Мене сите три ми се допаѓаат. Само Даријан го има некако премногу периодов, само поради тоа би избрала некое од другиве две. Во секој случај убави имиња.
Ако, ако, кажете си, јас сум навикната од мојана свекрва, на вас ли ќе ви замерувам, хахаха. Иначе Марко е на ММ име, Даријан е мое, а Калин е трето по ред, неутрално. Ќе влечеме ливчиња на крај.
Синчето ми се вика Марко Јас за машко слабо имиња бендисувам. Марко беше прв и единствен избор за првото, ама ете и второто е машко. Тешко ќе биде за име бирање Матеј евентуално
Јас после царски на интензивна нега го смислував по систем на елиминација Ме чекаше мм да му се јавам пошто сите прашувале како ќе се вика И така јас со песокот на стомак, инфузија, лошење, повраќање мислев име
Кога дознав дека сум бремена, веќе имавме одлучено за име, едно за ќерка, друго за син. Откако ми го потврдија полот, почнавме бебето да го викаме по име.
Уште пред да останам бремена. Ако имаме девојче ќе се вика така му кажав на мм. Се согласи без приговор. Јас сега си ја викам по име( кога сме на само), иако е уште во стомаче, името го знаеме само јас и мм.
Чекав да ми кажат пол ама бидејќи мојата лавица не сакаше да се покаже почнавме да размислуваме од 5 месец ,ама на крај до денот кога се породив не бевме сигурни. Сабајлето откако се породив го дефиниравме.
Јас сеуште не можам никако да се одлучам. Како вие се одлучивте во кој момент ви дојде да пресечете ??
На пораѓај Ама сега за женско, тешко. Сите ми се убави . Имам едно фаворит со години , едино малку ме предомислува ради презимето.