Кога првпат седнавте пред компјутер?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 25 август 2012.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Кога и каде првпат седнавте пред компјутер?
    Се сеќавате ли на вашиот прв допир со напредната технологија? :D
    На колку години ви купија компјутер?

    Јас за првпат седнав пред компјутер во основно, на час во информатика. Значи сум имала 12 -13 години :) Компјутер ни купија две години подоцна, Пентиум 4ка, ќе се помочав од среќа. По цел ден цртав во Paint :lol:
     
  2. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    853
    Првпат на 5 години.Баба ми секој ден ме носеше во МекДоналдс,таму имаше компјутер и интернет.На тој начин и ја усовршив латиницата,и тоа пред кирилицата.Само се сеќевам дека играв Барби игри,а еднаш и отидов на ајван ми се чини дека се викаше,страна за чет.Ми пишуваа доста перверзни работи,а јас кутрата ништо не разбирав.Детиште.

    Првиот компјутер на 7 години.Радости беа тоа.За жал немав некој хардвер и мораа нов-денешниов да ми го купат.Тогаш ми ставија интернет и со тоа дојде крајот на ерата на барбиките и игрите пред зграда,а интернет игрите ми станаа најверни другарчиња.
     
  3. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    346
    Прв пат седнав пред компјутер на 5-6 години и тоа во приватна фирма на татко ми, и уште еднаш потоа дома кога го донесе после поправка, многу ми беше мерак да поиграм и цртам. :lol: Играв Супер Марио и правев уметнички дела на Пејнт.
    После тоа уште некој пат кај другарка што и го имаа роднини од Канада пратено, и беше доживување да играме Барби игри кои тогаш се појавија.
    Првиот компјутер ми го купија во 5то одделение и веднаш ми ставија и интернет, со лимит од 1 ГБ и знам дека секогаш проверував да не го пречекорам за да не ме караат ако дојде поголема сметка, и сообраќајот што месечно го правев беше 300-350 МБ. :lol: и сето тоа одеше во онлајн игричиња а покасно и Мирц.
    :D
     
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Ауу одамна беше, не знаев ни да читам ни да пишувам. ;4-5 години. Тој ми беше првиот компјутер :) Знаев само да напишам DA (имаше таква игра некоја си, многу ми беше интересна, по цел ден ја играв) и POP (таа беше со топче и да уриваш цигли, или така нешто) абе на тој мојот првиот компјутер немаше ни глувче, ни ништо. Ко ќе се пуштеше компјутеров си чекаш дур не дојт можност да пишеш и си пишуваш што ти треба и тоа :rofl: Јако беше :D а вториот беше пентиум 4ка :D на некои 10тина години :D

    Леле па ми текнува кога прв пат ми ставија интернет :rofl: :rofl: абе хај фајв по цел ден :rofl:
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    На 4 години, дедо ми донесе компјутер :D :D
     
  6. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Имав 7-8 години кога на братучедите и купија и ептен интересно ми беше. Ќе се соберевме сите и ќе игравме Милионер :lol:
    А за 12тиот роденден имав подарок компјутер од тетка ми:)
     
  7. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    221
    На училиште во петто, на некои 10-11 години. А на 12ттиот роденден ми го купија првиот компјутер. Се утепував од „цртање“ во пеинт :D После некое време Милионер игравме сите дома заедно, и кога ставија интернет после некои 2-3 месеци ни милионер ни ништо. :lol:
     
  8. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Па прв пат кога сум седнала не се сеќавам. А мојот компјутер ми го купија кога имав 8 години :)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Пред компјутер првпат седнав во прво одд. на 7 годинки, кај еден наш пријател, ми вклучи Paint да се занимавам додека бевме на гости.
    Јас бев воодушевена од тоа чудо и машинерија, ќе паднев во транс. :D
    Ептен се замислував важна, ко мислиш работам на некаква тајна мисија за ЦИА, со таква сериозност му пристапував. :D

    А мојот прв компјутер го добив на 18 години, после матурата, кога тргнав на факултет есента.

    Чудно, но дотогаш воопшто не ми беше потребен, ниту пак ми беше гајле за компјутер. :)
    Кога читам како некои добиле свој компјутер на 8 години... па не останува ништо друго да се каже освен дека времињата деф. се смениле.
     
