Не размислувам на оваа тема, сакаме да е како празник ако е околу празник ама немаме размислено ако не е.
За близнаците веднаш одлучивме како ќе се викаат е сега за нивната сестричка уште немаме дефинитивно име а јас сум веќе 38 г.н.Ајде женски помагајте Во опција се Меглена и Лина. Бато е Михаил а дада е Лара па да си одговараат
Искрено мене ми е поубаво Меглена,старо име,дури и јас се мислев за ќерка ми за ова име пред да се роди
LINA, i mojata bebushka se vika Lina! Lina ne e moderno ime go ima od staro vreme, a zvuci moderno.eve primer najstarata zena od mojot grad e baba Lina ima104 godini, ima mnogu makedonski narodni pesni kade se pee za Lino mome
И јас сум за Меглена,само под услов да не и се крати во Меги и сл варијации.И Лина ми е преслатко,и едно од омилените,заедно со Лена(кое сметам дека одговара со на бато и дада). Направете си комбинација со презимето,ако е долго тогаш пократко име,и обратно. Среќно
Меглена е старо, но страшно исфорсирано според мене. Некоја во мојата генерација да се викаше Меглена, гарант ќе се прекрстеше Сега е фенси. За Лина можам да се сложам со @sunmoonstars иако ми се допаѓаат и други варијанти на подолго име кое го содржи Лина во себе, пр. Николина, Ангелина итн.
Јас си смислувам постојано имиња уште откако дознав дека е женско... но мажот ми вика кумот да кажел како ќе кажел така не било убаво да му преправаме бла бла.. искрено малку сум загрижена затоа што незнам што да очекувам а не сакам имиња по свекорот, свекрвата....
Ти кажи му кои ти се омилени имиња на кумот. Не го раѓа тој па тој да бира име кое на него му се допаѓа. Нема ништо лошо во тоа да преправаш, скоро сите си се договараат со кумовите, пушти го маж ти што зборува работи без врска. Сигурно тој ќе му каже на кумот на само како да го крсти за да биде неговата желба исполнета. Не прифаќај име од свекрва ако не ти се допаѓа, не знам ни од кај излезе тоа, големите принцези па ајде сега морало по нив внуците да се крстат.
Ова со свекрвите од кожа ме вади. Ко другиве баба и дедо помалце да се вредни. По никој и готово....останаломод времето и ние ај фини ќе се правиме. Детето си има мајка и татко...изберете 2-3 па и 5 имиња што ви се свиѓаат оа кумот од тие нека одбере.
Јас со години имам ист список од имиња, и машки и женски, ми стоеше во тетратче, сега во мобилен. Само едно машко додадов лани зошто неколку пати годишно сонував ист сон со бебе со тоа име. Маж ми има кажано никој нема право име да ми бира дури ни тој, после толку години, процедури, лекарства, инекции..ама ќе му дадам од списочето мое да бира, здравје само. А со кумата сум и онака "у договор" така што кумот нема шо да ми мрчи.
Во право си.. незнам мислам од нервози ќе пукнам.. ама и кумов ни е малку чуден па знам дека ќе има расправии. И зошто на свекрвами зошто не на мајками... очајна сум..
Точно така. Која е па свекрвата! Најдобро ниту на неа ниту пак на мајка ти. Ти ќе се малтретираш и ќе раѓаш, воопшто да немаш гајле да се спротиставиш и на мажот и на кумот. Тие ако имаат малку осет ќе те испочитуваат како жена пред се и ќе ги сослушаат твоите желби. Ете во договор со мажот одберете на пример три имиња кои ви се допаѓаат и на двајцата. Кажете му ги на кумот и тој нека одбере. Ти договарај се со мажот, вразум го малку него, кумот неможе со сила да му даде име кое не го прифаќате.
Ние си имавме име уште пред да одлучиме за бебе. Среќа кумовите ни се модерни па велат како ќе си одберите така, а искрено многу ги почитуваме па секако ќе ги прашаме финално пред раѓање и нивно мислење не поради старото време и традиции туку затоа што кум не може да ти биде секој, а и таква му е улогата пред Бога со самото венчавање. Строго сум против да се крстат по баба и дедо, уште повеќе по свекор и свекрва. Ние и двајцата со мм сме сложни околу тоа