Па нешто што одговара на презимето. Мене ми се допаѓа Серафим. Звучи моќно, има убаво значење, не е секојдневно. Он што мисли?
Јас уште од сега се мислам за имиња... мм сака Евангелија , јас Михаела , Викторија , а ако е машко Виктор ќе видиме на крај што ќе одбереме
Матеј или Максим? Или дајте предлог со М за машко,ќе се испотепаме по дома Ја па Максим многу си го сакам како име
Ко че бев заљубен до уши, пример за девојче сум размислувал Михаела, Орхидеја, Галатеа или Галена. За машко не сум размислувал.
Штом останав трудна, дискутиравме за име за машко бидејки бев убедена дека ќе биде машко, и одма стеснивме избор на 2 имиња. Кога дознавме дека е женско, направив список со имиња. За конечното име се договоривме околу 7миот месец.
Uste pred da ostanam bremena si imame iminja znaeme kako ke se vika uste ne znaeme kakvo e ama i maskoto i zenskoto ime ni se na K
Дениција ми се допаѓа многу за женско, ама некако ми е страв да не не си го сака името после, ептен е ретко. Исто Јоана, Алексија, Дарија...
Почнавме да размислуваме и нема ама баш нити едно машко име што многу ми се свиѓа.. Тешко ќе биде да се реши... На памет ни паѓаат Михаил, Димитри, Алексеј, Симон.. И ниедно не ми се издвојува посебно.