Здраво,бебето утре ми праве 6 месеци. Од 4ипол месеци почнавме со вежби за вртење и до сега самостојно не може да се сврти стигнува до пола и со газето не може да се досврти на стомак. Кога го ставам на стомак 3-4 мин му е крената главата ја држи ама после почнува да се нервира и му паѓа. Од кај 5ипол месеци почнав по малце да го седнувам во скут и така сака,а исто и многу сака да стои исправен. Дали има простор за паника или некој со слично искуство да ме советува. На последната контрола на педијатар ни рекоа супер силно цврсто дете а на ортопед кога бевме на контрола на 3 месеци ни рекоа дека се е во ред.
Не се грижи за џабе се доаѓа во свое време. За некој ден ќе правиме 8 месеци и дури деновиве седи постабилно ама не долго, секој ден вежбаме и цврст е се задржува на раце се повеќе. Кога ќе ми текне колку се нервирав што не се врти од стомак на грб сам туку само со помош, сега 1мин не можеш да го оставиш салта прави и се влече со нозете и со газето а не лази уште. Оставај го на подлога занимавај го со играчки помагај му во вртење ќе се научи, ништо не се форсира секое дете е различно.
поздрав,моето бебе го ставам во полуседечка положба од 4 ипол месеци ,од 5 месеци почна само да сака да седи и еве сега за неколку дена ке направи 6 тоа веќе седи стабилно,почнав и во колица да го ставам не скроз исправено,сакам да почнам и кога го капам да го ставам да седи,што мислите вие дали е премногу рано што почнав да го ставам да седи или не бидејќи тоа р веќе навикнато да седи
Во колица не го ставај на 90 степени бидејќи и тебе нема да ти е пријатно да седиш исправена на стол цело време. Максимум на 60 степени. На 90 само при јадење во хранилка, штом седи стабилно можеш веќе да го ставаш. За седење ако седи само супер, ама “проблемот” со оставањето во седечка положба е што може нема да сака да се потруди да ги врви останатите фази - да не сака да лази туку да се влече со газот по подлога, да вежба само да седне итд, а се реално битни во развојот.
Мојата е 5ипол месеци и сака да ни седнува на скут на пример се радува. Зборував со педијатарот ја возам во количка на 45c а дневно неколку пати знае да ни поседи додека седиме и во скут седната. Педијатарот ни рече да не биде форсирана ама сама ако се дига и е расположена не е страшно. Да не се става заградена со перници самостојно на подлога зошто така после се помрзливи да пробаат сами да седнат. Овие денови го монтиравме инстолчето за храненње почнуваме веќе па како припрема ја седнувам додека јадеме ние да не гледа цела недела
Ако само сака да седи и може да седи без перници може да го оставаш ама не многу долго. Форсирај да биде на стомак и на грб за да се врти и слично. Јас моето го седнував во количка при шетање од 6 месеци скроз исправено зашто така сакаше самиот. Дома го ставав да лежи повќето од времето или во полуисправена положба. За бањање можеш како сакаш тоа не е толку долго.