moevo samo probuva da sedni jas go legnuvam to se isprava i celo vreme taka koga ce ja legnam se nervira i placi
Ние сме денес 4месеци ама бидејки сме порано роде и а инаку имаме 2месеца и две недели и малава уште пред месец дена почна да се крев ама уште не е стабилна и пајга а потоа плаче и пробува пак да стане,ја држам сосема малце седната и се смее а потоа кога легнува пак плаЧе гледам сака да седи или на нозе да потстпува
кога ја читам темава и се подзагрижувам ние имаме 4 месеци и само си лежиме и си преткаме со нозете и рацете а не како кажувате вие само да се опира да стане кога ке го седнам малку седнува ама не може убаво не е стабилен мора да е потпрен јас кога го прашав педијатаротми кажа седнување од 6 месеци и од тогаш почнуваат самите да се преврјкаат во лежење па ми е прашањето дали треба да се грижам што не се тегне сам да стане за да седи или нема потреба сеуште сме мали
Јас мислам дека нема врска што е малата родена порано, не може да биде 2 месеци ако е родена пред 4 месеци, тоа педијатрите како ја водат нема врска со нејзината возраст, затоа и детето ти сака да си станува, не е мала 4 месеци, сега почнува да го осознава светот каков е.
ич да не се грижиш.само ке покаже кога е спремно и обично тоа е околу 6ти месец.не за џабе педијатрите така советуваат.и моето абер немаше од превртуванје(додуша и сега не се превртува) нити од седенје па после 6ти месец почна сам да се исправа и сега воопшто не сака да лежи само да седи.и не е седенје ако го потпирач со перници ,само треба стабилно да биде.се што е предвреме форсирано може само штета да направи.
Мојава не дека седи седи,туку кога ме вајча за прст се крева нагоре и со мала помош моја, нема потреба од загрижување секое бебе е различно а и ретки се тие што седат на 4мес..мислам има време накај 6ти месец
Лелее не да се дига да седи... мислам во секој момент ќе тргне некаде. Колку само и е зор многу ми е интересна нози главичка успева и рамињата да ги подигне. И на страна се врти.
На ова тема педијатрата ми рече после 6месец седнување,бидејки сеуште се мали не било убаво сега да седнувале.
почнавме со седнување околу 6месец..сам почна да се исправа,да се држи во количката ..од страна перници не сум ставала..демек да седи порано..
Јас ја седнувам од 5 месеци, со дозвола од ортопед( има развиени јадра како за поголемо бебе) , се превртува од стомак на грб и обратно од 4 месец и сама ја крева главата и ни дадоа амин дека може. Ама дека уште не седи сама, не седи. Не ставам перници, во количка веќе седи сама а на кревет уште не.
Uste od 4 meseci se podiga sama da sedi, i taka trae podolgo vreme (ne se umoruva) pa pocnav da ja nasednuvam nekade pred 5ipol meseci. Dodeka ja drzam e nasednata, jA stavam na krevet da sedi dodeka sum do nea. Zdravi i zivi nekade sredina na septemvri ke odime na kontrola da vidime so ke kaze pedijatarot za kolkcinjata. Se nadevam se ke bide vo red kako i dosega.
Имаме 5 месеци и сеуште не ја наседнувам, единствено во раце кога ја држиме таа всушност е во седната положба. Не планирам да ја форсирам за порано да седи, кога ќе дојде времето сама ќе си покаже дека е спремна. Инаку сама подигнува глава и нозе, особено кога е легната на перница, тогаш пробува да се исправи ама сеуште баш не може. Затоа ќе бидеме трпеливи уште некое време додека да седиме.
Ова моево има скоро 5 месеци а цело време се исправа незнам како да направам дали да го седнувам оти на ортопед не сме пошле 2 пат сеуште и не ни е кажано.
Денес го ставив и за прв пат ми се преврте цел на стомак само што се свртев инаку многу малку го ставам освен во количка ако се смета за 45 степени инаки ќе почнам со перничиња.
Цацувче на ортопед ќе ти кажат да не го потпираш со перничиња и да го оставаш сам да се исправува. Во однос на одење, лазење, седење и сл. не треба детето да се форсира, туку да се остави самото да си започне со тие активности! На твоето и време му е да се превртува од грб на стомак и обратно, ако го легнеш во релаксатор или количка самото да се поткрева. Син ми уште околу четвртиот месец сето тоа го прави и јас го оставам, но не форсирам ништо, ниту седење, ниту лазење, ниту пак здравје Боже одење.
Син ми е четири месеци и две недели веќе почна ептен да се крева. Го ставам во агол од 45 степени и сам се крева да седи. Знам дека е мал и само сакам да го однесам на ортопед да ми одобри инаку напредно бебе е веќе сам се облека од меше на грбот и обратно
Во врска со седнувањето...затоа постојат ортопеди, ке го гледаат на ехо и ке кажат дали е БЕЗБЕДНО да го седнеш или не.Секое детенце има индивидуален развој и неможе да се мери со ниедно друго. Доколку ортопедот на ехо види дека чашките на колковите се оформиле, тогаш нема бојазност и може полека да се почне со седнување, без разлика дали бебето има 5 или 7 месеци. Значи месеците не се мерило !