Незнам колкава бев, 5-6 години можда. Мајка ми во фирмата имаше од тие белите, тоа мониторот што е боље да го рипнеш, него да го заобиколиш. И одма штом го видов, одма да испитам како функционира. Се мачев едно пола саат да го уклучам, па го викнав тато за да го стартува чудото. Тој се уклучува и јас ,како може вака еј, како го направиле, браооос. Фатив тоа маусот во раце, и како што ја мрдам раката, така мрдам со главата :geek: , ама си се испраксирав после. Почнав карти да играм, абре по цел ден пред тоа мониториштето. После, кога измислија лаптоп, првите ХаПе, вујко ми купи зошто му требаше за на работа. Со прстот ми се движеше маусот, немаше потреба да се уклучи во струја, абе одма шеми вртев. На сите се фалев дека сум седела на лаптоп, ама со додадени приказни. Се претварал и во робот, па читал и мисли, што ти знам не, а сироти децава од улица ме гледаат и ми се чудат. Јебига, се сум правела да сум центарот на вниманието
Пред 13 години, значи на 5 и пол години сме во добри односи со компјутерот... Како низ мал се сеќавам на мојот Windows 95
Јас прв пат на компјутер седнав пред 6 год.Тогаш имав 6 год.Исто и јас по цел ден цртан на paint,потоа со тек на временто научив се
Незнам точно кога,мислам имав 4-5 годинки. Имавме дома од тие „праисториските’’ компјутери. И по цел ден на Paint ,а потоа знам имавме и игра со Том и Џери.
На 5-6 години. Братучедите купија компјутер и знам дека по цел ден си играв една логичка игра со едно суштество што јадеше тревичка и требаше да смислувам како да избегам од бомби. Памтам на дискета беше играва. После тоа дојдоа и оние картици за интернет. Па ги шпиунирав братучедите додека се допишуваа на мирц.
Прв пат кога одев кај братучетка ми во Крива Паланка и ќе ни беше досадно викаше ај да одиме на интернет. И ај отидовме и му викаме на тој колку пари е интернет и се договоривме колку време и братучетка ми му вика ајде уклучи ни пеинт . Тек сега ми е јасно зашто се кикотеше тој така, а ние секој ден одевме да цртаме Ова одприлика беше кога бев 4,5 одд. а потоа во 7 одд. мислам, почнавме и со информатика во школо. Мојот прв компјутер пентиум 4 го добив пред околу 10 години во 7одд. а голем период го користев за пеинт, а после и за некои игрички кои ми ги носеше зет ми од работа, ( за возврат он поминуваше многу повеќе време на него играјќи фифа ). Иначе најинтересно ми беше кога мајка ми ми викаше ајде за што ти купив компјутер, седи учи на него. Интернет ставивме негде 4та средно кога бев. А претходно за мирц најчесто одев во интернет кафе, ретко кој имаше тој период дома интернет. Знам една другарка имаше 2 години претходно ставено интернет дома и сите и правевме листи со песни, па она ни ги симнуваше и ни ги режеше на цд (доживљај беше тоа )
Пред некој 15 год сигурно ...Во основно беше тоа ,незнам кое оделение бев дали 5-6 то имавме едни компјутери што само таму сум ги видела се смеевме дека биле од времето на хитлер
Во осмо одделение во школо. Тогаш многу малку од нас имаа дома компјутер, но кога тргнав прва година (значи на 15 години) решивме да купиме за полесно да учам информатика. Но прв допир со напредната технологија ми беше во 4то одделение....со Нинтендо!