Кога почнавте да го седнувате вашето бебе?

Discussion in 'Бебе' started by mama.23, Jun 28, 2012.

  1. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Значи повторно зборуваме за положба од 45 степени ,а не 90(јас не знам за релаксатор кој има 90 степени). Колку за илустрација 45 степени се транспортерите и тоа е прифатливо и нормално. И јас мојата ја ставав да лежи/седи под тој агол,а сега на 7 месеци количката сеуште е под тој агол со тоа што таа сама седнува и седи колку сака,а кога ќе се измори си се наслонува на седиштето.
     
    Bozica1980 likes this.
  2. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    7,374
    Likes Received:
    261,937
    Gender:
    Female
    Многу е неблагодарно да се мешаме во ставовите на родителите за одгледување на децата но сепак бидејќи овде бараме совети и јас ќе се вмешам.
    Најверојатно сите имаме сличен став но можеби лошо објаснуваме и се изразуваме бидејќи поголемиот дел од нас по седење подрабираат комплетно исправена позиција во која бебето седи без помош. Јас мислам дека во таква положба не е возможно да седи толку мало бебе од едноставна причина што не е способно дури ни главчето да си го држи цело време исправено а не и да одржува рамнотежа за седење.
    За др.Видоевски и јас слушав само пофални зборови но јас сепак моето бебе го однесов во Мајчин дом и таму имаат политика дека широк повој се носи до 6 месеци. Плус на моево ѕверче сеуште не и беа јадрата оформени па не ја седнував до 7ипол месеци а навечер сеуште и ставам широк повој до наредната контрола.
     
    AIT likes this.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    419
    Па нормално е дека не се работи за 90 степени, како што кажа Божица. Еве ќе ја цитирам „...бидејќи поголемиот дел од нас по седење подрабираат комплетно исправена позиција во која бебето седи без помош“. Јас веќе неколку пати потенцирав дека се работи за седење под надзор, а не независно. Сепак не можеш бебето со сила да го извиткаш во неприродна за него положба. Како што кажав пр. кога ние лежиме со свиткани нозе, го ставаме на стомакот и оно си се потпира на нозете. Баш сакав да ги споменам и транспортерите, затоа што се предвидени за бебиња од 0+ а бебињата таму се во седечка положба. Сигурна сум дека 90% од мајките што овде се залагаат дека седнување на бебиња е неприфатливо пред 6 месеци сметаат дека транспортерите се неприродни и бебињата не ги ставаат ни во позиција на 45 степени.
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Flowergarden 45 степени не е седење ,туку полулегнато или полуседнато како сакаш крсти го .Ти цело време пишуваш за седење и затоа ни направи забуна на сите нас.Јас уште во првиот пост прашав дали пишуваш за 45 степени ;)
     
    vickyy90 likes this.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Баш денес читав за ова во некој магазин за бебиња, дека бебето се седнувало после 6 тиот месец, а пред тоа, можело полуседнато (поткренато малку).

    Но секое бебе си е индивидуално. Едно наше внуче до 10 тиот месец не можеше да седне, додека друго, уште од 5 ти седнуваше.
     
    Xx1993 likes this.
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    455
    Likes Received:
    1,405
    Нашето синче уште некој ден ке полни 5 месеци, во релакастор веке си седи во положба од 45 степни, но еве последниве денови го фака нервоза само така да лежи се одбива со ноџината како да сака да стани, мислиш веке ке оди, многу ми е интересен :D Ако не го земеш во раце во тој момет почнува да вика да се кара на многу сладок начин, а ако го земеш во раце да е исправен да шета и разгледува целиот е радости, мислиш ке расцвета :D впрочем како и сите бебиња.
    За седнување се случува на пример кога го држиме(или поточно кажано држат) во раце да е во некоја да ја наречам седечка состоба, или кога е во скут кај нас, иако постојано ги карам тоа најчесо се случува кај нeкој од блиските јас и мм си ја знаеме правилната положбата.
    Пред некој ден го креваше за рачината да дојде до седечка положба,а маилот црцорко дури на ноџиња со мала негова помош се исправи.Тоа беше многу срекен момент за тројцата нас :rofl:
    Ахх колку се убави овие денови кога секој ден има по нешто ново во развојот на нашите најмили. :inlove:
    Според мене секое дете си е идивидуално, во тоа мислам дека сите ке се сложиме.Некои проодуваат на 9 месеци, некои на 1 и пол, но 2 месеци за да се става бебето во седечка положба мислам дека е малце раничко, почекајте уште еден месец барем и нека почни да си 'седи' во положба од 45 степени.За се си има свое време, уживајте максимално во овие моменти - тие се најсрекните во животот!
     
