Кога бев 3 одд (1997 година) татко ми ми го купи првиот десктоп компјутер од АМЦ со Windows 95, Intel Pentium 133 MHz, со само 32MB RAM, 15 inch monitor и принтер Epson LQ100. Одамна ги фрлив во депонијата Дрисла.
Колку што ме држи сеќавањето, на 7 години. Бев прав изгубен Германец. Пред мене имаше едно дете кое беше играло игра и не ја исклучи. Јас не знаев што да правам со глувчето, ми беше страв да не расипам нешто и го викнав да ми помогне. Ми објасни малку и со тек на време се научив. Се сеќавам многу играв една игра со принцеза и замок, собите се уредуваа и слично. Многу интересна беше и сега би ја играла.
Мислaм декa бев 7 oдд. кoгa се пoјaби прoчуениoт мирц , пa hi5 , пa msn Амa свoе имaв нa 17 гoд. кoгa се oмaжив
15год на час по информатика и си реков еј џиџееее a буквите со полиција ги барав за нашата генерација тоа време отприлика за некој порано за некој покасно компјутерот беше must have. А дома моите ми купија на 16-17 знам дека комбиниран беше со 32 гига рам и 100 пати појачуван од тогаш
На 9-10 години не знам точно колку. Татко ми ни донесе компјутер од странство, се сеќавам дека само игри игравме на него. Али после кога имавме пари за помодерен овој го фрливме во некоја депонија, секако ем го расипавме од толку играње.
Прв пат седнав на компјутер кога во зградата доле отворија интернет. Тоа беше хит, со праисториските компјутери. Брзо потоа ми купија дома. Беше некаде 98, 99 година и беше црн, какви радости Прво немав интернет и знам дека скапував играјќи игри. Најомилена ми беше Barbie Detective ( знам ја играв цел ден и никако да ми здосадеше ), и Worms А кога ставив интернет тогаш актуелно беше мирц и ICQ Комшии знам доаѓаа кај нас да им режеме на цд музика Времиња
Во 7мо одделение на часовите по информатика, тоа беше 1996та ако добро рачунам, појма неам што модели беа. Потоа кога бев прва година средно 1998ма го купивме дома првиот компјутер Пентиум 2, ради тоа што овој пат сериозно ми требаше да учам информатика
За прв пат во 4 то одделение памтам на еден голем бел компјутер што појма немав што да правам на него, знам игра ми пуштија да играм
Не се сеќавам баш, ваљда 4-5 год. сум била кај братучедките (они тогаш беа средно) памтам играв Тарзан и онаа со плавоно човече што се прави ко топка Ама после тоа им купија на другите братучеди, малку се модернизира времето(иако уште беа компјутерите со сурла отпозади) и настапи ерата на Кантер, GTA и Маме 32, дремевме по цели денови ко будали (јас сирота појма си немав од Кантер и GТА, ги гледав само, а и ден денес е така) на Маме32 имаше една игра знам со голи жени што ја игравме, вујна ми не фати еднаш ќе не потепаше сите тројца дури и по*нич некој си имавме најдено во тој компјутер (наравоучение не чувајте свашта во компјутер, деца се ќе ви најдат) Мене компјутер ми купија некаде 5то/6то одд, веќе од помодерните со тенок екран, дур ми стават интернет играв Лара Крофт и Винкс бе со интернетот дојде ерата и почетоците на мсн, hi5, фб(го направив специјално за фарма и Pet Society), и уште работи тој компјутер после скоро 10 год.
На некои 4-5 години, 1999-2000 година. Кај баба ми и вујко ми имаше компјутер, и обожавав да одам таму. Ми пушташе вујко ми некои документарни филмови, знам имаше едно со животни од Австралија. И имаше едно животно што до ден денес имам трауми и вриштев Spoiler Исто имаше и едни игри што ги обожавав посебна една со косачот After dark games се викале, кај се присетив мора да ги симнам сега
Na moi 11 godini .. Kompjuterot go imavme od pred toa , ama se plasev deka ke go rasipam ako cepnam nesto pa si pocekav nekoja godina dodeka svativ deka ne e se taka crno
2004 Имав скоро 5 години. Ме однесе еден постар братучед во компјутерница или што и да беше тоа, ми пушти да играм Berzerk. После скоро еден час играње го срушив рекордот на тој компјутер. А компјутер добив една година подоцна бидејќи покажував интерес за компјутери.
Не се сеќавам.Паметам дека ја имав играта Хуго и уште една интересна игра,ама не ми текнува како се вика. И ако не си подолго време активен на компјутерот (заборавив како се викаше тоа кога се исклучува екранот ) се појавуваше онаа хорор-куќата .Не можам да најдам слика на нет.