Pavel sakase mojata drugarka da go stavi imeto na bebuskata, no koga se mesa nekoj..... stari luge. I taka sega detenceto e Pavle neka i e zdravo i zivo. Pokraj deteto i imeto se miluva
Невена и Ева ми се допаѓаат, ќе ги предложам на мм. Тој даде предлог за Мила, па ќе видиме кое ќе победи. Денес бевме на преглед, но не го дознавме полот. Јас не дозволувам други да ми се мешаат во тоа. Јас и маж ми ќе одлучиме, да дадат предлог ок, но да влијаат на мојата одлука мало морген
Со оглед на тоа дека многу рано го дознавме полот(14-та недела) рано почнавме да размислуваме и за името. Уште кога дознав дека сум бремена, а и пред тоа, сакав да биде девојче и имав смислено име, ама неспремна за машко. После сите консултации со мм и децата, решивме да биде Никола
Ние уште од почетокот се договоривме, ако е машко името го бирам јас, ако е женско тато. И така бидна, тато си го одбра името, Јана
Искрено штом го дознавме полот почнавме да размислуваме како ќе се вика,кое име го сакаме ама сепак мм ми кажа јас да се решам и јас еве решавам помеѓу три сум кога ќе решам ќе ви кажам поздравче
женчиња ова хормониве биле многу лоша работа познавајќи се самата себе колку можам да сум пишманџија отпосле а и пребирлива,не можеме никако да се одлучиме за женско име...да биде не секојдневно,модерно,интернационално,лесно за изговарање,за спелување ,да не биде долго,да не биде кратко и така..времето си поминува бебе ќе дојде ние абер немаме
Јас и мм уште како дечко и девојка имаме зборувано на оваа тема.Изборот ни беше само на две имиња тој машкото а јас женското.Е сега кога конечно сум бремена,полот сеуште не го знаеме а имињата се Викторијан и Тина.Здравје кога ќе го дознаеме полот ќе видиме што ќе биде,незз дали ми е до хормоните отсекогаш сум сакала едно име а сега ми се вртат повеќе низ главата.хехе.Само здравје нека е живо и здраво па за името ќе се договориме.
јас да ти кажам..хормоните ...исто и кај мене ова ми се случува,имав имиња у комбинација две-три ,ама тоа кога не бев бремена...сега јок..ни едно од тие имиња не ми се совпаѓаат за бебево..ептен ме истоштија бирање и комбинирање на имиња
Е па здраво мила моја. Same here....Луѓево веќе почнаа да не прашуваат за име( што малку ме нервира, кога ќе се роди ќе дознаат како се вика), бремени пријателки знаат како ќе им се викаат бебињата уште пред полот да го дознаат(имаат машки и женски имиња нели) а ние си тапкаме во место. Истото го бараме, а такво име со овие предиспозиции не можеме да најдеме.И мм на секое предложено име знае да стави прекар и тотално ме полудува. Сепак, постои опција, за која и двајцата се договоривме, ако бебето ни стигне за Илинден, ќе се вика Илина. Само толку.
терминот и мене ми е на втори ,па гледавме и ние некакви комбинации од илина ..па вајда до терминот ќе си најдеме именце
^ Јас па самата си викам, можеби бебето само ќе си го донесе името, кога родителите не можат да одлучат .
Јас и мм само што го дознавме полот на синко се одлучивме за Милош тоа беше некаде крајот на трети месец и почетокот на четврти ( мојот матичен гинеколог релативно рано ги открива половите на бебушките па имавме време и убаво да си размислиме околу одлуката )
јас пред да останам бремена имав милион иминја во комбинација, а сега тотална блокада појма немам ај има време рано е ке се најде убаво именце
Сеуште не сме седнале асално да размислиме за име. Имаме нафрлено предлози, некако слабо инспирација имаме Има едно име околу кое се согласуваме, меѓутоа бараме и други предлози. Којзнае кое име ќе излезе на крај со ова наше темпо на размислување
Уште кога дознавме дека ќе имаме бебче мислевме на имиња ,ама некако се на женски и кога ни кажаа дека е машко имаме 3 имиња ама до крајот здравје само моше ниедно од тие нема да биде, зошто како мине време некако не ми се свиѓаат а инаку сега засега сме за теон
Јас сум 7ма недела бремена и веќе го знаеме и името. Ако е женско ке биде Теа, ако е машко Тео. Нема менување на овие имиња, затоа што многу ни се свиѓаат и на двајцата