Размислував уште од почеток, но одлуката треба да биде заедничка, а не се сложуваме баш со сопругот. Ќе видиме до крај како ќе биде.
Ние кога дознавме пол брзо одбравме име. Мм имаше едно омилено што јас не го сакав, тој моето не го сакаше и одлучивме нешто што на двајцата ни се допаѓа.
Порано кога сум размислувала на оваа тема сум имала многу идеи. Сега некако не можам да се одлучам. Мм сака да ја поднови мајка му, ама јас не сакам во никој случај. Единственото име што ми е врежано во главата, за несреќа, почнува токму со нејзината буква , и од таа причина ќе го жртвувам да не го ставам. Единствена опција ќе биде да оставам на кумовите да дадат предлози...
Што има врска буквата со свекрвата? Штом ти се допаѓа името, каква врска има првата буква ако се совпаѓа...
Кај нас во потесниот круг се Каја, Хана и Ања. Али 99% ќе биде Ања пошто и двајцата со мажот ми го сакаме тоа име.
Се скаравме ние неколку пати во врска со име. Јас сакам Аритон,Владимир или Марко. Маж ми запнал за Матеј или Лука. Маж ми барал значења на имиња и видел дека Аритон било името на некој демон, и веднаш го отфрли од листата, многу голем верник е. Владимир не досѓа исто во предвид, не знам поради која причина, а Марко го остави само како опција, не ми искоментира ништо. Еден период избегнувавме да го правиме муабетот за името, ама веќе доаѓа времето да одлучиме. Синоќа ме праша дали ми се допаѓа името Давид. Реков нема веза само да не биде Матеј или Лука. Ме зафркаваше да сме го ставеле името на свекорот реков дека не ми е проблем.