Јас 16та недела и мислам дека го почуствував ама не сум сигурна прв пат мие и затоа незнам дали беше тоа или нешто друго не ми прави често така шо некогаш затоа и се двоумам... Дали од првиот ден кога го чуствувате мрда секој ден..
Јас мислев дека го чуствувам, но др ми рече дека тек 250 гр кога ќе било ќе можам. Сега на последна контрола беше околу 180. Но кај второротка може и порано. Сега ми вика дека од перисталтиката ми е тоа чувство од што се се поместува од зголемената матка бидејќи ми е прво.
Јас после 20та недела. Почнав да осеќам директ клоцање. Не осетив ни пеперутки ништо... Може зашто постелката ми е на преден ѕид.
Toa e toa.Od vreme na vreme ke osekas.Ne postojano.Kako ke raste bebeto taka poveke ke osekas.Udari,klocanje ehee
Зависи...јас првото во 17та недела го осетив а второво во 14та и некој ден, го препознав чувството нема утка дека е тоа сега сум скоро 18та и веќе и на рака однадвор друг може да осети
Девојки јас сум 21+3. За прв пат денес почувствував како да ме скокотка нешто во стомакот. Претпоставувам дека тоа е тоа?!
Јас оваа недела 17г.н. почнав да чувствувам како пеперутчиња, како скокоткање во стомакот. Веројатно то е бебето
18+1 ден најмногу мрда кога лежам, кога одмарам. Некој ден повеќе мрда, некој помалку го чувствувам. Дефинитивно најубавото чувство досега.
Јас искрено да ви кажам бебето го почуствував за прв пат кога се преметна и кога ми прекинаа мачнините во 7ма недела...и до тогаш се чуствуваме еднаш на ден до два пати...од прво не ни знаев дека е тоа пошо мислев дека ми игра нерв на стомакот, но кога зборував со мајка ми таа ми рече дека било бебето иако е сеуште мало, тоа било мајчинска чуствителност..иии така..незнаам дали е нормално тоа или не амаа чуството е преубаво...веке сум 9та недела и супер ни е само топлината ни смета ии промената на височини
Во 7ма недела е невозможно да се осети зошто да не речам уште екстремитети нема, точка е на ехо. Да не броиш 7ма недела од кога ти доцни па натака, така некако па поверојатно е ама сепак прерано
Јас мислам дека денеска го почувствував, додека бев на работа првин, а и сега пред малку дома. Баш како рипки да ми пливаат во стомак, како нерв некој, не знам како да објаснам. 16+6 сум денеска инаку. Мислам дека е бебето
Здраво на сите дали во 24 недела се осеќа нон стоп бебето јас го осеќам али не нон стоп и нелпас ме фаќа паника и решив да прашам тука незнам каде да го поставам ова прашање