Jas uste pred da ostanam bremena znaev kakvo ime ke dadam na bebeto.Ako bese masko 100% ke se vikase Aleksej, megutoa ispadna devojce i ke ja krstime Kalija, mnogu mi se dopadna ova ime a i na maz mi isto i presrekna sum edvaj cekam da se rodi iako terminot za raganje veke i pomina
Iminja si znaev uste pred da si go zapoznaam mazot za srekja mu se svigja predlogot moj pa nemavme problem okolu imeto
so mm iminja si imavme na um uste pred bremenosta...sega sum petti mesec bremena i nosam devojce i zdravje boze i dvajcata sakame Daria, no terminot mi e okolku sv.Nikola pa ako ispadne taka moze ke bide i Nina
Исто и јас си имав смислено имиња за обата пола, но и мене терминот ми е околку св.Никола, па здравје ако навистина се роди тој период ќе се вика Никола. Инаку женската верзија Николија исто многу ми се допаѓаше.
Уз муабет со маж ми уште пред подолг период дискутирајки се одлучивме за едно женско име кое и на двајцата ни се допаѓа подеднакво многу, за машко немаме. Здравје ако е женско имаме име ако е машко тек ќе мислиме рано е сеуште.
Dobro utro zenski! eve me i mene na tie slatki maki, imence da izbereme dodeka doma ne sme pocnale treta svetska vojna... Mi treba pomos okolu internacionalni iminja. Ziveeme vo Slovenija, imaat preubavi imenca ama mm neke da cue spasuvajte me da ne se vika stefan ili filip, ana ili marija oti na toa poleka se sveduva... Ubavi se i tie imenca ama epten bliski vo fam gi nosat pa bi sakala nesto pomoderno, nesekojdnevno i interesno. Blagodaram za site predlozi
Mari-ja Мене по принцип најмногу ми се допаѓаат македонските и руските имиња, а тие "модерните" и "лигавите" имиња воопшто не ми звучат убаво со нашите презимиња (Пример Уна, Миа, Лана, Леа, Лука,Давид,Матеј...без навреда за некој, да не ми замери тоа е прашање на вкус сепак) Но сепак така по интернационално не македонско како предлог за женски имиња ти давам Ања, Хана, Ксенија, Харита и Маја . А од машки имиња сите што ми се допаѓаат се македонски имиња, немам предлог за некое "помодерно" интернационално име....можеби Тео и Андреј но се пречести во последните години. Ние за име започнавме да мислиме откако ни го кажаа полот на бебето, а така поинтензивно разговараме сега 2-3 недели пред пораѓај. Е сега кај нас е проблемот што мм не ми дава простор ни да размислам и да се земе во предвид и мојата желба, а категорично настојува ако е машко по татко му, а ако е девојче по мајка му. Е сега бидејќи е девојче бебето, а на мене воопшто не ми се допаѓа името на мајка му, тој веднаш предлага да ја крстиме по татко му Илија но во женска варијанта Илина или Илијана. И тие имиња не ми се баш омилени, но од една страна сакам да му направам кејф, на мм, а немам ни ништо против свекорот и свекрвата па и на нив сакам да направам атар како што си е старата македонска традиција (иако тие не се умешале околу изборот на името) Но од друга страна сакам да си направам и на мене кејф да си ја крстам со моето омилено име Ања. Незнам дали да попуштам и да го прифатам предлогот на мм Илијана, или да го убедувам тој да го прифати името Ања, за коешто тој вели дека не му се допаѓа оваа име. Како се договоривте вие со вашите сопрузи кое име да го изберете, ако сте имале различно мислење? Дали и тие ви побарале името на бебето да биде по неговите родители?
Nie imavme takiv dogovor uste pred da ostanam bremena ako e masko toj go sakase imeto na tatko mu, a ako e zensko jas go odbrav imeto na tatko mi. Vsusnost se bese za moj ater oti tatko mi e pocinat. Koga doznav deka e devojce veke nema dilema - imeto e odbrano, a jas presrekna. Iminjata sto mazot ti gi nudi mene mi se prekrasni i iskreno mnogu poubavi od anja (no stvar na vkus). Da napomenam - glupava mi e tradicijata na takvoto krstevanje, no vo tvojot slucaj iminjata stvarno mi se ubavi. A vtoroto ke si bide kako sakas ti. Ne se nerviraj bez potreba koe I da e ke ti bide najubavo ke vidis
BirMelek истата дискусија околу името на бебето ја напишав и во друга тема за имиња за бебиња, и верувај од позитивните коментари кон името Илина и Илијана, колку е подобра варијанта од Ања, како што си напишала и ти, започнав да се помирувам дека ќе биде Илијана, а и започна да ми се бендисува лека полека името...Можеби подсвесно и сум сакала да видам и на другите кое име повеќе им се бендисува од Илијана и Ања, па да решам, иако така си велам дека само моето мислење ми е најважно А инаку си во право како и да се вика секако за мене ќе е најубаво. Човекот го носи името, а не името на човекот, има многу имиња што ми се допаѓаат од самите личности што ги носат, дека ми се позитивни, ведри, добри личности, а и обратно некое убаво име кога го носи личност што не ни е симпатична и името не го примеќаш дека е убаво. (Пример за мојот избор за името Ања, познавам 2 девојки кои го носат оваа име, а ми се многу добри, позитивно, ведри, борбени и убави девојки па од нив ми намиле името) Исто си во право тоа не е некаков многу голем проблем за толку да се замарам и нервирам, ама нели дека ми е прво дете, можеби затоа така се замарам поздрав!
За син ми вечерта пред да го дознаеме полот сонував дека е машко и му се обратив со името , кога ни потврдија на преглед, му кажав на маж ми, ни се допадна како звучи со презимето и од тогаш си остана, значи некаде 13 недела. Сега за второто, прво ни рекоа дека можеби е машко. Околу 16 недела, кога докторката ни потврди дека е девојче, на излегување од ординација, во кола маж ми ми кажа како би сакал да се вика и така си остана Никогаш претходно се немаме договарано за омилени имиња или да ни се мешаат кумовите, баби или дедовци. Сите се известени како ќе се вика бебето и уште сега му се обраќаат со име