Дома сме имале од секогаш компјутер. Татко ми е сметководител па нешто куцка цело време. Ни сам не знае што прави. Кога бев мала не ме ни интересирал ниту пак сум изјавила желба да го употребам. Единствено многу ме фасцинираше тоа што ќе се уклучи откако подолго време не го користиш компјутерот. Не знам како се вика. Првиот го доби сестра ми како подарок за матура. Значи јас сум била петто оделение тогаш и памтам се спремав за годишен математика, а пусто дете, ми се чепка, ми се плаче. Бев толку возбудена што додека она спиеше, учеше или не беше дома јас престојував кај неа дома. Во 6 сабајле играв Симс, а она спие ли спие. Една година или две подоцна ми го купија мене првиот компјутер. На старо.
Пред 6-7 години, на час по информатика.. За првпат цртавме во пеинт, се учевме прозорциве да ги намалуваме поместуваме и тд. После 1-2год. од ко заучивме нашколо на компјутери и дома ни купија , и од тогаш не сум потстаната од ком.
Па мислам дека бев 6,ако не се лажам,и тоа кај татко ми на работа.Такто ми после истиот компјутер го донесе дома кога бев 8 години
Мислам дека кога имав 6 години татко ми ми купи компјутер како подарок за тоа што си бев умничка. А и сестра ми беше бебе тогаш, татко ми на работа, мајка ми околу неа, да имам нешто да се занимавам да не се осетам запоставено
Прв пат прв пат...во шесто одделение на часови по компјутери. Ми текнува пуфлата ни наплаќаше по 100 денари од час буквално да правиме фолдери и ги шетавме низ десктоп.
Мислам дека бев 5-6 години тогаш, ако не и помалку. И тоа тогаш беше од они компјутери со големи дебели екрани хаха Всушност тој компјутер тогаш вредеше колку најмалку два сега, ама тој ми е прв компјутер и засекогаш ќе си остане прв.
околу 4 години, кога го купивме, и се плашев да стиснам на глувчето, а после кога се орасположив нон стоп играв една игра со диносауруси кои збираат некакви ствари..
Првпат седнав на 4-5 годинки,кај вујко ми на компјутер од оние старите. А мојот го добив кога завршив 3то одделение,на 9ипол години
Па првпат седнав на компјутер дома кога имав 5-6 год. мајка ми и татко ми, ми го купија ама знам дека од поновите компјутери беше, не тие како ''кутија'' хаха
Првпат мислам дека седнав на компјутер на 5 годинки, а мајка ми и татко ми ми купија мој сопствен компјутер на 7 годинки.
мислам дека имав околу 10тина години.Во маалото отворија играчница со неколку компјутери, па се играше GTA за 20че, 30че