Pentium 2, ми се чини беше - 2002 година. Во 2000-та излезе SIMS 1, така што нормално веќе и кај нас ја имаше. Па, ја растурав од играње. Age of Empires II/III исто така ми беа хит... Ехх, времиња. На прво седнување шкртав по Paint.
На 2-3 години. Сум седела во скут на една од колешките на работа кај мајка ми, па сум започнала да куцам на тастатурата, како што сум гледала дека прават околу.
Па околу 5-6 годинки кај постарите братучетки, имаа статичен компјутер, ептен ми беше интересно, си играв игри. Првиот лаптоп го добив во 4то одделение и од тогаш не се одделив од љубовта кон лаптопите.
Што се однесува до компјитери.. На 7 години првпат фатив пц кај братучед ми на гости. На 9 години у компјутерница првпат влегов. Првиот порнич на пц го видов на 12 год. (Пред 12 години ) На 14 години првиот пц дома.
Прв пат во живо видов компјутер, кога бев 7мо одделение. 1991ва некаде... Одевме на 'факултативна' настава 30тина одлични ученици од генрацијата.. Катастрофа, катастрофосана беше наставата. Не смеевме да ги допреме воопшто компјутерите, без експлицитна дозвола од наставникот. На од прилика, 5-6 часа (5-6недели) еднаш, уклучувавме компјутери, рестото беше настава на табла и од учебник! Се сеќавам кога прв пат ни кажуваше за дискети, наставникот, на долго и на широко ни објаснуваше за тоа колку биле 'осетливи' дискетите, и дека не смеело ништо на нив да чепкаме, освен! на ќошето каде што имаше етикети залепено (???) Изгледавме, како со епрувети со ебола да ракуваме Прв пат почнав да користам-користам компјутер, од прилика 1996-7ма, во интернет кафе. Прв пат дома имавме компјутер 2001ва мислам... Интернет набрзо после тоа.. Дајл-ап. Со 5кб/с Повеќето од вас, не ни се сеќавате баш(или вопшто), како изгледа живот без компјутери и интернет...
По тетриз и нинтенда игрици моите купија статичен компјутер кога бев 7мо. Го купија за полесно да разбирам од часови што учевме по информатика. Јас пак се радував дека ќе имам многу повеќе игрици. Дете. Е сега не беше баш 1991ва тоа,ама па @WildMk во тие времиња ме чуди што на женски давале пристап до пц,дека машки предмет и струка се гледаше тоа,а и ве делеја ли часови за женски и за машки башка како што порано башка не водеја во дневник прво машки од А до Ш па женските од А до Ш? Денес со големо задоволство можам да заклучам дека и жените во голем процент секојдневно работат на компјутери и во оваа индустрија. Дури и можеби повеќе жени не има во оваа струка. Се прашувам баш сега има ли струка во која компјутер денес не е must-have
Не бевме поделени по пол, ни во дневник, ни за информатика. Каде тоа ги делеле по пол во дневник? Моево се случуваше во Битола.
Баш таму дал горна или долна гимназија не знам точно си имало во тие години и ти кога си учела родова поделба во дневник. Или пак легендата така вели Ама чисто се сомневам дека е легенда дека даскал ми има велено. Добро сепак важно е што срушен е тој стереотип од на времето кога се запишував на факултет, дека оваа струка е машка. Се повеќе жени се докажуваат како еднакви во преформансите и се носат рамо до рамо со своите колеги особено во област на програмирање.
Одамна беше тоа, не се сеќавам точно. А, кои радости беа кога го купив првиот лаптоп, не се опишува со зборови.
Многу одамна, претпоставувам дека сум имала само 6 или 7 години. И тоа бил некој од оние дебели монитори, бел можеби. Играв игри со барбики, бев воодушевена.