Прв пат кај една другарка што се дружевме многу често , таа имаше компјутер и беше меѓу првбите што имаа , тогаш имав 8 години
Оо, па експертов за копљутори нема пишано. Бев мала, премногу мала, не знам, 95/96та веројатно некаде, ера кога да имаш компјутер, беше исто ко свемирско летало да држиш дома. Интернет па? Немогуќа мисија. Со вујко ми и братучедот игравме Тарзан т.е. вујче играше, а ние блеевме, не знаевме ни маусот да го помериме. Освен тоа и поголем од ракава ми беше и тежок беше бре за мрдање. Ко тенк. Битно седевме пред компјутер дури не се осмеливме да чепнеме. Леле луѓе, кога открив дека на маусот се клика и успеав да отворам некоја програма...абе вакви бевме со братучедот. Буквално вилиците ни виснаа од среќа. Ме чуди како не сме се подмочнале. После дома ги напнав да ми купат и мене, а мајчиниве ме излажаа дека имам. Ми ставија телевизорче што личи на таков монитор, и ми дадоа, верувале или не, далечинско ко демек тастатура!!! И јас идиот, верував дека имам компјутер! Дете бре, дете. Среќа Нинтендо си имав за игри, па не го марев “компјутеров“, инаку... Првиот вистински компјутер го добив на 11-12 години. Подмочнување. Дури и тогаш пеинт беше главен. Е, не, ко сегашниве за “дечковци“ ќе се замарам. Во 5 бре станував за да шкртам и да играм Minesweeper и Pinball! Кога прв пат ставив интернет беше свршувачката. Прво што направив, се побарав себе на Гугл: Име Презиме 7мо Г, и се разочарав оти ме нема! Идиотизам.
На 9 години ни купија компјутер по желба на брат ми и се радував многу ! И само 15 мин седев на Пеинт ебате зошто брат ми си играше игри
за години не се сеќавам колку имав.мислам дека бев негде 6/7 одд,ама се сеќавам дека ја имав симс 2 и скапував на компјутер
Имам поголема сестра и дека таа тогаш беше некаде основно, а јас имав 4-5 години па моиве и купија компјутер, ваков.. цело место ни зафаќаше, од тие постарите модели. Spoiler Ептен бев зачудена и се израдував дека тогаш имаше барби игрички и тарзан па си ги играв, ме научи сестра ми а јас пак не сакав да и станувам, па често се каравме. Немавме интернет. Тогаш за прв пат седнав пред компјутер, а мојот сопствен лап - топ го добив на 10 години по иницијатива на дедо ми, сакал да ми купи за роденден па јас не одбив, секако.
Паа, имав еден искршен што не го ни користевме тоа беше негде 4години кога имав,но ништо не праев на него само го разгледував. А првичниот компјутер што ми работел имав во 7мо оделение кога играв по цел ден Worms
На 5 години, кај братучедка ми. Играв Stardoll, напнував веќе. Дома имавме компјутер, ама мислев јас дека е телевизор, не го користев многу. Повеќе мајка ми седеше, за фирмата некои работи средуваше. А мој сопствен компјутер имав на 7 години, мама реши веќе да ве пикне во светот на компјутерите. Мислам дека сега жали за тоа, но шта чеш. Лаптоп си купив лани прв пат, веќе го збеснав компјутерот.
Прв пат...хмм чинам на информатика во 7-мо или 8-мо оделение, не знам кога за прв пат го имавме тој предмет. Седевме по две деца на секој компјутер или во нашиот случај три и додека се погодевме сите три по малку да си поиграме се фаќаше ептен малку време. А што правевме ние глупите. Пребарувавме на гугл за пејачките од Планета . Глупи деца. Инаку првиот компјутер го добив кога започнав прва година. Тој ден кога го донесоа мислам дека ќе полетав од среќа. Дури и излегување откажав за да седам на компјутер. Сеуште немаше интернет ама си бркав по фолдерите, интересно ми беше . После една недела кога ни ставија интернет трчав од школо за да видам дали конечно го ставиле и си мислев дека никогаш повеќе нема да ми биде досадно со интернет. Па веднаш на гугл барај омилени серии, тогаш тоа ми беше забавно. Па после мсн, пријатели.мк беше актуелно. Ги разгледав сите можни кои ги познавам. Е да ми кажеше некој дека еден ден ќе седам на интернет и нема ништо посебно да правам немаше да му верувам .
Првиот компјутер го добив кога и мав 8 години. Цело време ја играев Марио. Немаше караници со сестрами, за тоа кој да седе на ком, бидејќи таа имаше 5 години. А интеренет ни ставија кога имав 10 ипол години. Пред мојот 11 роденден. Радоси радоси, сите пријатели на фб, дознаа дека имам интернет.
Kога имав 11 години,се секавам бев 5то одделение и чичко ми тогаш имаше купено нов компјутер и ние радосни со сестра ми абе пресрекни Hа компјутерот имаше една игра со жаби што требаше да скоаат од еден на друг лист и да бегаат од пајаци и една друга со еден мачор пират мислам беше и таа ми беше многу тешка,чичко ми дека живееше зад нашата кука,после школо само му досадувавме Tатко ми ни купи компјутер на 14 години,а другата годинa ставивме и нет
Ooo имав мислам околу 9-10 години, тоа би дошло некаде ’96 год. во нет кафе, а потоа од ’97 имав и дома, па ја усовршував солитер