Кога дознавме прво јас и мајками после го изненадив мм, па он им кажа на своите поблиски другари јас на две три мои друшки, и толку знаевме се до трет месец, откако за даун нифти ги добив резултатите дека е се ок кажавме на цел свет
Првиот пат сите знаеа немаше некој што недозна уште одма бевме пресреќни и мислевме радоста не смее да се крие за жал имав миссед во 15недела , а вториот пат си почутив малку не кажував дури и кога ќе ме прашаа дали сум бремена велев не незнам ко ќе дознам ќе ви кажам немам проверено до 15 недела не кажав ама очигледно беше пошто и не одев на работа прекинав и сите знаеа дека сум бремена ама негирав..
Во тој случај разбирам што сакаш да кажеш. Сепак форумот е јавен, па јас лично не би ставила слика, иако твојот случај е специфичен, па ако некој редовно чита во темите каде што пишуваш, а те знае лично, може да собере два и два и да разбере која си. Пак ке речам, и без негативни личности, сосема е разбирливо кога некој ја крие бременоста во првите месеци. Како и да е, со лесно нека ти мине бременоста и ти посакувам многу среќа.
Јас на најблиските вторава бременост од старт кажав. Свекрва ми, свекор ми, поблиски членови од фамилијата од страната на маж ми дознаа од пренесувач (тастер) од форумов.. пред јас да им кажам (а сакав да почекам бар срцева реакција, ама некој не почека ни 3 дена одма им кажал). А на страната моја, сестра, мајка, татко, мои блиски роднини јас им кажав.
На најблиските моите родители и сетрами и родителите и сестраму на сопругот, еден пар што ни е мн близок и најблиските две другарки им кажавме веднаш кога слушнавме срцева реакција, на останатите другари пријатели, колеги со кои често се гледам почнав да им кажувам откако го направив првиот скрининг во трет месец. Сеуште има некој кои незнаат за мојата бременост, најчесто роднини и пријатели со кои ретко се гледам. По мое мислење барем првите недели дур се осигура дека се е во ред добро е да знаат само најблиските, оти има случаи каде доаѓа до спонтан во раните недели и се изложува трудницата на дополнителна болка за да објаснува на сите што кажала што како се случило, што сметам би се избегнало ако на почеток знаат само најблиските.
Јас морав да кажам на раб уште од позитивен тест зошто одма останувам дома и да си бараат замена да бидам фер тие одма ме пуштија дома од нив дека се изнамачив а на мојте само што видовме тестот мм на неговите јаа на мојте одма звонеме хихи сите беа пресреќни... после веќе кога почна да се познава сите дознаа па и дека дома лежам па прашуваа каде е зошто ја нема и мм гордо кажувал ми носи бебе нема одење за неа
Лично јас кажував после трети месец, но од една малку подалечна роднина,која дозна на неизбежен начин, се рашири муабетот... прво негирав, но потоа престанав да го правам тоа. Макар што сѐ уште има некои со кои поретко се гледам и кои не знаат...
Еве 18 недела сум и дури сега почнав да кажувам на подалечни луѓе, роднини и пријатели, и тоа ако ме прашаат Има ново и му велам Да иначе сама не кажувам, а сеуште немам трудничко меше и не се познава, ама живеам во мало градче и се се научува. Веќе сите знаат. А на поблиските му кажав до 3 месец, на баба ми и дедо ми после 3, си имав причина имам пишено поназад во темава.
И јас ако сум 21 недела немам кажано на сите. Само ако ме прашаат. Глупаво ми е да кажувам сама како фалење ми иди. Само на поблиските другарки им кажав после 15 недела и секако на моите и ма од мм во 7 недела откако слушнавме срце.
Јас на моите родители и на родителите на мм кажав веднаш,уште ни на контрола не бев,штом го направив тестот. Во тој период многу знаеа да ме прашаат дали има нешто на што никогаш не одговорив негативно,ќе имав грижа на совест ако така направам. На другите после 2 - 3 месец си кажував, но најголем дел знаеа, бидејќи една од личностите кои случајно дознале раскажала буквално на секој кој го сретнала
За првата бременост прво на маж ми му кажав потоа тој на татко му а јас на моите дома а потоа и на тие кои сега ни се кумови. и дури во 4тиот месец кога почна да се познава им кажав на останатите. Сега кога пак би била бремена мислам дека од среќа на сите би им кажала.
Јас тука (бидејки само една членка ме знае и знаам дека ќе ќути) одма би се пофалила и на блиски (под блиски ги рачунам мајковци,татковци,брат,золва). На други само после 3 месеци, верувајте дека постои огромно зло надвор. Искрено ни на гости не би одела кај подалечни луѓе првите месеци... Ах само да биде...
После првата неуспешна за која знаеа сите и отпосле поминавме многу лош период, решивме со мм да не кажуваме на никој се до трети месец, но некаде баш пред трети моравме да кажеме на најблиските затоа што бев на боледување а тие ни дојдоа на гости, но сепак знаеа само нај најблиските мама тато дада свекор свекрва. Потоа морав на една блиска пријателка па уште на една и нормално на работа затоа што неможев да си ги извршувам сама обврските и ми требаше нивна помош. Официјално немам на ниту една од социјалните мрежи како што тоа многумина го прават, а и веруам дека некои роднини и пријатели сеуште незнаат и искрено не му се замарам за тоа кој знае ако ме прашаат нема са кријам ама немам намера да се јавам и самата да се пофалам, не сум тој тип
За првото сите дознаа не дека ние се фалевме повеќе родителите се фалеа а башка и узбрзавме со свадба.За второво ретко кој знае ретко кој ме видел со стомак мислам баш ќе биде интересно кога наеднаш ќе прошетам со две деца хахаха
Веднаш после потврда од гинеколог им кажавме на моите, неговите. Откако слушнавме срцева акција почнавме поширок круг, друштво, роднини.