Не памтам за такво нешто. Секоја вечер си легнувам после 1, 2. Не зошто не сум уморна или сакам да седам на интернет. Всушност уморна сум и сакам да спијам, ама мозокот ми работи како луд. И така се измачувам, анализирам и размислувам се додека не се изморам за кога ќе легнам веднаш да заспијам и да не ме држат уште мислите.
Често мртва уморна легнувам не пред полноќ, туку пред 21 часот, заедно со син ми. Дека не преспива преку ден, од сабајле од 8 до вечер до 8 сум по него, и едвај чекам да заспие, да легнам и јас. Само последниве неколку дена иако сум мртва уморна не заспивам пред 2 часот, не знам што се дешава со мене
Вчера Вака на распуст ми се случува да останам до покасно иако сега оваа година и не баш Ако останам будна после 2, после нема да заспијам до 6 сабајле, стално така ми се случува и дефинитивно не ми е убаво! Кога сум на факултет секогаш си легнувам околу 10, мене ми е многу битно да сум наспана колку-толку. Не практикувам баш касно легнување, за мене најкасно е 1, 1 ипол. Е сега ако излезам ин д диско, морам до покасно па кога и да си дојдам до 6 не заспивам. И како што кажав тоа ми е НЕубаво.
Пред една нок ама само тогаш бидејки требав да одам рано на заболекар и морав нокта да ја губев во спиење
Сношти си легнав во 11 и пол ама дури заспав, пак ме најде 12 и кусурот. Чудно ми е да си легнувам пред полноќ, ми се чини некако рано, а ич не е. Обично легнувам подоцна, не многу доцна - кон 1, а ако сум излезена, ме фати несоница или пак се заседам пред компјутер или ТВ, е тогаш знае и да ме раздени. Пред 2 месеци, кога полагав испити на факултет, многу малку спиев, цело време бев наваму-натаму и учев и кога ми заврши и последниот испит, од што бев „отепана“ вечерта си легнав во 9 и пол .
Сигурно пред неколку месеци. Не се сеќавам,а баш би сакала онака порано да си легнам,па порано да си станам,па да си бидам убаво одморена и наспиена. Всушност не се сеќавам кога така убаво сум си се одморила.Се нешто ми се спие.
Веке слободно можам да се класифицирам во класата на вампирките зошто одамна не сум како човек да си заспам пред полноќ