Јас сум 16+1. Не сум сигурна дека е бебушот почувствував некое мрдање во стомакот на долната страна малку на десно. Незнам точно како да објаснам. На 2 пати баш како клоцање. Се надевам дека е бебушот.
И јас го осетив така-крај на 15та,и само како да ме клоцна нешто од страна ама кога бев легната на грб се осеќаше,вака во движење не
21 недела мислам дека бев кога бев сигурна дека го осеќам. Претходно 1 недела имав некое чувство како кркорење, ама си мислев си замислувам.
17та недела Не знаев дека е тоа тоа, се додека не стана почесто. И тоа само од десната страна го чувствувам.
Прв пат околу 16 недела ама не бев сигурна што точно чувствувам Околу 18-19 веќе бев сигурна дека е бебето Сега сме 23та недела и сме многу активни и играме во мешкото на мама
17+5 денеска и веќе сум убедена дека тие несигурни движења всушност е моето душиче, во моментов додека седам на работа силно почувствував бранови и клоцкање
Од 14 недела еве до утре сум 15 недела стомакот почна да ми кркори во пределот на папукот и од тогаш секој ден ми кркори не цела ден туку неколку пати на ден, претходно не ми кркореше вака, Викам цревата се некако ми е чудно, еднаш си мислам бебето е ама не ми се верува, рано е некако да е тоа. Што мислите вие што имате искуство веќе. Јас неможам да препознам што е точно. Се си мислам цревата се .
Рано е мила,цревата се сега и внатрешни гасови.Треба да има накај 200 гр бебуш за да го осетиш.За неколку недели ке те клоцка,стрпи се Јас првпат на 18+1 ја осетив,па следно беше во 19 та недела. И строго кога сум во мирување,при активност е тешко да се детектира таков удар дека е многу нежен
Jas prv pat go pocustuvav vo petokot navecerta spiev toa si mrdese stanav nemozev da zaspijam presrekna bev
19+3 ја сетив како пулс само так направи и толку, се стопив се расплакав од радост, сега веќе ја сеќавам убаво секој ден и тоа многу клоцкања не само так
И јас уште не сум сигурна дали тоа чувство на пулсирање е всушност клоцањето на бебчето отприлика колку пати дневно го чувствувате?
Јас кога осеќав само пулсирања не ги осеќав секој ден, туку еднаш на 2-3 дена. А сега кога почна да клоца обично е навечер и го чекам да се смири, па да заспијам. Прво ми беше слатко, а сега веќе станува непријатно и скокам. Дали беше лошо наместено не знам мада последните 2 дена е подобро, пак се вративме на 'слатко' и 'љуби га мајка'.
Првпат саглам го осетив 19+3 и бев сигурна дека е тоа. Работев нешто седната и осетив клоцање, тоа беше првпат такво нешто да почувствувам, поинакво од дотогаш. Претходно понекогаш како мравки и кркорење, но од 19+3 баш мавање. Сега не е важно дали сум јадена или не, си клоца ли клоца. Немирко мој