Фазите несмее да се прескакаат. Самото бебе ќе си покаже кпга е спремно да седнува. После 4+ или 5+ зависи од бебето и нормално од ортопедскиот преглед ( како се јадрата кој се најбитни и целата конструкција и цврстина на бебе ) се ставаат во полиседната положба 45°С. Кпга самото бебе ќе си се исправа за да седи ќе се остава да седи,но не долго нормално. Мојот син од 6+ седеше сам, почетокот немаше нормално рамнотежа (на спална седнат го ставав со играчки ) па паѓаше, нормално го придрживав,но никогаш перници не ставав за да се научи сам и да зајакне самата мускулатура. На неполни 7мес седеше сам без никаква помош и сам седеше во кадичка дур го бањав ( нормално под мој надзор ). Нај ама нај препорачливо е уште од многу мали да се оставаат на стомак за да развијат мускули на раце,врат,грб и стомак. Со самото тоа ќе е полесно за понатака. После самите со веќе научени на стомак и развиена мускулатура ќе почнат да се поткреваат,превртуваат, лазат итн. Паткањето е после ортопедски преглед (после 6+ ) кога ќе се видат убаво дали се присутни или не јадрата, колкови, мускулатура итн. Ако е бебе млитаво и не е цврсто таман работа да се патка...ќе искриви и колкови, рбет и ноџиња. Од 6+ јас во џампер по препорака го ставав и со самото тоа си зајакна додатно мускулатура. Од 8+ почнав да го паткам зашто оставив самиот да си ги покажува фазите кога е спремен.
за тоа најдобро и најсоодветно ќе ти каже ортопедот како е спремна како се јадра све Ама штом веќе се напрега слободно потседнувај а нека се учи за на меше не форсирај за месец дена сама ќе се врти .. Крофната моја единствен преглед имаше на 4 ипол месеци кај ортопед следен ни е на 9 во меѓувреме ни кажа се е добро и дека самостојно ќе седи за мн брзо и пред 6т оти она мн се напрегаше и исправаше виткаше вртеше уште после 4 и така и беше немаше 6м она седеше самостојно како идеше ден у ден право крофниче наше си седе си фаќа све околу неа имаше период се се навалуваше вртеше на меше и дига дупе се осеќа способна кутрава а она нема сила битно напнува нешо сега сме за некоа ден полни 8м она сака исправена потпрена да е на нешто и ми пушта мн убави чекорчиња гордост мајкина е само да паткаме и во дубак а ставам две нед и него почна да го вози на сите страни пргава е доста.. Така да што сама покажува опушти се
Моето бебе е 4 ипол месеци и се напнува сама се исправа. Рацете ги фаќа во тупаници и се исправа дури сама се крева скроз. Не сака да лежи. Дури во сон се крева ама мала ми е некако да ја седнувам. Во февруари сме на контрола.
Ние сме 6+. Вчера бевме на ортопед и ни рече да не го форсирам за седење. Он си се исправа и сака да седи. Ми рече да не му ставам перници колку сака и колку може детето толку да седи.
Eve jas da spodelam iskustvo bez pregled i mislenje na ortoped, posto ne sme bile, ovde nema takvi pregledi. Uz na kolkcinja im pravat na dva mes i toa e se. Moeto od 5 ipol e vo jumper, na pod lezime isto od kaj 5 mes. Slobodno mozam da kazam deka e po mrzelivo bebe, pa osven sto se prevrtuva od rana vozrast drugo i ne go interesirase. Pr. lezejki da go kreva glavceto ne pamtam da se desilo. Prv pat ubavo samostojno sedna na 7 mes. Istiot period i se pusti sam, legna od sedecka polozba na stomak za da lazi. Mesec dena se butkase so nodjinjata i taka rovarese niz stan. So racete ne mu bese jasno sto treba da pravi. Na 8 mes i nekoj den pocna da se postavuva na site 4 i eve pravime napori pravilno da lazime. Smeshen e, ke zastane na site 4 i ne znae sto posle e sega za nekoj den 9 ke napolni i se obiduva sam da sedne. Sedi, na stomak ke se pusti, pozicija za lazenje, ke padne na strana, ke sedne na gazeto potpren na edno race i vika mamaa da mu podadam raka da se krene i sedne. Cirkuzi sme. Moj sovet, pratete go deteto, samo ke vi kaze i pokaze.
Не. Во поликлиника Букуреш, Снежана се вика докторката. Многу е фина и убаво објаснува. Бебуш многу ја сака, кога ќе ја види почнува да и се смее
Девојчето почна ептен да се крева нанапред. Кога е легната на стомак кај мене се крева скоро во седната положба. Знам дека се што прави сама е нормално, ама некако мала ми е за толку да се крева. Кога почнаа вашите да се креваат?
Na 3 meseci. I go stavav u skut da si posedi pa go vrakjav nazad. Koga kje posakase pak mu dozvoluvav. Eve go godina ipol e tocno super mu se i kolkovi i rbet
Во некои работи ќе е понапредна во некои ќе е таман на време. Мојов абер немаше до 5 месеци ни да се сврти ни ни да се поткрене. Одлично е развиен и супер моторика има. И во други работи ќе приметиш може порано да ги почне но сето тоа е ок. Не ја кочи остај ја да си тера развој
Мм почна да паничи. Вика праќај слика на докторката. Што да и правам цело време е исправена. А мало е за тоа. Вика што стомачни ќе имаше @wannaBeMomma ако ја оставиме ќе седи цело време. Она одеше нанапред со телото уште пред 2 недели некаде, ама денес како стана од спиење почна ептен да станува.
Isto i mojata.4+ Se kreva mislis ke trgne sekoj moment.Ova go pravi veke nedela dve.Nie sme na 1vi na ortoped.Ke vidime so ke ni kaze
@kukla21 син ми од 3 месеци исто се исправаше и сакаше да седнува, повремено го држев во скут речиси седнат...од 4 тоа седење зачести, а сега веќе скоро 6 има и супер е со коски, јадра, колкови, рбет и слично работи од кои се плашев кога он се напнуваше да седи па дури и сосема напред кон нозете да се навали... Според мене, штом покажува дека може по малку, подседнувај ја, секое бебе има афинитет кон различни работи, се чувствува спремно за по малку штом се крева...
И мојата момичка кога лежи врз мене си ја дига главата и кога бевме на ортопед на 4м и го кажав тоа. Докторката ја фати за раце да ја подигне ама малово газот го дигаше не главата, кажа после 6ти месец ќе седе. И јас некогаш ја оставам малку да си седе, ама ја држам инаку отиде нанапред.
И ние од два месеци сме со стомачните, се живо не интересира а од седечка положба се се гледа. Ја подседнувам кратко колку да и се направи кејф, душа и свет седната да е, кејфлисана цела. Самата се си кажува што и кога е време.
Од кога ги седнувате? Педијатарот ни рече дека веќе може, со подршка нормално, ама страв ми е да не е рано. Утре прави 5 месеци
И мене ми кажа од 5 може да ја возам под 90 степени. За седнување ја прашав и рече дур не е спремна сама да седи, ќе лизга надоле и џабе потпора и јастуци ид сите страни