Јас имав другарка ко дете со две имиња и баш стално ја викавме со двете имиња, а нели она една па се зезавме. Кај нас тоа не е типично и пракса да се дава и средно име, а на крај секако сите ќе ја знаат само по првото Јас сум за едно име, две имиња и плус презиме во машки род ми е ноу сенс за кај нас.
Интересна идеа која не се практикува кај нас ама мене ми се допаѓа исто ми се допаѓа и само Зои како одлучиш ти мами така нека биде
Убаво и ретко ❤ Инаку уште пред да останам бремена со мм секогаш сме збореле какп ќе ни се викаат децата ( имавме одбрани имиња машки и женски) но на крај кога останав бремена и кога ми кажа дека е девојчица како од пушка кажав име и мм се сложи (инаку ќе паднеше војна хахха ) се договоривме за Меглена ❤❤
Убаво е, мене ми се допаѓа и само Зои, но и двете имиња пак е убаво и оригинално. На едни пријатели детенцето се вика Лена Зои.
Кога го дознавме полот. Повеќе идеи имав за машки имиња, за женско потешко излезе да најдам име. Уште не сме одлучиле 100%.
Ања ,Мила , Надја, Дона , Зои , Јана , Каја ,Леона , Лаура Бјанка ми е многу убаво име ,иако не е кратко .
Секоја година пред бебе си имав по едно, две омилени имиња што ми се вртеа во глава. Кога стаса бебе ниедно не ми беше веќе убаво и во последен момент се одлучивме мислам веднаш после пораѓај, јас уште под анестезија. За второ битно име имам смислено, за женско, да одговара со првото. Второ дете не е за брзо во план, што е уште побитно.