Некни на 02,02 ахаха Мама уште кога има 11 (во шесто) ми велеше да ми земи,ама јас -не,не рано ми е ама сега дојде крајно време
Во осмо одделение. Немав до толку развиени гради баш за прcлук, но навистина беше многу сладок и мислам дека уште си ги чувам првите два. Ист модел беа, без потпунки, жолт и розев со точкици и панделка на средина. Пукнав од радост, затоа што одвај успеав да ја натерам мајка ми да ми купи, со добро познатиот израз „сите носат, само јас не“. Потоа во средно, откритие на векот ми стана пуш ап градникот, ќефови бев кога видов како изгледам со таков градник.
мислам дека на 10 почнав со бебидол,а лани од септември почнав со градник,иако можеби требаше порано да почнам..
Почнав да 12 години.Имав развиени гради и морав да почнам да носам.На моите школски реакциите беа ,а јас на секој можен начин им пробував да објаснам дека тоа е нешто нормално,порано или подоцна сите ке носиме градник.Мајка ми ме сфаќаше и воочуваше дека имам потреба,а роднините не се мешаа,во секој случај тоа е моја работа!
Во 7 одд.се секавам кога требаше да имаме систематски преглед во училиштето и мајка ми ми купила и ми рече дека треба да почнам да носам леле тоа како ме стегаше , ме нервираше..едвај го износив тој час или два, и кога дојдов дома го фрлив а и имав ептен мали гради и така го носев ептен кога морав да одам некаде.Слобода си е слобода, нели
На 13 години во седмо одделение!Тогаш почнав,порано немаше потреба бидејќи не ми се многу големи градите,а некои мои школски почнаа да носат уште на 12 години од петто одделение поради големата надареност на градите!Тогаш кога јас почнав да носам градник немаше градници со потполнки,ниту оние со жица,такви дури подоцна се појавија,кога јас бев средно училиште,барем јас тогаш не сум ги забележала!Моите први два градника беа едниот кожа боја,другиот бел и се чувствував многу секси и женствено кога ги носев,па дури некогаш и спиев со нив бидејќи тоа тогаш беше едно ново возбудливо доживување за мене! Сега,пак,воопшто не сум воодушевена кога треба да носам градник,напротив,го избегнувам највеќе што можам бидејќи ме стега,а јас сакам да се чувствувам комотно,но,сепак,многу ми е жал што морав да ги фрлам моите први градници бидејќи сосема се излитеа и станаа целите со излезени конци и како распаднати поради староста и многуте перења и преперувања!