Ние за првото одлучивме да биде ретко и не сакавме да биде Ведран, Војдан, Јаков едни од најчестите имиња. За второво синко пресуди како ќе е вика и ако не ја крстиме како он што сака тешко нас
За првото маж ми и кумот во 5 месец се поднапија и излезе дека ќе биде Стефан, за второто исто средина на бременост решивме да биде Јован, за третото од старт си кажавме имиња, маж ми за машко, за женско јас, и се роди Ема
Ми беше на ум уште пред 2 3 години, ама не бев сигурна Останав бремена во убав период, баш тогаш имав датуми за славење и за мене е со посебно значење именцето а и баш неа ќе ја опишува, храбра, борбена, нежна И татко е согласен секако
Ме интересира како гледате на тоа ако се роди детето на некој празник , дали давате име по светецот или она што вие си го имате замислено ?
Моето омилено име а не е класика, не знам дали си за традиционални.... па на крај мажево на мама ме зезна моравме машки имиња да бараме. Бјанка
И кај нас исто испадна машко да е . Така да сега машко име ќе бараме. Маж ми вели јас веќе не верувам што е дур не се роди
Мојата се роди на 21.09 на мала Богородица, ама веќе си имавме име кое го сакаме, плус малата кума го кажа тоа име прво па не сакав да менувам.
Ние што си го одбравме. И двете ќерки ми се родени на Св Василие, на памет не ми текна Василки да ги крстам
Na kraj na 6ti nekade sum aber nemame od ime pred nekoj den spomnavme nekolku cisto za predlog za kumot pa toj sto odluci no imame 4 a beme dog za pet e sega mo treba nekoj predlog za zensko ime sto skrateno bi ja vikale kiki osven kristina nekoj dr predlog