За мојов рече дека доста стабилно седи и затоа. Само да не го оставам сам за да не се повреди пошто сепак не е уште толку самостоен. Он повеќе нанапред паѓа Ама мене ми е страв да не му е терет на рбетот или што знам. Дали е безбедно.
На преглед кај ортопед на полни 4 месеци имавме оформено јадра и малку ме искара докторот зошто бебето не ми било на 45степени седнато туку во корпа. Кажа дека од раѓање можело да седи на тој степен и го седна на 90степени.Ми падна малку чудно со оглед на сите муабети до сега дека бебе не треба да го седнуваш до 6месеци, туку само во полуседната положба. И сега го ставам повеќе во релаксатор да седи и во количката, но не ми е стабилно баш, се лизга надоле.
Исто искуство со ортопед на полни 4 месеци. Јадренцата одлично оформени и напредни. Ја потседнувам и јас на 90, а и таа самата си бара. Среќна е кога ќе ја исправам во седечка положба.
И мојава почна да сака да седи ... Си ги дофаќа нозете. Дури и од лежечка положба ја исправа главата. Ако ја држам седи, а меѓу перници се лизга надоле. Не знам дали да ја држам. Релативно стабилна е. И ако слизне се врти на стомак и си дофаќа со рацете - не се буни. Ќе прашам и ортопед, ама сакам да чујам искуства. Исто така, знам дека ортопедите не препорачуваат ама имам дубак/џампер и сакам да го користам барем по малце да завршам некоја работа? Дали користењето на тие е поврзано со седнувањето? Од кога вие ги стававте вашите?
Од 5 месеци ја седвев, без перници позади, кога ќе се измореше сама си легвеше. Не ја форсирав. Дубак не користам, немав потреба. Мене на под шо се вика ми порасна детево. Гајле нема и да ја оставам сама некоја минутка. Знае да се заигра и башка обожава реклами на тв и кешки нека терат вака.
@TeddyGrey Јас ја седнувам од 5 м и 1 недела. Дубак користам за седење за да завршам нешто по дома, од релаксаторот ми се лизга и ми е страв да не падне. Во дубакот седи и гледа цртани, вака на кревет не е многу стабилна, одма го влече гзот надолу за да легне. На под не можам да ја оставам,ладно е многу иако ставам ќебиња, на кревет исто, се врти настрана со нозете во вис и веројатноста да падне е огромна. Во дубакот најдов спас, иако Каличанин ми рече откако ќе почне стабилно да седи да ја ставам ако веќе сум одлучила, јас сепак малку порано ја ставив. Не верувам да е штета, баш и се допаѓа Во него и ја хранам, дур купам хранилка деновиве..
Почнав да ја седнувам од 6 месеци после преглед од педијатар и дозволено седнување под 45 степени со пернички или во количка. Од 5 месеци ја седнував во релаксатор додека ја хранев не ја оставав долго да седи. Од 7 месеци почна со лазење и станување на коленца и за неколку дена и исправање, после почна сама од лазење да седнува или од исправена да падне на газот и да седи.
Сега кога ве читам како вашите деца почнале уште на 6 месеци да седат се нервирам моето е 8 месеци а уште неможе само да седи дури и со перници некогаш паѓа да не има некој проблем се нервирам многу
Јас го ставам на под но повеке од 2 минути не сака не сака дури на стомак да лежи брзо му здосасува само во раце сака така го научив во рацр по цел ден за жал
Не се секирај. Секое дете е различно. Мојот на 8 тек почна да се врти од меше на грб, па на 10 веќе се исправаше за стоење. Прооде на 14/15 месеци, а еве го веќе на 19 не може човек да го застане. Трча и тоа стабилно без никаков проблем. Оставај го на земја. Многу играчки околу него, зборувај му и ќе се научи се сам.
Se slozuvam vo potpolnost. Bebe ne se sednuva, bebe samoto si sednuva koga ke bide spremno. Nekoe na 5, drugo na 8-9 meseci, se e normalno, pod uslov se razbira da e preglwdano deka se e ok. Nikakvo potpiranje so pernici, a stavanje pod 45 stepeni od radjanje. Takvi se vprocem i site transporteri. Normlano ne cel den. Bebeto samo si vezba koga e pod 45 stepeni i se potkreva. Koga ke bide sprmeno samoto si sednuva bez nikakva potpora. Toa e sedenje, a ne potpiranje so pernici i sl. Isto nema razlika na taa vozrast medju masko i zensko od aspekt na toa koga sednuva. A bez dubaci.i dzamperi isto taka se moze. Ne e problem.ni da se stavi ponekogas vo dubak, problwmot w sto stom se stavi retko ostanuva na ponekogas.
Мајки бебе ми е 5+ се крева сама но не скроз за да седне малку тоа не ми е јасно кога викаат ако се крева сама нека седи дали треба скроз сама да седне или оноа што се поткрева она до пола од прилика?кога ќе ја седнам (неколку секунди) не се лизга на напред туку си седи потпрена на перниче и е многу среќна.дали од 6 месеци да ја ставам да седи ? Секој совет е добродојден
Мајка што направивте со седењето, кога почна да седи, прашувам по што и син ми наполни 8м пред некој ден ама уште не е спремен за седење?
Моево прво застана на нозе на околу 8-8ипол месеца, па после научи да седи. Претходно не ја ни ставав да седи, освен ако не ја држам во скут од некоја причина. Цело време беше на меше доле, немала потреба да седи.
Денес бевме на педијатар и малку ме стави во мисла, мојот се врти, врти главче,се подигнува па и седи онака по малку ако го седнам ама не е цврст, не е стабилен уште. Крајот на декември пак ќе го носам а во меѓувреме и нас ни рече на меше што повеќе за да се вежба, па ај се надевам се ќе е во редако не на ортопед ќе мораме, да го види што како е
Во однос на седнувањето,баш на форумов изначитав различни мислења и ставово. Некои на 5м ги седнувате во положба од 90 степено, а некои на 45 степени. Конкретно за дечково сакам да прашам, ние сме 4++ и го имам заприметено повеќе пати со ножињата се крева како да сака да направи мост, а кога му давам рачиња тој одма се крева дури дава напор да се исправи во положба од 90степени, па прашањето ми е...дали бебево да го ставам на 45степени и во хранилка и на под и во количка???