    На JuLleE, crazyinlove19, Vik4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.737
    Пол:
    Женски
    Иако прв пат имав можност да штракам по компјутер на некои си 5-6 години кај мајка ми на работа, сепак нашиот дома го добивме покасно.
    Мислам дека бев седмо одделение, многу беше ладно, т.е. бевме на зимски распуст и си се поттепнувавме со прцулот кој прв да седне и да игра игричка или да гледа цртани од цедињата кои ги имавме во колекцијата. :D
    Во осмо ни ставија и интернет.
    Како што гледам по претходните мислења, една од поретките сум која покасно почнала редовно да го дружи компјутерот, ама сепак сум за тоа - колку покасно - толку поарно. :)
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Првпат во основно на час по информатика. Ама од тие стари компјутери, па задачи само решававме и толку.
    Мислам прва година средно школо бев кога моите ми купија компјутер. Жива среќна. И така сама си чачкав се и сешто и сама си учев, расипував и поправав. :lol:
    Интернет кога можев да уклучам леле мори мајко. Се подмочнував од среќа.
    И така тоа чудо за тоа време денес е неопходна ствар за функционирање. Сакале ние или не.
    Сепак среќна сум што детството ми помина надвор, со вистинска дружба со другарчињата, а не дома пред компјутер. Ама тоа е веќе друга тема.
     
  12. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Хм прв пат нашколо на час по информатика,а потоа кај една другарка па ми пишаа на скајп и пола саат гледав во тастатура нез како да вратам :D тоа беше 7 одд во летото пред да почнам 8 одд го добив мојот компјутер,и одма интернет ни ставија не почуствував како е да имаш компјутер без интернет, тогаш актуелно беше мирц скајп, братучедите со кои не сме од ист град ни се јавија ни рекоа укл се на мсн ама ние поима си немавме што е тоа, ама со текот на времето се си научивме,знам една др ми направи скајп и кога се укл од дома на сите им пишев Кај си ? :D и некои ми врака што ти е гајле,некои ги пцуев а сето тоа пред мајка ми :D која тогаш само седеше и гледаше во ком :D
     
  13. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.820
    Пол:
    Женски
    Уште пред да се родам, дома имавме еден "праисториски" компјутер на кој мајка ми работеше, ама не смееше да биде ни допрен. Многу лесно се укочуваше, расипуваше и не беше погоден за непрекинато штракање и проучување, па така да никогаш немам седнато на него.

    Прв пат имам седнато на компјутер кај кумовите. Дете како дете, дали имав 7 години, досадно ми беше и само се моткав наокулу, па кумот да не им досаѓам ме седна пред компјутер. Ми уклучи Paint и ми објасни како да цртам фигури, куќи и слично. Абе кога се занесов моите не можеа да ме однесат дома. Многу ми стана интересно и не сакав да си одам.:D

    Е сега не знам точно кога дома ни купија, ама откако компјутерите станаа многу популарни и цело маало имаше компјутер и на нас ни купија. На тој и не седев до толку, затоа што не можев да дојдам на ред од брат ми` кој по цели денови го проучуваше и "закачи" којзнае колку вируси, па многу пати го носевме на поправка.:$
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    На 8 год негде, значи мнооогу одамна ... на историскиот Спектрум ... :) Имам долга историја со компјутерите.
     
  15. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    503
    Пол:
    Женски
    Незнам колку години бев . Татко ми имаше ординација дома и кога не работеше си ги играв Delicious Deluxe и Chicken Invarders :D
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Уххх беше тоа многу многу одамна, дури низ магла се сеќавам, бевме мала и бевме на гости со моите кај куќни пријатели. И мене ми дозволија да играм карти на компјутерот.
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.545
    На час по информатика мислам...А компјутер ни купија некаде 7/8 одделение :?:
    Многу ми беше интересно кога ни го донесоа баш на Нова година,цела вечер си игравме игрички :D :rock:
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Првпат, како и многу други, на гости. Имав 8 години, и додека моите правеа муабет со домаќините, јас умирав од досада, и така ме седнаа пред тоа чудо. Цела вечер не станав, бев длабоко импресионирана. Играв Тарзан. Уживанции. :)

    После 2-3 години го добив мојот прв компјутер. Прво немав интернет, па се занимавав со Paint, па инсталирав мал милион игри и добар дел од денот ( и ноќта) го поминував пред монитор.

    За некоја година добив и интернет, и сега ми е незамисливо да живеам без него. :$
     
  19. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    222
    На некои 6 - 7 години , ме имаа пуштено моиве во некој центар за деца за " губење слободно време " :lol:
    играње "тапши тапши та на на " , не учеа англиски " јаболко, маче , куче " , да работиме на компјутер - вклучи - исклучи , цртање и такви ствари :D
    И така :rofl:
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Бев многу мала, околу 7 годинки и отидовме на гости во Скопје кај роднини и ми дозволија да играм карти на нивниот компјутер. Потоа, во основно имавме информатика од оние праисториските компјутери каде ја имаше Пак Ман и се тепавме цел клас кој попрво да си зафати компјутер оти требаше по тројца на еден компјутер да бидеме. И потоа во 1 година гимназија ми купија компјутер, и еве ме до ден денес секојдневно го користам. :)