Па додека работев често си легнував пред полноќ... а последнава година откога престанав, си немам легнато пред 4 часот.. и после го преспивам половина ден....
Па откога тргнав на факултет воопшто немам легнато пред 12 Што значи последен пат било пред некои 5-6 години
Искрено не паметам годинава да сум легнала пред полноќ, секое утро си ветувам дека ќе легнувам порано бидејќи приличнo тешко ми е да се разбудам..ама кога ќе дојде време за легнување пак иста песна
Не памтам! За време на распустот си легнував во 9....ама сабајле....и спиев до кај 7....и секој ден така....а сега кога почнавме со школо, или ќе легнам кај 3 или 4, или пак воопшто не спијам и одам како зомби, модра под очите како да ме тепал некој
Не знам ... одамна беше, забораив. Без разлика во колку треба да станам сабајле јас ретко кога легнувам пред 2, а камо ли пред 00, али послето морам да надоместам
Мене па да мепрашате кога сум легнала после 12. За распустот,веројатно.Секогаш си легнувам околу 11,11 и нешто.Еее,мора да се стане да се оди во школо. Е,за распустот тоа е веќе друга приказна
Пред околу една недела ми се деси тоа после којзнае колку време,не ни памтам,и морам да признаам дека многу ми е поубаво да си легнувам пред полноќ,ама ајде де,кога не иде,не иде.
ауу памтам ко беше онај скандало а1 со кажваја на тв полицајците ко му влегле е тогаш беше јас ко си легнав пред полноќ
Легнувам порано кога сум уморна. И кога сум болна Инаку, некако организацијата на времето не ми е баш јака страна, па ретко успевам да легнам порано, а станувам околу 7h секое утро (освен викенд).
Секој ден си легнувам пред 23 часот, 23 30 најдоцна Ми се спие многу што да правам, а и посвеж си утрото, убаво е.