    moon1 and gerdanche like this.
  7. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2012
    Messages:
    36
    Likes Received:
    37
    Исто и ние правиме, ќерката има 5 месеци и 1 недела и сама седнува во релаксатор, а и кога ја држам в раце ја ставам во полуседдечка положба, пробав со перничиња да ја седнам, ама уште и е рано, се превртува самата легнува и сета се собира, а ортопедот кај што одам, последниот пат слушнав кога бев дека на децата од 6 месеци им велеше (ако е се во ред се разбира) да ги седнуваат со перничиња и да ги ставаат во положба да лазат. :)
     
    DeMelo likes this.
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    419
    Да не ја цитирам Божица пак, очигледно не се разбираме баш поради тоа што повеќето мислат дека седење е само позиција на бебето под агол од 90 степени. Сепак, се работи за седнување на бебето.
    Таман работа дека сме тука да се осудуваме едни со други за ставовите и изборот на дела што ги правиме кон своите деца. Секако дека секој од нас му мисли најдобро на своето дете. Тука сме само да споделиме мислења и искуства.
    Сепак позицијата на детето во транспортерот е на 90 степени (грбчето во однос на нозоете), сепак се поставува на позиција на 45 степени (транспортерот во однос на површината на која е поставен) и тоа се најмногу заради главчето.
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,774
    Gender:
    Female
    Јас денес сакав да го сместам моето бебе (2 месеца и 2 недели) во седиште за автомобил на кое пишува 0+, ама некако ми се виде многу превиткано и го извадив, не ми изгледаше баш како удобно. Внатре има еден дел под газето со потпунка и пишува до 6 кг. моето е 7 кг. Ако се извади потпунката седиштето е уште подлабоко и понезгодно за седење. Имате ли некакво искуство со вакви седишта и од кога ги наседнувавте?
     
  10. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2012
    Messages:
    105
    Likes Received:
    25
    friendy слободно ставај го истото беше и со мене јас дури и перниче му ставав мислев дека е мн длабоко но кога отидов на ортопед одма го извади и рече дека не му требало дека таа положба му одговара,дека бил поставен како во мешето...и од тогаш немам страв
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Joined:
    Dec 8, 2010
    Messages:
    3,130
    Likes Received:
    43,606
    Gender:
    Female
    Јас моето го ставав во транспортерот од самото рагање до ден денес , Кога одиме некаде со автомобил :!:
    Во мојот транспортер си имаше дел за новороденчиња , тоес потпунки за удобно седење
    Е сега бебето не е буквално седнато , туку во природна фетус положба . Ние дури пред некое време кога малата порасна и го тргнав тој дел заа новороденчиња пошто го порасна и не беше удобно за седење . и сега си седи нормално !
    Е сега не е убаво долго да седи во него , значи не подолго од 40 мин , ама е сигурно додека се вози!
    :)
     
  12. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,774
    Gender:
    Female
    Благодарам mama 23, овие седишта сигурно поминале низ експерти и тие најдобро знаат што е најсигурно за децата. Се разбира доколку е несоодветно или за поголеми ќе пишува 6+ или нешто сл. Поздрав.
     
  13. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2012
    Messages:
    105
    Likes Received:
    25
    значи сите тие седишта и транспортери се направени ортопедски за да можат да се користат од 0+ па нагоре тоа ми го кажа ортопедот без разлика дали се марка или не така да слободно без страв нека си седи во него.поздрав
     
  14. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Joined:
    Oct 12, 2010
    Messages:
    382
    Likes Received:
    1,764
    Моето на 3 месеци почна да се врти на стомаче, на 4 месеци докторот ни рече дека можи да го седнуваме по малце да се учи. на 5 месеци го стававме во дубаче и тогаш почна и сама да седнува. на 7 месеци почна сама да се исправа на ноџина , сега е 8 месеци и очекуваме да прооди, готова е. За широк повој овде докторите не ни знаат што е тоа, па јас воопшто не и ставав па фала богу се е во ред се развива нормално. И да се надоврзам на муабетот со седиштето, овде без тоа седиште бебето не можиш да си го земиш од болница и секогаш кога е вкола мора да биди во седиштето инаку добиваш казна.
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    419

