зборувавме со една пријателка која има женско бебе на иста возраст со моето (5 месеци) и ми кажа дека женските бебиња требало да се седнуваат покасно... така слушнала. па јас сакав вас да ве прашам дали треба покасно да се седнат и на колку месеци вие ги седнавте... да и пренесам .фала ви
ние самошто бевме на ортопед и ни рече дека може веднаш да го седнуваме бебчо (2 месеци сме) но нормално да го држиме бидјеки во спротивно ке падне (сепак е мн мало). Ортопедот рече до 6 месец веќе треба самостојно да седи.
два месеци??? за какво бебче станува збор машко/женско??? за какво и да е сметам дека е многуу рано за седнување. сепак вие си знаете најдобро...
Nie od 4 mes pravwvme vezbi za sedenje a veke na 6 meseci samostojno sedese.. za bebe od 2 meseci smetam deka e malo.Vnimatelno.
Совет од ортопед за деца-бебето треба да седи ОТКАКО ќе почне само да се крева во седечка позиција. НИКАКО претходно, никако форсирање од страна на родителите, потпирање со перници и сл., за да се гордееме чие бебе порано седело или паткало... Се повторувам со истово, ама пак ќе кажам- следете го ритамот на развој на бебето, не наметнувајте, не форсирајте, тоа е најприродниот ритам за бебето. За да седи (без последици подоцна) на бебето треба да му зајакне мускулатурата, а тоа е процес. Плус, прераниот притисок на карлицата, на колковите, на 'рбетот, може да бидат само штетни. Природата се погрижила да го заштити со тоа што не може да седи додека телото не му се подготви за тоа, не одете против природата...
Ние имаме полни 4 месеци и кога лежиме постојано се напрегаме да станеме. Кога и ги фатам рацете веднаш се исправа, седи, но секако без рамнотежа, морам да ја држам и така е многу среќна. Исто кога се држиме во раце постојано се свиткува и сама се уседнува. Сеуште е мала за да ја оставам така и недај боже да направиме некој проблем. Во полулежечка положба ја оставам само по неколку минути. Ќе почекаме за седнување уште некој месец.
мене ортопедот ми кажа да седнува од 7ми месец, но мојава баш деновиве ја гледам скроз се исправа и седнува и со рачињата се потпира нанапред пред ноџињата, буквално седнува, и не знам дали да ја оставам - јас одма ја легнувам кога ќе седне така, а знам дека доколку сама седнува нема штета, но ме буни советот дека на 7месеци треба да седи
Јас го следам детето. Моето се витка само за да седи, го седнувам од 3 месеци после консултација и ехо со ортопед и негова согласност. Ако не е седнат се напрега и самиот се тегне за да биде во седечка положба. Се разбира не го оставам така долго време, но не ни избегнувам седење. Го држам по неколку минутки и тоа само во скут кога е. Во релаксатор ми е во полуседната положба за да се учи сам да се крева и да си ги зајакнува мускулчињата (исто по препорака на ортопед).
Моево бебче уште кога имаше 4 месеци почна самото да си се седнува кога и да го ставев во полуседечка позиција си се исправаше и си седнуваше со широк повој и тоа. На 5 месеци бевме кај ортопед, ја сними ги виде колчињата и рече се е во ред може да и ги тргните пелените и да почнете да ја седнувате. Арно ама.. свекрва ми на секое ми вика не ја седнувај ќе и направиш проблеми ќе ја искривиш, ставај и пелени за широк повој, нема да можи да раѓа, женско е итн итн.. јас не ја седнувам.. ако ја седнувам само 3-4 минути помеѓу перници и тоа е се во цел ден.. и плус тоа што самата си седнува што се исправа. Ќерка ми има моментално 5 и пол месеци.. прашањето ми е .. пошо госпоџава ми прави шубе да ми е.. кога да почнам да ја седнувам да си седи сама и да си игра? Таа и сега во тие 3-4 минути си зема играчки се наведнува.. ама некако шубе ми е.. после сите коментари што ги имам изнаслушано... иако ортопедот ми рече слободно седнувајте ја. Совет.
може ова не е баш за оваа тема ама да прашам,имаме 3 месеци ,кога го држам во раце главата ја држи ама не многу стабилно,имам читано да се става на стомак да се дига само кога е така легнато да се зацврснат мускулите,вие како правевте?
Бебињата треба од првиот ден да се ставаат да лежат на стомак. Ние го ставаме бебчо по неколку минути дневно, сега не секој ден ама неколку пати во неделата да. Инаку советот за на стомак лежење ми е даден од ортопед а и има многу статии по интернет каде што пишува дека треба од прв ден да се става бебето на стомак за да ги јакне мускулите.
moeto ja drzi glavata ispravena uste od dva i pol meseci a na stomak go stavam malku ama voopsto ne saka i place.
Колку и да се трудам џабе...еве денес направивме 4 месеци, колку и да се трудам тоа да е полуседечка, тој се опира и крева...како стомачни да прави. Здравје штом ќе отидеме на ортопед ќе видам што ќе рече.
Ние од 3 месеци се креваме... Наредна недела прави 4 и едвај чекам да го однесам на контрола да видам што ќе ми каже ортопедот. Денес од полуседечка дечкото сам си седна. Последнава недела кога ќе седне држејќи ме за прстите мои гледам дека сам држи рамнотежа, на ме стиска како на почетокот. Ќе видиме што ќе ни каже докторот, ама ако треба да го држам легнат уште некој месец, не знам што ќе правам.
Пред некое време читав текст од хрватска физијатарка, баш ме загна моментот за седење зашто и мојов кога имаше 3 месеци од наслон со 45 степени, се исправаше. Многу убаво објаснила жената дека се работи за бебиња со повисок тонус на мускулите, што во никој случај не значи дека треба да се стави во седнта положба (со наслон на 45 може, не со наслон од 90 степени), зашто коските и 'рбетот се се уште меки и може да настанат страшни последици (жената баш си имала работа со дечиња со проблеми предизвикани токму од прерано седнување).
moeto e 5meseci i veke sedi samo bez potpiranje, inaku pocnav da ja sednuvam od 4meseci. Ziveam vo usa i ovde doktorite velat deka e dobro da se sednuva, isto taka ja ostavav da stoi uste od eden mesec, taka se zacvrstuvaat muskulite na nozete.
Само што се вративме од ортопед. ни рече дека може да го седнуваме, ако е мал, детето било спремно син мајкин јак