Не сретнав тука ваква тема па сакав да ја отворам... Кога почнавте да размислувате за името на вашето бебе? Дали тоа е ваш избор или ќе оставите вашиот кум да ја има таа чест да го даде името на вашето бебенце? Јас лично дури од самиот почеток почнав да размислувам околу оваа тема.Сакам кратки имиња,не сакам да се крати името...Како на пример...Емилија-Еми или пак од Александар-Алек/Аце... Доколку моето бебче биде машко ќе се вика Филип, а ако биде женско ќе се вика Миа. Тоа се предлозите на мојот кум и мене мнооогу ми се допаѓаат овие имиња.
Уште откако забременив. Маж ми го одбра името. За второ дете јас ќе го одберам името. Прво ја прашавме кумата и таа рече ние да одлучиме.
За машко имавме име, ама ете денес ни кажаа дека е девојче. Па кога ќе помине свадбата сигурно ќе паднеме на муабет и за ова. Инаку кумата уште денес кога и кажав дека е девојче, одма ми нагласи дека апсолутно право ми дава да си избере име
Миа е најубавото име така се вика ќерка ми, а и второво е дундулајка па неа здравје ќе ја крстиме Уна и тоа ќе биде второто најубаво име , така да за Уна од старт решив дека така ќе се вика само што дознав дека сум бремена, а Миа повеќе варијанти имаше но го одбравме правото име кое многу и доликува
Jovana uste pred da se mazam znaev deka taka ke se vika bebeto moe i ete ispadna zensko odvaj cekam da ja zemam vo pregratka
Од секогаш знаев за машко како ќе се вика. Името што си го планирам, за мене има посебно значење, а дечко ми не се замара многу со такви работи. А за женско уште се двоумам, па ќе видиме на крај на кое ќе падне изборот.
Ние се договоривме машките имиња да ги бира тој, а јас женските. За имињата разговаравме уште додека работевме на случајот бебе. Дина (мамина) мене ми се допаѓа, ако биде девојче. Ако биде машко, тој вика Дино (татино) Интересни ни се Дина и Дино, веројатно едно од тие и ќе биде. Имаме време, прво полот здравје Боже да го дознаеме, па потоа ќе се одлучиме за име. Сега сме во фаза на размислување, а додека да го родам можеби уште 100 пати ќе се предомислиме.
Па ние размислувавме пред да се породам , неможевме никако да се одлучиме не сакав да е некое секојдневно па на крај по толку мислење се одлучивме да го ставиме името на свекрва ми - Кипарисија Кај нас кумот не одбира име, па и подобро така бидејќи ако избере некое што не ми се допаѓа може да има и лутење и карање
Јас размислував за име откако се роди моето ангелче, маж ми остави на мене да изберам кое име ми се допаѓа и така по неколкудневно размислување одлучив тоа да биде името Александар и на кратко си го викаме Алекс, а во извод е заведен Алехандрос
Ние имавме женско, а машко не. За машко име почнавме да размислуваме кога го дознавме полот, а и многу брзо се одлучивме. Камо за се да се договаравме така
Ние отсекогаш сме си замислувале исто име за машко, уште пред да знаеме еден за друг дека постоиме сме си замислуваме ако имаме машко дете ќе се вика Никола. А за женско Милица, и на двајцата ни се допаѓа многу, си мислиме и Мила, ама сега секое второ девојче е Мила, така што нашето ако е женско ќе се вика Милица, уште да дојде и тоа е тоа
навистина тие се едни убави моменти кога се размислува име за бебето.. моето маже ако е девојче сака да го стави името Лара многу му се допаѓа.. па здравје уште колку идеи ќе ни идат и за машки и за женски деца,,,, само да се здрави и живи покрај детето и името ќе ти е мило
па ние уште пред да си се земеме си кажувавме имиња за бебиња јас бев првата која му кажав дека многу ми се допајгат Aдам (машко) и лара (жEнско) и он ги прифати арно ама од како се земавме на мм му се допајга и амелиа(женско) и му текнала таа идеа дека ако имаме мAшKо адам и женско амелиа убаво било двете деца на A да биле така да ако е женско Kе има мешаница Oколу името само да ми биде здраво и живо
моето маженце многу го сака името Лара здравје боже кога ќе дознаеме шо ќе биде тогаш ќе бидеме во преговори...како и да е нека му биде кејфот и јас би се согласила со неговиот предог.. само здраво и живо да биде бебушот
уште кога го родив првото дете(софија) имавме одбрано име за второто ако е женско бисера да се вика.и некако си бевме убедени дека ако имаме второ ке биде женско,арно ама батко ни го зафркна планот и сега сме во недоумица(поточно јас и софи треба да го убедиме тато)батко да се вика матеј.а тато сака симеон или теодор.како и да е за месец дена треба да падне одлуката.здравје само името е најмалку битно.
Ние само што се веривме паднавме на муабет за имиња за деца Само да напоменам дека веридбата ни беше година и нешто пред да почнеме да работиме на случајот бебе и уште од тогаш се договоривме дека ако првото е женско ќе се вика Викторија. А за машко јас имав мнооогу имиња откако останав трудна се сведовме на две имиња, едно машко, едно женско. Ако е машко ќе биде Никита, по желба на мама.