Би го сменила корисничкото име и би била поактивна во оставањето мислења, а не за три години да имам само 190 мислења од мрза тоа
1.Не би го сменила корисничкото име, никако. 2.Не ги поставила слики во модни критики. 3.Не би ги напишала тие мислења на почетокот кога сум се зачленила. Не ми се спие, досадно ми е па спамирам по старите теми.
Па едно време тапа ми беше корисничкото име особено ова А-то, можев барем првата буква од името да си ја ставам, ама се навикнав. Сега не верувам дека нешто ги сменила...
Би ми било позабавно. Сега се имам изнапишано на 60% од темите кои ми дошле убави на видик и досадно ми е сега, едвај чекам нова тема да се отвори.
Не би се закарала на некои теми, туку само би напишала 2-3 мислења и толку, а не долги дебати со извесни членки...