Ми се случува, иако не често. Ако сум станата многу рано, си легнувам порано. По природа сум голема спанка и ми треба солидно време за да се наспијам. А вообичаено си легнувам еден час после полноќ.
Последниве години, јас буквално можам да се наречам ноќна птица! Скоро никогаш не сум легнувала пред полноќ! Сега последнава година, имам проблеми со спиењето, па така кога пробувам да воспоставувам режим на спиење, одлучувам да биде пред 12.......еве ме веќе недела дена легнувам пред 12, и морам да признам дека, се осеќам супер, имам цел ден пред себе, а вечерта кога ќе дојде 10 и пол, 11 јас сум среќна, што после толку време, можам да заспијам, па макар неколку сати, и да спијам ноќе!
Aх.. ако сум уморна ми се случува и во 21 часот да си легнам . Зависи кој ден ! Ама претежно дежурам до покасно на нет или читам некоја книга , гледам филм , зборам на мобилен со саати ( ако сум дома )
Секогаш легнувам после полноќ дури и кога треба другиот ден да станам во 7. Не се сеќавам кога сум легнала пред 12 можда затоа сум ХРОНИЧНО НЕНАСПАНА
Се сеќавам како помали додека живеев со моите, татко ми често викаше : - Ајде легнувајте, нема да чекаме нова година ! Сега нова година чекам секоја вечер иако знам попладне и да поспијам понекогаш
Паа најискрено не се секавам кога последен пат сум легна пред 12... преку лето не сум дома,преку школска година учам најчесто
не се сеќавам кога последен пат сум си легнала пред полноќ,пореметено ми е спиењето поради тоа што многу спијам преку ден,навечер дежурам со друштвото дома хаха
браво за тебе јас се трудев неколку пати да го навикнам така организмот но не ми успева.со спиење се пропуштаат многу нешта,буквално денот е изгубен
ни сама не знам од кога не сум легнала пред полноќ! секогаш легнувам околу 1 или 2 часот по полноќ а синоќа еве и 3 ме фати, бидејќи знам дека немам никаква обврска за утрово. и вечерва 1 ко ништо ќе ме фати, а мразам она преспивање во текот на денот сто пати денеска се протегнав да преспијам ни кафето ми помага ни какао. кога сум прва смена на работа доаѓам дома околу 16 часот, ручам и спијам до 19 или некогаш ми се случувало и 20 ч. да ме фати. потоа гледам телевизија, седам на компјутер, пијам кафе..и нормално си легнувам после полнок! втора смена пак, станувам околу 8, или 9 наутро и цело утро ми е изгубено на некој начин-еден саат го поминувам со кафето покрај компјутер за релаксација и расонување, после следи туширање нешто да раздигнам по дома, спремање и бегам на работа. си доаѓам дома околу 20. 30 , гледам тв. јадам, и пак легнувам по полноќ! малку забегав со темава ...али тоа е мојата рутина. позз.