Нас уште не ни е утврден полот ама со мм уште додека бевме во врска му кажав дека ако првото дете ни е женско ќе се вика Кара што значи сакана ,а ако е машко го оставам него да одлучи за име ама еве го уште се мисли
За првото при крај размислувавме и по раѓање донесовме одлука. Второто уште 18 недела одприлика ми падна на памет името.
Za prvoto uste pred da se rodi si imav ime odbrano,za vtoroto neako slucajno na pocetok od bremenosta imav edna prijatelka so vnuceto nejzino mi bea gosti i mnogu mi se dopadna imeto na maleckoto pa taka odluciv za toa ime
Името многу одамна му е избрано на синко мој. Со мажот ми бевме уште во врска кога кажавме како ќе ни се вика првото бебе ако е машко, за женско не мислевме имиња. И кога останав бремена си имав претчувство дека е машко и името му се знае, само дабе здраво и живо
Исто и јас уште кога бевме во врска реков ако некогаш имаме ќерка декс ќе и го дадеме тоа име. Па ете сега ќе имаме ќеркичка. Инаку прво ни рекоја дека е машко па имаше неколку кавги за името
За женско имав име. Бев убедена дека јас во животот ќе имам ќерки. На 1 скрининг ни рекоа женско. Ама околу 15 нед. се покажа убаво баткото Немам омилено машко име а гледам и мм се туфка За името почнав да размислувам веднаш штом ни соопштија за полот
Името си го одбрав јас, со умисла дека мора да биде од сите прифатено. На почетокот мм се бунеше така по малку (само на него му дозволував )ама на крајот попушти, кога и тој самиот сфати дека името си е убаво, а потоа на кој и да го кажев сите викаа преубаво е )
Со другарка ми бремени сме и двете...на сон сонив име за девојче,како да се вика,ама конкретно не разбрав дали за моето или нејзиното...ако е девојче ќе го ставам името од сонот кое многу ми значи ако е машко ќе оставам на кумот.
Ние немавме смислени имиња. За девојче додуша имавме едно избор на мм, за кое сепак ќе требаше да се преговара. За машко немав никаква идеа. Сега веќе имаме скратен избор на три. Едното беше фаворит, ама имам пријателка која во меѓувреме го решила истото кое и е единствен избор, така да за синко најверпјатно ќе биде едно од останатите две.
Уште пред да останам трудна си имавме име за девојче. Имавме и други ви игра, ама пак си остана тоа. Тоа го кажа и малата кума кога ја прашавме како да се вика бебето, а не знаеше ни дали е девојче. Ама за машко ниедно не ми иде на памет, на сите им наоѓам мани. Така да веќе знаеме како ќе се вика нашата принцеза.
Деновиве извадив позитивен тест Пресреќни сме, а имињата смислени се уште пред да се одлучиме за бебе ако е машко ќе се вика Дамјан или Василиј, а ако е женско Софија. Само здравје Боже да биде се како што треба
Што вие уште немате. Ние сме на три во моментов. За првото бевме сложни, ама јас почнав да се предомислувам и сега ќе биде дебата за одлука