На 11 или 12 не се сеќавам точно, ама сеуште бев во основно. Прво беби дол, а потоа многу брзо почнав и градник
На 11. Им беше смешно на моите другарки бидејќи носев прслук уште од тогаш поради големите гради ама сега не им е до смеење.
Нa 11 гoдини зa прв пaт oблекoв бебидoл, a нa 13 грaдник. Се срaмев првиoт месец/двa, нo пoтoa се нaвикнaв и тaкa
Јас едвај чекав да почнам да носам, мислам дека некаде на 12-13 години прво си купив бебидол, па потоа и првиот градник Немав потреба, ама сите носеа. Доживување беше купувањето, уште се сеќавам. Мајка ми ме разубедуваше по пат, сум немала потреба, а памтам дека и продавачката ми го кажа истото. Ама упорна бев и купив , со гордост го носев Spoiler иако празен
Не ме служи баш најдобро помнењето, ама мислам дека во 8мо одд. за полуматура, а претходно бебидол носев. И сега немам потреба за градник, ама го носам за да не бидам сплескана напред , иако и ден денеска почесто си носам бебидол.