Во 2 одделение мислам.. И цел ден цртај на Пеинт.. Што толку беше интересно се чудам И имаше една Изи игра, само на неа.. И после ми ставија интернет па ајде Барби игри,радувај се хах
Пред 5 години кога го купив компјутеров, поима немав ниту ако функционира ниту што е абдејт и слични раоти но со текот на времето научив мноху работи. Секако дека сеуште учам и свесна сум дека мноху нешта незнам но сега компјутерот е неразделен дел од мене, неможам да замислм ден без компјутер.
Леле ко ќе ми текне како се смеам.. Првиот пат на 5 години кај една другарка и имаше една игра со едно мече во ресторан шо ги служеше и ми беше многу интересна и цело време дома му велев да ми купат компјутер и година подоцна ми купија (секако, не само за играта) и отидов кај другарчето од комшиите да ми ја даде играта и она ми ја стави на диск (таа 8 години , јас 6 и тоа беше преку интернет, за симнување и затоа неможиш да ја играш преку ЦД али ние мали појма немавме што праиме) и јас целата пресреќна одам дома го пуштам ЦД-то да ја играм кога ми излезе ERROR , е тогаш кога сум почнала да плачам
аууу одамна било тоа... Мислам дека имав околу 9-10 години, моите ми купија ИБМ, и играв само Супер Марио на него. А интернет дома ми ставија на речиси 18 години... Сега се чудам како ли сум функционирала толку години...
Ми се чини дека бев некаде 1-2 одделение. Кај едни наши пријатели кои имаа постари синови, нон стоп играв трки со коли Едвај чекав кај нив да отидам на гости, како хипнотизирана бев, ништо друго не приметував околу мене
Хмм, па тоа беше на првиот час по информатика што го имавме во кабинет во основно. Сега незнам кое одделение точно се паѓа, не се сеќавам Седнавме пред компјутерите, пред тоа имав слушнато само за нив, никогаш немав видено а не па чепнато компјутер. И не седнаа по 2-3 на компјутер и наставничката праша Кој не знае да работи на компјутер? И само јас и уште некои деца кренавме рачиња Сите други напредни, знаете, се прчат знаат да отворат пеинт и да направат рефреш. И онака ко за прв пат ни кажа да нацртаме нешто што сакаме. Јас сум си по цртањето ама ми беше страв да го фатам маусот. И сиротово дете до мене што седеше имаше компјутер и го измачив значи. Јас наредувам, а он извршува наредби! -Права линија тука! ( и покажувам на екран) *детево црта некоја права линија* -Не таквааа, избриши тука! *детево брише* -Леле многу избриша, ај друго ќе цртаме! Значи го измачив во буквална смисла,после тоа не ми збореше
8 веќе го имавме ком.уште кога имав 6 гдини, ама на 8 почнав да се учам знаев смао пеинт да отворам и да го уклучам и исклучам,по цел дне цртав на пеинт
Прв пат пред компјутер седнав на 15 години на 4асот по инаформтика во средно.Дома ми купија компјутер на 17 години и многу бев срекна а сега на 19 години си добив и интернет и нов компјутер