На пример ќе знае дали е бремена или не. Бездушно и кажуваат дека нема срцева реакција и цикрулација на плод, вака ќе направи бета и вредноста ќе си каже дали е бремена или не. Еве мене бетата 466 ми беше доволна да знам дека сум бремена, бидејќи не ми беше верно дека сум успеала во битката.
Она е веќе бремена, само плодот се уште нема срцева акција. Бетата секако ќе биде висока, дури и да не е нешто во ред со плодот, па според тоа вредноста во овој момент кај неа нема да покаже ништо значајно. Само на ехо треба да се следи плодот како ќе напредува и дали ќе има срцева акција во наредните денови.
Одма само што дознав со тестот на сите блиски Ако ми се душмани не би ми биле блиски И сличајно ако се деси нешто со плодот, јас секако пак ќе им кажам Тие се тука за мене, зошто да не споделувам радости и таги со нив. Не би требало од нешто да се срамиме дека ни се случило, како би се излекувале доколку не го споделиме? Посебно да ја кријам најголемата радост 3 месеци? не ми е јасно, тогаш ти треба најголемата позитива. (си го лачиме хормонот на среќа, добредојден е посебно во првите три месеци) секој со своето размислување, но мене тоа криење до 4ти месец ми е нејасно.