За името не размислував точно знаев како сакам да се вика. Уште пред да дознаеме што е бебуш, со маж ми си предложивме едно женско име (сегашното) кое одма беше прифатено и две машки за секој случај
Внуката на мм веќе си ја крсти Лина. И дури оди и си кажува дека бебето така ќе се викало. Многу е интересна,зошто кога ќе и речеш, не , чекај ќе видиме ќе ти кажеме...она вели, не и не,неможе Лина ќе се вика. Искрено сега за сега единствено се мислам дали да одам на кратко име, или на подолго од кое утре сигурно прекар ќе се извади.
со сопругот се двоумиме помеѓу неколку имиња јас сакам Матеј, Алекс, Ален, Алек а тој се запнал за Јован, Андреј дајте ми некој предлог како да го крстиме
И јас сакам син ми да се вика Андреј, ама на маж ми не му е баш по кеиф тоа име. Ќе видиме до крај како ќе биде.
Размислував, и дојдов до 3 имиња: Бисера Јасна Калина ..........а доколку курето не изненади на 4Д ќе е Никола. Па сега останува да ја чекаме контролата.
Името Калина најмногу ми се допаѓа. Мило ми е што уште им даваат традиционални имиња на децата. Без навреда кон другите, ама на мене воопшто не ми се допаѓаат имињата од типот - Хана, Лара, Дора, Лора, Дарија, Леона, и сл. Јас сум повеќе за македонски имиња.
И нас Калина ни е фаворит. Ама и на другарка ми што треба да се породи идниот месец исто така тоа им е фаворит. Калина го одбравме затоа што е убаво, интерсно и традиционално (Калино моме....мм ептен е во тоа) Многу Калнини ќе има
денеска цела ден си мислев на имина и еве кој ми се бендисаа најпојче : JASMINA,IVANA,ANASTASIJA а од машките ми текна само MARTIN
Мајка ми се вика Анастасија. Си викам кога веќе на другарка ми и се допаѓа истото име како и на нас и Ана е убаво има. Да се вика така. Кога вчера млата на другарка ми ми ви вика, кога бебето ќе се роди мама на лист ќе напише, во една кутија ќе ги стави и ќе ги измеша имињата па јас да одберам дали ќе се вика Калина или Ана Јас имам и друг опции, ама аман бе. На крај ќе ја крстам Калина Ана Ј. па нека се лути она ако сака
Snow-Queen: Мене од 3те имиња најмногу ми се свиѓа Калина. Zalosna: А од твоиве три најмногу ми се свиѓа Анастасија.
mona22, според мене од твоите предлози Матеј ми е најубаво. zalosna, искрено ниту едно не ме привлекува, јас повеќе би одела на кратките варијанти: Јана, Ива, Ана Инаку гледам на сите Калина ви се допаѓа И домашните ми велат Калина, освен сестра ми и една другарка за Јасна. Ќе видам, после 4Д да бидам сигурна дека е женско, на крај татичко да пресече кое му се свиѓа.