Доста долго време сум скрос регулирана со спиењето, понекогаш имам исклучоци ама тоа е ретко, легнувам кај 10 ипол-11 ипол максимум, станувам кај 8 и преполна сум со енергија и цел ден ми течи убаво, намалив на стрес и на негативна енергија, буквално се преродив, ова вклучува и добра исхрана
Вечерва у 23:30 и еве ме станата у 5. Не ми се случило да легнам толку рано од многу одамна, морав да го пишам ова за да знам чисто за "евиденција на спиењето".
Многу одамна,со оглед на тоа дека сум до 10 вечер на работа, додека да дојдам дома скоро 11, невозможно е да си легнам пред полноќ.
Вчера пак. Се навикнав деновиве порано да си легнувам, уморна сум некако повеќе од вообичаено. Ама ако убаво ми е вака, фатив некој ред.