1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога почнавте да го седнувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 28 јуни 2012.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Колку е бебе? Мене прво ми залазе, па ми седна стабилно.
     
  2. Elinora

    Elinora Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    На 6м првпат, напредно бебче имам :)
     
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Леле стварно? И ова моево, како мала мене ми го постилале. :sun:
    Мене пак малку језивко ми е со кловнчињата, ама врши работа за лигавење :)
    Ретро е 8)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.632
    Допаѓања:
    11.030
    Пол:
    Женски
    Па и ова се пушта за лазење, ама некако ноџето под газе го става и како да се поттурнува со раце нагоре. Многу е рано за седнување. Не може и да лази и да седне истовремено.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Ако е 6 месеци, може да седи.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Пробај седни го сам без потпора. Ако се преврти на некоја страна не е стабилен уште. Ако не му треба никаква потпора, може да седи. Мое бебе од лежечка станува да седи само ако за што да се држи со рачињата, помош е. Сите ускладени движења станување од лежечка, па седење, па лазење се премногу мали да ги очекуваш. Иако некои бебиња се развиваат побрзо моторички од другите, па нема правило. Мојов ако го седнам седи, по некое време се превртува и со вртење на стомак, обиди за лазење тоа му е уиграно. Ама од лежечка да стане па да лази, па пак да си седне, не го прави тоа. Многу advanced е некако, барем за мое бебе за сега.
     
    На Осе и elenaklasik им се допаѓа ова.
  7. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    1.640
    кога седнавте стабилно со оглед на постов што не е од сега
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.505
    Допаѓања:
    7.380
    Пол:
    Женски
    Откако наполни 8 месеци. 8 и 1 недела. Сѐ друго направи релативно навремено; превртување, станување, лазење, одење, само со седењево малку подоцна фати. И се секирав, ама без причина. До 9 месеци ако не седне на ортопед се носи.
     
  9. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.845
    Допаѓања:
    1.640
    Исто е и кај нас.. Тој седи ама не е стабилен, нема рамнотежа се клати по малку... До душа родени сме 4 недели порано и то игра улога.. Па и јас се екирам си викам ќе се уцврсти нека напрај 8месеци
     
    На BlackSwan7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Klara91

    Klara91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Наредна недела ќе прави 6м, ама е предреќен кога седи, се клацка, си ги чепка прстите на ножињата, ужива. Можеби грешам, ама го оставам да седи по неколку минути повеќе пати во ден.
     

    Прикачени фајлови:

    На zverkica, IRBBB и MinnieM им се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Од 6 месеци е дозволено да седи, така да немај гајле. Во количка исто р дозволено да го ставаш во седечка позиција.
     
    На Klara91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marija99992

    marija99992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми само што наполни 7 месеци сеуште е нестабилна неможе да седи самостојно. Треба ли да сум загрижена? Вежбаме на стомаче и седнување меѓутоа само се врти низ цела соба.. пред 6 месеци не бевме мн активни на стомаче да вежба имаше мн грчеви. Повторувам дали треба да сум загрижена за тоа што не седи самостојно ? :)
     
  13. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Моето е 8м, не е стабилна уште кога седи, знае да падне наназад па и на страна. Не сум ни помислила дека можно е да има некој проблем за да се загрижувам.
     
    На marija99992 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    По препорака од ортопед, ја седнувам од 6 месеци. За недела дена правиме 7. Не е сеуште многу стабилна. Во јануари сме пак на контрола. Ќе видиме што ќе каже ортопедот.
     
  15. sirenah

    sirenah Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    60
    Може е прашањево глупо ама корпата кога ќе ја ставам на 45 степени кога е заврзана како во менгеме е…. Како треба да изгледа дете во 45 степени, може ли слика. Изгоррна е за седење
     
  16. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Мајки, ве молам за мислење дали има место за паника и дали треба да ја носам повторно на ортопед. На првите два прегледи на 2 и 4 месеци сè беше уредно.
    Бебето ми е 6++ и сè уште не се врти од грб на стомак и не покажува никакви знаци за седење. Ретко да се сврти и од стомак на грб.
    Веќе 3-4 месеци најголемиот дел кога е будна е на под, на подлога на грб, а сака и на стомаче - и читам, пеам, игра со играчки, ги крева нозе и ги става стапалата во уста. На стомаче во последно дури знае да го подигнува и газето.
    Јас не ја ставам да седи, нели да не се форсира. Ама да не грешам негде? Количката ми е на 45 степени, така и јаде кашички.
     
  17. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Кога почна да седи самостојно? Посетивте ортопед? И дали вие ја стававте во седечка положба?
     
  18. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Еве мојата не седи самостојно, само се фаќа на нешто за да се исправува во седечка положба. Не ја седнувам освен во хранилка на 60 степени за да јаде и во количка за шетање.
    Цело време е на земја кога е будна.
    Има 7 и пол месеци.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Исто и мојата е цело време на под кога е будна ама уште не се ни исправа ни ништо поврзано со седење.
    Само кога е на стомак се врти во круг, тоа и е движењето засега :D
    Количката на последното, трето ниво така?
     
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.529
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е? Се фаќа ли на нешто? Се витка? Крева нозе на грб кога лежи?
    Последното ниво на мојата е во скроз лежечка положба, па доаѓа 45, па 60 и на крај најгоре 90 степени.