Кога почнавте да го седнувате вашето бебе?

Дискусија во 'Бебе' започната од mama.23, 28 јуни 2012.

  1. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Не воопшто, ни дадоа само вежби за да му помогнеме да научи да ги користи стомачните мускули и после сме на контрола, ние направивме сѐ од наша страна, едноставно така си расте… се нервирав едно време многу, ама после си реков тоа е тоа
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Физиоактив, Даница
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.415
    Јас од неа не сум ич задоволна.
    Одевме еден период.
    Прво вежбите на бебе ги правеше со огромни нокти. Внатре каде што вежбаа децата не беше хигиенски. Влегуваш со обувки а внатре на подот вежбаат деца.
    А највеќе не ми се допадна што немавме постојан физиотерапевт да го води детето. Го вежбаше она. Па после друга. П.С бевте ли на неврлолог да ви каже што е причината?
     
    На sani99 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  4. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Не знам тука никој немаше освен неа. Нема потреба од невролог, не знам зошто би имало…матичната воопшто не ни спомна такво нешто
     
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.415
    Дете треба да се врти до кај осмиот месец а само да седнува до 9 месеци. Потоа се бара причина зошто тоа не го прави. Барем така ми објасни неврологот каде што одевме. За Физиоактив тоа беше пред две години. Не знам може се смениле работите.
    Даница не ми остави добар впечаток.
     
  6. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Ама ете ние ја знаеме причината, ни се роди 2700 и беше многу мал во телото, како сме го ставале на меше тој научил да се држи на грбчето, место повеќе да се држи на стомачните. Не е дека ич не се врти, само не му станато рутина. Јас се надевам ќе се среди, ни Даница не ни спомна за невролог, ниту матичната од кај Паскалов
     
  7. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Ме загрижи да бидам искрена
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Како му е движење, лазење?
    На таа возраст треба да е малку раздвижено, да наоѓа начин од точка А до точка Б. Да се превртува, да се влече.
    Ќерката сама седна на 9 месеци ама од 3 се превртуваше, од 7 на нозе застана.
    Ако не се врти на 8 јас би барала и второ мислење.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Многу е жилав, врти кругови, фаќа со раце, посебно со една, па со друга, глава дига топ. Се бутка цел со телото, тук таму ќе се преврти. Најсмешно е тоа што ќе му покажеме на пр како треба и одма се завртува- ко веќе да си се врти. Мене ми се роди физички многу мал и не советуваа да не го ставаме одма на меше, истово ми го рече и физиотерапевтот, без да ѝ го кажам ова дека е мал. Она рече дека тој е проблемот. Ве разбирам и вас, ако фаќаме да збориме и споредувсме моето ова дете вака или онака…
     
    На Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Мојот си јаде 200 грама од каша, спие цела ноќ, лесно помина настинка :)))))))
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    4.121
    Кај нас беше слично, со таа разлика што почна да се врти на 6 месеци, а седна самостојно на година.
    Грбните мускули му беа коска, компензираше за сите движења со нив. А се роди големо бебе, 4кг скоро. Почна да лази ( војнички ) пред да седне. Прооде на година и пол.
    Јас не сум во МК, тука добивме упат за физиотерапевт ( кажаа дека не е за невролог, проверуваа некој рефлекси ), добивме неколку вежби за зацврстување на раце и абдомен, и вежбање на движењето за седнување. Вежбата е преедноставна ама не ја сакаше ич, и се виткаше цел како кифла наназад, дури и импресионирана бев како може да направи така, до толку беше јак во грбот.
    Знам како ти е, јас се преиспитував константно и многу бев загрижена, ама на крај се се среди, еве го сега како струја е, секунда не застанува.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти што ми пиша, истово е и со мојот, грбчето коска силно мислиш возрасен човек. Нашиов не се опира на вежбите, напротив, еве баш сега вежбаме одма почна да се врти, само колкчето треба да го дигне за да го направи движењето. Епа, тоа е проблемот, кај нас од што бил мал и за да издржи, целата сила на грбчето ја ставил и не му доаѓа да се заврти. Сега е 8 кила, 71 см, прави буквално сѐ освен да се врти и да седи. Јас сум преблагодарна на Бога и за ова, до лани не знаев дали ќе го доносам и дали ќе ми преживее во патилошката бременост, со вежбиве знам дека ќе се среди пошто е подобар буквално секој ден
     
    На merriel0, H.VAGA, sani99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    8.646
    Пол:
    Женски
    Дали имаш видео од вежби за колкови? Јас барам за бебче такви вежби не можам да најдам на нет
     
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Немам, правам само од Даница што ни даде, ни посочи он каде греши. Еве го сам се сврти додека правев кафе :)))))) шо пие кафана
     
    На H.VAGA, Fenix05, Tea SK и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Се сврте сам 3-4 пати денеска додека јас работев во кујна, шо пие кафана :))))))))))))
     
    На sani99, Fenix05, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  16. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Женски
    Добро како да постапам, чим е малце
    покрената одма стега стомачни се напрега да седне...ко кифла се прави... Мала е 3+++
    А легната не сака воопшто.

    Прееска на шала као рачињата и ги држев да видам колку ќе седне... Љуѓе па она оп се оптегна седна, ги исправи ноџињата и застана на нозе! Одма ја симнав... Знам дека несмее. Мала е...

    Од релаксатор гзот горе оп оп се пролизгува...
    И менувам пелена наназад ми бега нагоре.
    Во транспортер ако не ја врзам се напрега и седнува сама...
    Во креветче ја ставам најдоле, се буди најгоре главата си ја удрила... А големо е 120цм е креветчето..

    Педијатар ми кажа да ја ставам веќе на 45, ама она сака да седне...
    Да ја носам на ортопед? Како да постапам? Некој слично искуство?

    Едит: на нет гледав дека тоа што сака да седне е знак дека сака да се врти... Ја ставам на земја се вртиме, правиме вежби... сеуште не се врти сама... главата ја држи, во рака ко пушка е исправена. На стомаче како кога и се сака, на лактови чат пат се држи... Ама што да правам па со тоа што сака да седне...
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Јас бев пред 1 нед на ортопед, син ми истото го прави со седнувањето.
    Ми рече чим сам прави нема да го враќаш назад. Ми покажа како да го вежбам. Јас потпрена на 45 степени он налегнат на мене и го држам за бутчињата со раце и он сам си се подига од полулежечка до седнување. Така се вежбале и зајкнувале стомачни.
     
    На sani99 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Женски
    Значи да вежбаме стомачни... Јас денес и ја држев така на мене на 45⁰, само така сакаше да биде :drunk: Башка скок на најјако...
    А освен таа вежба нешто друго правите? Се превртува синко, или само ова со седнувањето?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    7.945
    Пол:
    Женски
    Се превртува секако ама цело време сака на меше да е. Кога и да го ставам на грб на земја, после 2 сек е веќе на стомак свртен и се граба по глодалки.
    Други вежби бе му правам, цело време е на земја, па си вежба сам :D
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Женски
    Епа тоа, вие понапред сте, бебла сеуште не се врти сама затоа прашувам... Ич не ми е природно ова што го прави :?: Ништо, и местам доле да си лежи па се надевам ќе и е интересно... Она по 4ипол минути седи во релаксатор сама :tmi:
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.