На колку години почнавте да носите градник?Дали се срамевте?Какви беа реакциите од најблиските? Мислам дека нема ваква тема,а ако има слободно избришете ја
Не се сеќавам баш, ама мислам дека беше накај 12/13 години јас и онака не сум надарена таму. Немаше потреба порано да носам градник.
На 11 год тогаш почнаа оддеднаш да ми растат баба ми ме зафркаваше демек леле големи гради ќе имаш а јас уште толку се срамев ама нема врска тогаш ми пораснаа и толку сега ми се нормални ни големи ни мали
Градник или бебидол? ( не ми се смејте незнам како точно се вика ) Бебидол на 11 години и сеуште носам.. За градник рано е..
Рано се развив така што на 11 год.веќе си носев и не се срамев нормално ми беше затоа што речиси сите другарки околу мене веќе носеа..напредни момички си бехме
На 13 години! Сите мои другарки имаа гради и си носеа градници, а јас немав гради па поради тоа често пати бев исмејувана. Срам - не срам и ја кажав маката на мајка ми и си побарав градник. Ми даде еден мал, памучен, кариран градник без корпи. Никогаш нема да го заборавам! Јадната јас кај без гради, па уште со памучен градник без корпи. Секој ден си го полнев со тоалетна хартија, за да ми стои. Ме стегаше, ме болеше, си трпев и си го носев. Гревче! Среќа што не ми текнало весници, место тоалетна хартија да ставам. Сега сигурно градник немаше да сакам да видам, не пак да носам. Ах тој детски памет!
Бебидол на 12... Требаше порано, но мајка ми е многу конзервативна во тој дел, па цело време велеше дека е глупо и рано. А јас си имав мака. Цело лето морав да носам долна маица и да се потам, а дури и ме иритираше маицата...Но, кој да ја разбере мајка ми? Грдо чувство! Но мајка ми беше во состојба да ми купи само наједноставни маици, без ништо на нив, па да не носам долна маица и да не ме иритираат. По ѓаволите!!! Па морав и да избегнувам тесни блузи бидејќи се ми се познаваше! Па и во училиште, во соблекувалната морав да се лепам во некој агол за никој да не ме види... Потоа, конечно, конечно, конечно успеав да ја убедам мајка ми дека навистина ми е потребно нешто такво, па така. Важно се измачив цела година...Добро, и јас малку се срамев да и кажам, но го знаев нејзиното мислење за тоа. А градник сеуште не носам, рано е. Најверојатно некаде осмо.
јас дури за полуматурата го добив првиот градник ,претходно скришно ги пробував градниците на мајка ми ,моите врснички веќе носеа а јас кутрата мислев дека мајка ми треба да ми каже или да ми купи и на крај морав сама да си побарам нели за полуматура за маичката подобро да ми стои,знам дека беше бел,со потполнки оти ако ги немаше ќе немаше на што да стои кутриот,а ако мајка ми не ме застрами нема кој,уште првиот ден некако носеше куп алишта и од нив падна на тепих мојов градник и татко ми ми го виде а оваа не го ни крена се направи дека не го гледа и си умрев од страм додека го кревав ,како што си бев срамежлива само се згрбавував за да не ми се гледаат ''големите'' гради