И ние немаме уште имиња, за синот бидејќи ми беше тешка бременоста, уште во 7 месец реков ако се избориме и победиме ке се вика Виктор. Фала на Бога тој секогаш ке биде мојот борец и победник.
Кај нас уште е рано да го дознаеме полот ама си имаме неколку имиња Тадеј,Јосиф,Филип и Доминик Катја, Лора , Кијара и Лана
Маж ми си имал замислено уште од порано и јас не се мешав бидејќи ми се свиѓаат. Уште пред да дознаеме пол знаевме дека за машко Стефан за девојче Стефанија.
Со маж ми сме циркуз моите имиња не му се допаѓаат, мене неговите па ич. Дали ви се дешава да смислите убаво име па да ви текне на некоја личност што ви е одбивна и одма да се откажете од името тој проблем го имам цело време. Очигледно многу луѓе не ми се по ќеиф
Многу често Мене на пр ми се свиѓа Дамјан. И реков без разлика шо имаме во фамилија, сакам така. Кога дознав дека другар од мм (едноставно одбивни ми се со жена му) го крстил така детето одма се премислив. Заради нив и името не ми се свиѓа веќе. Сега сум во потрага по ново. Маж сакаше Давид, јас не. И иста ситуација, сестра му вика "немој бе Давид, од тие и тие така се вика, не е убо да кажам ама грдичко е детето, не сакам на нив да ве потсетува" Ете така, жими 2 имиња шо имавме и тие пропаднаа. Ќе ни остане без име детето од неодлучност. За првото немав име од истава причина ама случајно кон 5 месец го прочитав негде и до крај ми остана во ум, друго ниедно не ми беше убо. Е да беа женски колку ќе ми беше полесно
Девојки ми треба ваша помош за женско име на буквата И најдов неколку и неможам да се одлучам па ако имате и вие некој предлог за име каже поздрав