Пред да одам на работа утрото го направив тестот , и веднаш уште од врата на сите колеги и колешки им ја соопштив убавата вест, и се јавив и на мајка ми и на другарките на сите кажував затоа што јас мислам дека ако треба да се случи нешто со плодот може да се случи и во 4,5,6 итн месец . Значи како рекол Господ така...
На најблиските им кажав веднаш штом дознав, а на останатите... Кога почна да ми се познава ако тие ме прашаат ќе им кажам а а ко не СЕ ГЛЕДА нема потреба од прашување
Iako sum 5 nedela,veke imam stomace,a imav i pred da ostanam trudna.Denes mi dojde na gosti edna prijatelka sto odamna me nema videno.I odma-da ne si trudna? A jas bidejki do 3 mesec ne se kazuva neli, i odgovoriv: ne, ustvari ne znam.Bidejki se poznava,dali se uste da krijam ili ne?
Се зависи од тебе јас уште од 5 недела кога ми ја потврдија бременоста почнав да кажувам ама тоа е индивидуално, сега сум 12н.Некои се водат по тоа до 3м не се кажува оти да не се расипе плодот нели до тогаш е најризичниот период, па после да не објаснуваат на народот што се десило нели болна ќе биде темата за кажување.До душа тоа е така дека има и прост народ на една познаничка и се расипа детето во 3м и после пола година период се враќа во родното место на гости, и ја видела комшиката дека не носи дете и ја прашала ти роди нели,а кај ти е дететето?Е тоа е македонска работа што и да се случи комшиите мора да се информирани во прв ред па и не размислат двапати пред да прашат нешто.Која мајка остава мало дете дома ама ај.
Леле, леле каков народ има еј... Да, баш за тоа некои не кажуваат, пошто од алапачи нема да можеш да се откачиш после. Додуша луѓево си прашуваат све ги занима и да си и да не си трудна. Еве јас на пример сум скоро 19 недела, ама 3 месеци веќе не идам на работа,на боледување сум, пошто имав ризична временост. Сега за некој ден треба пак да почнам со работа, и ми се јавува шефицата (со која сум во многу лоши односи и никогаш не комуницираме ни во живо а не па на телефон) и ме прашува: А колкав ти е стомакот? А сега ти се познава ли? А високо или ниско го носиш? А здебелена си или не? Што и е гајле на неа бе...? Ама неможе да издржи и мора да изалапачи со тие кокошките нејзини радознали. Избегав од темава...Јас немав баш одредено кога да кажувам кога не. Спонтано како ми доаѓаше така кажував. Некој ќе се погодеше да ме праша ,,ајде кога дете,, и сега што да правам јас...па ќе кажев. На најблиските одма им кажав а на останатите кој како дознае-така. А кај нас е доволно еден да дознае и после радио Милева ќе си заврши работа.......
Јас дознав во 5 недела дека сум бремена и тогаш кажавме само на нашите родители и сестри. Пошироката јавност ја информиравме после 12 недела, кога помина првиот скрининг. И тоа беше повеќе како потврден одговор за оние што ќе прашаа, сами не се фалевме со бременоста. Имам колешка што направи инвитро и 2 месеца секој ден сите ја прашуваа исти работи, на крај мораше да оди на чистење,бидејќи бебето немаше срцева акција и требаше пак на сите да раскажува за истото,бидејќи сите од култура мораа да изразат интерес, што беше доста трауматично. Затоа не сакав за мојата бременост да зборам додека не се уверам дека е на добар пат.
Кога дознав и ми потврдија бременост бев 6-та недела и кажавме само на родителите и сестрите, ама почна брзо да ми се познава стомачето и ако некој ме прашаше дали кај нас има нешто ново, си кажував ДА. Не криев, мислам мене ми беше глупаво да лажам пошто апла се приметуваше, ама па и не трубев наоколу лее леле трудна сум. Некогаш се случуваше да кажам некому дека сум трудна ама да не раскажува наоколу додека не се зацврсти плодот. Значи како сакаш, нема тука правило.
мислам дека сепак ќе почекам до следиот преглед кој е за десетина дена,па после кој праша,ке си кажам.инаку малце ми е глупо што кријам од најблиските другарки,ама...
баба ми ме има подучено дека ако останеш бремена ако сакаш можеш да си кажеш ако не сакаш не кажувај али баба ми ми кажа ако некој те праша дали си бремена а ти си веке бремена не било убаво да лажиш и да викаш не сум бремена значи ако те прашаат не лажи не е добро
јас во првата бременост кажав одма на моите и на неговите па се породив во 8 месец во втората бременост пак само што дознав јас дознаа и другите ама во 5 имав спонтан е така ум за друг пат третата бременост ја кажав после 3 месец до тоаш јасмажми и мајками знаевме така да зависи од ситуацијата кај секоја двојка дали и кога ке кажат за бременоста
незнам зошто да тие глупо??? тоа си е твое право... јас кога дознав дека сум бремена бев некаде 4-5 -та недела, и решивме до нардниот преглед да не кажуваме на никој,тоа беше некаде 8недела откако ми рече дека докторката е во ред им кажавме само на родителите,а на други не, а во мегувреме јас многу настинав и се се молев да е во ред со бебето, па оставивме да кажеме откако ке одам пак на наредниот преглед а тоа се случи дури во 12 недела, и откако видовме дека се е во ред со бебенцето, дури после тоа им кажав на другарките ... ако ме прашаше некој во меѓувреме да не има нешто ново, не им кажував, мислам дека тоа е наше право кога сакааме и на кој сакаме да кажеме
И јас така имам чуено од постари луге дека не бивало да се лаже,тоа ми се случи само еднаш,да излажам...повеќе не.
Па не е убаво да се лаже,сепак е убава вест, мене на работа кога почнаа да ме прашуваат, бидејќи неколку пати дојдов покасно на работа поради прегледи нели, си одговарав како на шала: ќе видиме, што е до нас, ние си работиме на случајот, да видиме што ќе испадне и така, нема многу простор за допрашување. Не мора да се лаже, за после да ти викаат што криеше, туку нешто привремено да се се избегне конкретен одговор, ако веќе не се доволно блиски да знаат во првите.
Пошто ми се познава стомачето веќе,ако ме праша некој зар да лажам?! Велат дека не бивало да се лаже ако некој те праша. Знам дека е наше право кога и на кого да кажеме,но сепак таков е тука народот...
и мене ми се познаваше си имав и претходно јас стомаче,кажував дека сум здебелена,а ако ме прашаа за бебе, им велев кога сака дедо боже тогаш ке биде и си замолчуваа... верувај сите на околу се злобни и никој не сака да те гледа да тие убаво, ова го знам од искуство
Јас не криев, од почеток кога дознавме, дозна мајка ми, па оние поблиските околу мене и така се прошири веста... Мене ми кажаа дека тоа било за убаво и не се криело, било грев да се крие. Не верувам нешто во тоа дека не се кажува до пред 3месеца и сл. Што треба да биде ќе биде...
и јас не верувам во такви работи, шо викаат бабини деветини, ама кај мене така испадна работата, излегоа некои компликации, и затоа ми дојде да кажам некаде во 3 месец откако излезе се во ред секако дека ке биде како шо сака дедо боже
И кај мене е комплицирано од сам почеток, од прв преглед ми беше забрането да движам, поради крварење. Но, ете јас воопшто не се ни помислив околу ова дали треба или не да кажувам. Некако не ми ни текна за овие адети, обичаии ли што е