    Претпоставувам дека и вие ја правите истата грешка како и ние. Се додека не отидовме на ортопед, мислевме дека бебето правилно го поставуваме во транспортерот и дека тоа што е свиткано е сосема нормално и дека му е удобно. Епа испадна дека сме грешеле. Бебето во транспортерот е во седешка положба. Ќе поставам неколку слики за да видиш, а ти ставам и линк со туторијал за седнување на бебето и правилно врзување. Важно е и тие меките додатоци на каивчињата со кои се врзува да бидат од двете страни на вратот за да во случај на незгода, да го заштитат вратчето

    http://www.youtube.com/watch?v=MvzPZfba ... re=related
     

    Attached Files:

    • 11.jpg
      11.jpg
      File size:
      409.2 KB
      Views:
      517
    • 2.JPG
      2.JPG
      File size:
      180.6 KB
      Views:
      514
    • 3.jpg
      3.jpg
      File size:
      20.7 KB
      Views:
      511
    Eleonorastrumica likes this.
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Joined:
    Jun 18, 2011
    Messages:
    3,228
    Likes Received:
    25,843
    Gender:
    Female
    нашите педијатари во Македонија препорачуваат некаде од 4 месец за машко а од кај 6 месец за женско да се седнува бебето,и незнам таму до кој месец треба да носат по 3 пелени за да се развиваат колковите.е јас не се породив во МКД,и да ви кажам од 1 ден на болница ми ја седнаа керка ми и јас од умот се извадов,и одма изреагирав,и дкторот ми рече дека можиш од прв ден да ги седнуваш бебината без проблем,ама не да го седниш и цел ден да седи,и исто прашав за тоа со пелени дали да ставам повеке од една,и тој ме праша А ЗОШТО???и му кажав, :) и човекот само ме испули коцкесто и сврти со главата,уште што не ги преврте очите хаха,и ми кажа 1 памперс и ништо повеке.значи од прв ден ја седнував и никогаш дупли пелени нема носено па сега Фала му на Бога,керка ми е 4 и пол години,и уште еднаш Фала му на Бога ништо не и фали,и не само на моето дете,тука сите деца така се изгледани па арни се ;)
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,426
    Likes Received:
    143,399
    Во Македонија има многу луѓе кои имаат проблеми со колкови и коски, и затоа превентивно децата не се сенуваат и им се става широк повој. Ако малку го потседнеш ништо нема да му биде, па и ако не носи широк повој не значи дека ќе има проблеми, ама се практикува како превентивна мерка.
     
    Annath and Bozica1980 like this.
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Joined:
    Feb 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    419
    Ако во други држави бројот на бебиња со проблем со колковите е 1 на 1000, во Македонија е 3 на 1000, што не знаши дека нас цела популација ни е проблематична. Затоа и постојат тие задолжителни контроли на ортопед, каде бебето ќе биде проверено со ехо и ако навистина има проблем, ќе се реши со апаратчиња, а не со широк повој.
    Кај е останата таа традиција од бабите, па уште од прв ден, ај во широк повој, без да се направат никакви проверки. Тоа е малтретирање за бебињата.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    21,084
    Likes Received:
    110,945
    Gender:
    Female
    Внука ми носеше широк повој до 40 дена, ја носеа на ортопед во Ремедика и се беше во ред фала богу, мачно беше бидејќи беше летно бебе, ама па од друга страна внуката на чистачката кај мене во фирма не и ставале повој и покасно на ортопед задолжително препорачале широк повој, носеше до 6ти месец, подобро дур е мало дур не разбира да се среди тоа превентивно отколку коа ќе почне да разбира и да му биде тешко да се движи, да се вртка во креветче. Ама па повој на 6 месеци ко што прочитав од 3 пелени мислам дека ако не е потребен е претеризам. За седнување, јас внука ми исправена во раце ја држев од почеток со раката помеѓу нејзините нозе и така речиси да беше седната, само што јас ја придржував, и неа во Ремедика на еден месец докторката ја седна и рече се што дете прави самоиницијативно е во ред, па така таа самоиницијативно лазеше, се вртеше, прооде, самоиницијативно и ќе птозборе бидејќи на 2 години уште не збори :)
     
  20. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Joined:
    Jun 22, 2012
    Messages:
    105
    Likes Received:
    25
    моето бебенце е 4 месеци и веке почнав да го седнувам по малку незнам како издржавме до сега затоа што он од 3 месеци сакаше да седи и еве сега да ви кажам најискрено седи без наша помош.