае некој.. Не сакам
Само корисничкото име незнам ни јас зошто го ставив вака но се нервирав веке затоа сто не ми успеваше и ставив нешто на брзинка
Јас би почнала порано да пишувам мислења. Ми требаше доста време да за да почнам да пишувам, а не само да читам
...не би избрзала со к.име само колку да се зачленам и би ставила апсолутно десетто, а не ова што кажува нешто за мене ...би била од почеток активен член, а не пасивен читач и тоа, би била иста во однос на др, искрена, отворена за разислувањата и желбите...
Не би сменила ништо во однос на пишувањето за мене и мојот живот,единствено може корисничкото име ,некако ми звучи детски