29та недела, уште не знам како да ми се вика бебушов... Опкружена сум со роднини и пријатели на кои речиси сите деца им се постари за некоја година и претежно се машки. Јас лично не сакам да се повторувам со имиња, а сакам да е убаво името ама немам баш избор. Ајде давајте предлози. Ќе ги пишам "зафатените": Петар, Михаил, Давид, Дамјан, Никола, Марко, Васил, Филип, Стефан, Матео, Марио, Јован, Илин, Максим, Димитар, Мартин, Јаков, Ангел, Тодор, Милан, Симон.. Значи други освен овие ви текнуваат ?
Што мислите за давање на име на дете од баба и дедо пример Цвета, Трајанка, Трендафилка, Ружа, Стојче, Стојмир, Добривое, Благојчо, Трпа?
Би дала ама само ако е убаво името или ако трпи некаква помодерна верзија, а од овие што си ги пишала...
Не ми се допаѓа искрено. Не би дала такво име, ни па сум за давање имиња по баба и дедо. Мое дете, моја одлука, ниеден не може да ми се меша, ни сакам да го крстам по празници, роднини и чуда.
На почеток уште кога дознав дека сум бремена почнавме да разговараме за имиња. Бидејќи пол сеуште не знаеме за женско ни се допадна и на двајцата Анастасија, а за машко сеуште не сме нашле некое што ни се допаѓа. Мислевме Александар по дедо му, но така се вика зетот на мм, комшијата и свекор ми и таа опција ни отпадна. Вика мм замисли дојде зет ми на гости и сите надвор со се татко ми и комшијата па оди викни по Александар сите ќе се свртат.
И јас немам. Види во календарчето може денот си носи некое име...Или на крај краева влечете ливчиња...